Search for content, post, videos

Промоција на лајфстајл магазинот INFINITY

Во понеделникот, на 19-ти декември, во Порта Македонија беше промовиран првиот македонски бесплатен лајфстајл магазин INFINITY.

Списанијата ТАА, ТОЈ, КОМПЛЕТНА и МОЈ ДОМ, изданија на издавачката куќа НАМПРЕС, од декември 2016 прераснуваат во INFINITY. INFINITY е списание со бесконечна понуда, бесконечни можности, бесконечна инспирација и содржини за целото семејство: мода, козметика, здравје, мајчинство, тинејџерски свет, забава, образование, деловност, автомобилизам, спорт, уредување на домот, туризам… INFINITY ќе биде достапно во одбрани кафулиња, ресторани и хотели низ цела Македонија, продавници за облека, салони за мебел, салони за автомобили, болници и други приватни здравствени установи, банки, спортски центри, амбасади, театри/концертни сали/кина/музеи, туристички агенции, авиокомпании.