Search for content, post, videos

16 години најдобар избор за средно образование

Приватното средно училиште САБА е основано во 2007 година во Скопје. Од 2008 има своја подружница во Битола, а од 2014 и во Штип. САБА е средно стручно училиште каде што учениците може да одберат на учат на една од четирите насоки: бизнис, право, информатика и туризам. САБА нуди еден различен модел на образование каде ученикот се концентрира на насоката која сака да ја учи. Покрај тоа што учениците во САБА учат само стручни предмети, тие имаат и практична настава. Дел од праксата се реализира во училиште, а другиот дел во компании каде учениците имаат можност да работат во реални работни средини и да го применат знаењето што го стекнале за време на часовите по стручните предмети. Ангела Неновска-Крстевска e координатор во приватното средно училиште САБА и открива зошто идните средношколци да ја изберат САБА за нивното средно образование.

“Бидејки училиштето САБА на учениците им нуди образование многу повеќе од само еден обичен час. Секој ученик во САБА во рамките на насоката која ќе ја одбере, ги учи само оние стручни предмети кои се потребни за таа насока. Така на пример, ако некој ученик сака да учи правна насока, не учи предмети како биологија, хемија, физика, туку се концентрира само на стручни предмети од областа на правото, како Трговско право, Казнено право, Право на ЕУ и сл. Учениците пак кои учат на бизнис насока учат маркетинг, on line маркетинг, претприемништво, меѓународен бизнис и тн. Ученици на насока информатика учат најсовремени предмети од областа на информатичката технологија, како графички и веб дизајн, програмирање, роботика, 3Д печатење и сл. Исто така секој ученик во текот на средното образование во САБА има практична настава во реални компании согласно насоката која ја учи. Учениците од бизнис насока одат на пракса во маркетинг агенции, осигурителни компании, туристички агенции, учениците од правна насока кај нотари, извршители и адвокати, учениците од информатика во програмерски компании, дизајн студија и тн.

Покрај праксата во компании во Македонија, секој ученик од САБА има можност да оди и на двонеделна пракса во некоја европска држава. Во текот на изминативе години испративме многу групи на ученици од САБА на пракса во Германија, Италија, Шпанија и Португалија. Таму работат во светски компании во кои се запознаваат со стручни лица и имаат можност да го применат знаењето кое го стекнале во училиште. Како најинтересни за учениците би ги спомнала праксите во автомобилските компании BMW и Porsche во Лајпциг, Германија и Seat во Барселона, Шпанија.”

 

 

Европски проекти

Во текот на една учебна година училиштето САБА работи на десеттина европски проекти од различни области: претприемништво и развој на бизниси, снимање видеа, програмирање роботи, дигитални алатки за настава, 3Д печатење, креирање паметни возила и тн.

“Само во првото полугодие од учебната 2021/22 година реализиравме 15 активности во рамките на Европските проекти и преку нив повеќе од 40 ученици и 20 професори имаа можност да одат на усовршување во некоја европска држава. За второто полугодие се планирани уште многу нови проекти преку кои учениците и професорите од училиштата САБА од Скопје, Битола и Штип ќе имаат можност да посетат обуки и работилници во Италија, Англија, Португалија, Унгарија, Грција, Бугарија, Турција.”

Дали секој ученик од САБА е вклучен во овие проекти?

“Секој ученик кој учи во некое од трите училишта на САБА може да се вкучи во некој од проектите согласно неговите интереси. Така ако некој ученик го интересира програмирање може да се вклучи во проектот “Generation coding the future”, доколку некој друг го интересира снимање видеа и филмови може да се вклучи во “Learning cultures via cinema”, оние ученици заинтересирани за бизнисот може да бидат дел од “School business alliance”. Можности има за сите ученици, само на нив останува да се пријават на конкурсите кои се објавуваат за секој проект. Интересот е навистина голем, па така за 4 места за ученици за учество на проектот во Португалија за 3Д печатење беа пријавени повеќе од 60 ученици. Но, секогаш ги охрабруваме сите ученици дека доколку не се избрани за еден проект, ќе бидат за следниот, бидејки целта е што повеќе ученици и професори да бидат дел од овие проекти и да стекнат европски искуства и размена на знаења со ученици од други средни училишта од државите низ Европа.”

За успешната реализација на Европските проекти, училиштето САБА неодамна ја доби и ЕИТА наградата (European Innovative Teaching Award), награда за исклучителни постигнувања со Еразмус проектите издадена од Европската комисија.

 

Учениците од САБА постојано учествуваат и на разни натпревари каде имаат постигнато значајни успеси. Литературни конкурси, спортски натпревари, како и натпревари од областа на бизнисот, правото и информатиката.

“Мислам дека на нашите ученици најинтересни им се натпреварите каде што обично се работи како тим од неколку ученици и се бара од нив да изработат нешто свое. Па така, минатите години разни групи на ученици од насока информатика креираа три свои различни ИТ системи и сите беа наградени. Една група на ученици креираа систем за детекција на штетни гасови во воздухот. Друга група на ученици работеа на креирање на систем за подобрување на ефикасноста на соларните панели. Овој проект беше награден за најиновативен проект. Следната година, друга група на ученици креираа сензорски систем за помош на лица со посебни потреби. И овој проект беше награден на натпреварот Предизвик за млади истражувачи организиран од Фондот за иновации. Исто така група на ученици од бизнис и правна насока работеа на развој на идеа од областа на социјалното претпиемништо, односно креираа центар за социјализација и едукација на деца со посебни образовни потреби. Оваа нивна идеја и проект кој подоцна многу успешно функционираше, беше наградуван на три различни натпревари и ја доби наградата за најдобар проект од областа на социјално претприемништво (Social Impact Award). Уште еден наш интересен и награден проект е проект од областа на истражувачко новинарство во кој група на ученици работеа на истражување за причини за насилството меѓу младите во училиштата низ Скопје и начини како тоа да се спречи или намали. Имаме уште многу наградени проекти низ годините и навистина ми е мило што учениците секогаш имаат интерес да се вклучат во нешто ново, да истражуваат, да иновираат, а преку тоа да учат и да напредуваат.”

На пракса во компании во Македонија и во странство