Search for content, post, videos

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД СОВРШЕНОТО УЖИВАЊЕ СО “PICKALBATROS”

Доколку го забележите името „Pickalbatros“ во Египет, бидете сигурни дека тоа е синоним за перфекција, луксуз, беспрекорна услуга, удобност и уникатно поминато време. И секако, нема да згрешите ако одберете еден од нив. Тоа е ланец на хотели кој е совршено адаптиран на потребите од гостите. Секој ресорт опфаќа различна клиентела и зрачи со совршенство.

Во Хургада има девет ресорт од ланецот на Pickalbatros, а во Египет овој бренд е распространет уште во четири градови. Ние ќе ве запознаеме со три ресорти во Хургада, а тоа се “White Beach Resort”, “Albatros Palace Resort” и “Dana Beach Resort”.

Ние бевме дел од ова совршенство и сето тоа немаше да го доживееме доколку не беше Г-динот Киролос Басили, асистент менаџер за продажба на Pickalbatros. Тој со своето менаџирање ни овозможи одблиску да се запознаеме со сите поволности кои овој ланец на хотели ги нуди. Неговата професионалност и исполнителност претставува вистинско огледало на сето тоа што може да го најдете во Pickalbatros ресортите. 

Секогаш скромен и беспрекорно харизматичен и љубезен, ни одговори која е неговата најголема среќа во професијата:

“За нас најголемо признание на успех се нашите задоволни гости. Кога си среќен во својата професија и го работиш тоа што го сакаш, неминовно е дека ќе има голем успех. Не е ни малку лесно да се постигне сето тоа, но кога ќе го видите задоволството кај гостите и нивното повторно враќање во нашите ресорти, тоа е најголема сатисфакција”.

“White Beach Resort” е уникатен и современ хотел чиј совршен ентериер ќе ве остави без здив. Распространет на голема површина, нуди секакви задоволства и константна забава. Има вкупно 473 соби од кои 411 се стандардни соби, 54 јуниор апартмани со поглед на базен или море и 8 апартмани со поглед на море. Секоја од собите и апартманите се пространи, опремени со врвна технологија и мини бар.

За здодевност нема простор, бидејќи тука забавата нема крај. Почнувајќи од шесте базени од кои четири се за деца, многубројните лизгалки на нив за возрасни и за деца, до детско игралиште, водени спортови, билјард, одбојка на плажа, мини голф, спа и фитнес центри и многу други задоволства кои им се достапни на гостите. Ова е место кое ќе ги задоволи сите ваши очекувања и каде максимално ќе се релаксирате.

Секако, со сигурност ќе уживате максимално и во храната бидејќи овој ресорт изобилува со 5 ресторани со меѓународни кујни. Тука има за сечиј вкус по нешто како што се Италијанската, Азиската, Ориенталната кујна… Баровите само го надополнуваат врвното уживање и ви нудат освежителни мигови во ова мондемско место.

Совршена храна, беспрекорно љубезни вработени, услуга на највисоко ниво… Постои изрека која вели- Кој еднаш стапнал во Египет, неговата душа ќе копнее да се врати повторно. Но, тоа можам да го потврдам и за „White Beach Resort“. Задоволството ќе го почувствувате уште од самото влегување во овој ресорт, а како ќе го откривате секое катче од ресортот, се повеќе ќе станувате зависни од неговата фасцинантна убавина.

“White Beach Resort е местото кое остави толку живи спомени во моето сеќавање, што морав да се вратам повторно. И секој пат, со нови импресии, нови задоволства и радости ми го надополнува срцето. Каде и да одам низ светот, овде, со сигурност, секогаш ќе се враќам.”

Albatros Palace Resort” е поинаква приказна. Тука природата го оставила својот печат. Големите палми, прекрасните пространи тревници и уникатните аранжмани и цвеќиња му даваат поинаков шарм на ова место. Ова е фамилијарен ресорт, но истовремено и совршено место за парови. Ресортот нуди многубројни активности и бескрајна забава. Располага со вкупно 621 соби од кои 593 се стандардни, 20 фамилијарни и 8 апартмани.

Сите соби се уредени со луксузен мебел во Арапски стил и ги имаат сите потребни елементи за секојдневно функционирање на гостите. Во суштина, овој ресорт нуди целосно уживање во пријатен амбиент и перфектната услуга и гостопримливиот персонал само го надополнуваат сето тоа. Како и сите други хотели на Pickalbatros, така и овој, нуди голем избор на меѓународни кујни и голем број барови, така што ќе можете да уживате максимално.

Ова е местото каде што ќе чувствувате беспрекорна слобода. Згрчени во реалноста, честопати забораваме на своите соништа. Патувањата се најубавото нешто што еден човек може да си го дозволи и најголемиот подарок кој може во целост да го доживее. И токму затоа, секогаш треба да одбираме посебни места каде ќе создаваме нови спомени.

Со сигурност, ова е најдобриот ресорт кој има посебна, маѓична енергија, каде уживањето ќе биде ваша единствена обврска. Прекрасната тиркизна вода од незаменливото и најшареното море, огромната, густа природа и звукот на брановите, помешано со вашето уживање создаваат нирвана од емоции.

Pickalbatros се синоним за иновација, беспрекорност, извонредна експанзија и целосна посветеност. Тие ја трансформираат енергијата, се околу вас станува позитивно и заборавате на секојдневието. Деновите се местат како шаховски фигури, возбудата постојано расте и се што треба да направите е да му се препуштите на моментот на уживање. Дефинитивно, ова е вистинското место за тоа.

И затоа, целосно заслужено, Pickalbatros е веќе долги години на врвот и сигурен доказ дека зачувувањето на совршени моменти бара многу вложување со мисла, креативност и срце. И токму тоа го чувствувате овде. Дефиниција за одличен хотел е место каде што би останале засекогаш. Место кое го чувствувате како дом. Кое не ви дозволува да си одите. Кое ви буди носталгија кога го напуштате… Тоа е дефиниција за овој ресорт кој го претставува срцето на гостопримството, енергија- целосно фокусирана само на вас.

“Albatros Palace Resort е спој на совршена природа, убави градби и прекрасна глетка кон фасцинантното Red Sea. Никогаш не успеав доволно да му се восхитувам на ова место, бидејќи и никогаш немав доволно време за да ја доживеам целосно убавината која ја нуди. И секогаш одново се враќам, но никогаш не е доволно, за да ги заситам страстите кон него. И сега сфаќам, зависноста од ова место нема да заврши никогаш”.

И за крај, ви го препорачуваме “Dana Beach Resort”. За разлика од сите други ресорти кои Pickalbatros ги има во Хургада, овој ресорт има посебна магија и кој еднаш дошол тука, со сигурност ќе се врати повторно. Затоа овој ресорт е најмногу посетен од гости кои што веќе еднаш биле во овој ресорт. Тука ќе сретнете и такви кои што биле и повеќе од пет, десет, и повеќе пати и повторно се враќаат на ова место. Ресортот изобилува со луксуз, комфорт и преубава природа. Но, тоа што го прави ова место посебно е широката и магична лагуна. Пловејќи по неа, вие ќе почуствувате како да сте во некоја бајка, барем за момент. На крајот на лагуната се наоѓа плажата. Навистина, сите три ресорти излегуваат на преубави песочни плажи, но плажата на Dana Beach Resort и прекрасниот залив будат уникатно и незаборавно чувство.

Овој ресорт има 866 соби, вклучувајќи 463 стандардни, 360 супериорни, 35 фамилијарни, 4 јуниор амартмани и 4 апартмани. Секако и овие соби се луксузно и врвно уредени и опремени. Секоја соба нуди совршено уживање, а тимот на Dana Beach Resort  ќе се потруди воопшто ништо да не ви недостига. 

Совршено место кое со својата беспрекорна услуга го освојува секој посетител. Љубезноста и ефикасноста на персоналот е нешто што ќе направи да се чуствувате пријатно и добредојдено. А многубројните ресторани и барови се посебен сегмент. Тука вашите сетила ќе искусат нешто што неможе да се опише со зборови, туку само да се вкуси и доживее. Затоа, не двоумете се и препуштете му се на ова нереално и волшебно доживување и достигнете нирвана од луксуз и комфорт.

“Dana Beach Resort е мојата омилена Венеција, мојот омилен дел од соништата, местото во кое се заљубив на прв поглед, кое ме освои и ме натера да немам мир додека не се вратам повторно. Ова е мојата најчиста емоција, каде и храната беше експлозија за моите сетила. Ова е мојот спокој, а истовремено и немир на мојата душа, бидејќи никогаш во целост не можам да го поседувам. Ова е мојот рај на земјата и моја огромна љубов. Ова е ветување од Бога дека секогаш ќе има место каде ќе можам да си ја одморам душата, да го скротам срцето и да ги исполнам очите со прекрасна убавина”.

Надица Пушкоска