Search for content, post, videos

БОЖЕНСТВЕНО БУДЕЊЕ

Нашата аура е како магнет кој привлекува делови од туѓата енергија и емоции. Тие можат навистина да направат пречки во нашето живеење и без оглед дали се позитивни или негативни, тие не ни припаѓаат нам. Затоа, неопходно е да се исчисти нашата аура од сите енергии и вибрации за подобар квалитет на нашето живеење. За тоа постојат многу техники, а една од најдобрите е Реики каде се користи универзалната животна енергија за исцелување. Анета Митовска- учител за многубројни Реики стилови, ќе ни пренесе дел од љубовта за животна радост.

За себеси и Реики- енергија која постојано се усовршува…

Покрај тоа што сум Учител по Реики и негови многубројни стилови, присуствував на многу семинари, курсеви и предавања за човековата природа, духовност и живот. Моја желба е да го споделам со вас она што го знам и научив не само во училишта од различни насоки, туку и од најважното училиште- училиштето на животот. Сакам да ви користи на сите во будењето на свеста и ширењето на Светлината на Земјата, за да станеме подобри, посвесни и похумани луѓе кои создаваат Рај на Земјата.

Каде може да се најдат Реики обуките?

Овие обуки се достапни во „Здружение Реики Македонија„ кое се наоѓа во центарот на градот Скопје, при што за стекната Реики обука се издава одобрен сертификат од страна на Министерството за здравство на Македонија кој е меѓународно признат.

Работата на себе ја менува нашата временска линија

Кога работиме на нас самите се движиме кон транзиција, односно се преселуваме во нов временски распоред, со цел да ја разоткриеме вистината која лежи во нас, да си дадеме можност за подобра иднина, да ја прошириме светлината од нас и да делуваме на нашата околина. Реики е дар на виталност и самоодржување, кодирано во генетскиот состав на сите Божји суштества. Тоа е поврзаноста на повисокото Јас со Унверазалната енергија што го движи животот на сите живи суштества. Со практикување на техниката Реики, повторно ги обновувате вашите природни способности да си помогнете себеси и на другите и ви дава до знаење што е подобро за да водите среќен и исполнет живот.

Реики третманите потполно ја менуваат енергијата и рамнотежата на животните ситуации

Токму затоа и јас се одлучив да тргнам по патот кон самоспознавање, на патот да ја пронајдам љубовта која лежи длабоко во мене. Тој пат на личен раст и развој за мене не беше ниту малку лесен. Веќе десет години ги практикувам Реики методите, благодарејќи на мојата мајка наидов на овој пат за кој немав ниту едно познавање, но знаев дека тој пат е она што мене навистина ми беше потребно и кој ме донесе до Боженственото. После толку многу борби со самата себеси, со околината околу мене, часови и часови поминати во медитација, толку многу солзи (и солзи радосници, секако), можам да кажам дека ја чувствувам Божјата енергија секаде околу мене. Тоа повисоко Јас, ми подари безброј безусловни насмевки кои ми помогнаа да се прошири светлината и да се разгори љубовта во мене. И ете ме, сега Реики е мојата љубов.

Реики е чиста безусловна љубов и радост која ги доведува до смирение сите кои ја искусуват. Реики всушност е највисока и најдлабока вибрација на животот.

Колку повеќе работите со Реики толку поинтуитивен ќе стане вашиот живот. Вашите енергетски вибрации ќе се зголемат и ќе почуствувате нова радосна конзистентност во вашиот живот. Наместо да бидете под стрес поради работите кои секојдневно се случуваат, како што е сообраќајот, состаноци, тешка професија, интервјуа, посета на доктор, чекање ред, желбите на вашите деца и вашите семејни одговорности… дозволете Реики да влезе во вашиот живот и да стане нов начин на живеење.

Самоисцелување- најдобар начин на функционирање

Самопомошта е почетна точка за личен развој и запознавање на самите себеси. Реики не е само една алатка за самопомош, исто така носи заштита, превенција и лична трансформација на сите нивоа. Како што напредувате на вашиот нов пат, неизбежно е да ги победите сите пречки и препреки во вашиот живот, но ќе најдете ново чувство на рамнотежа и мир насекаде околу вас. Самоисцелувањето носи благосостојба и мир, а тоа е најскапото чувство на светото кое не може да се купи. Кога ќе го победите стравот, вие всушност се согласувате на сплотување со природата. Тоа е неверојатно голем чекор кој води до победа врз негативното.

Значењето на РЕИ- КИ

Реи значи универзален, сеприсутен – присутен насекаде во исто време. Значи духовна свест, сезнајна мудрост од Бога и повисокото Јас. Ки е нефизичката виталност која им дава живот на сите живи суштества. Многу култури ја разбираат и препознаваат важноста на Ки енергијата и како таа влијае на нашиот живот и благосостојба.

Блокираната енергија креира препреки кои ја успоруваат или целосно одбиваат животната радост

Кога сте под стрес, уморни или несреќни, ќе бидете повеќе подложни на болести, бидејќи вашата Ки енергија е ниска. Вашиот став ќе биде генерално негативен и ќе биде потешко да се справите со предизвиците на животот. Реики е клучот што ги отвара оптималните способности на телото. Во телото има седум главни енергетски центри кои го контролираат протокот на универзалната животна сила. Тие се нарекуваат чакри. Секоја чакра е одговорна за снабдување на енергија на одредени делови од телото. Кога тие се блокирани или затнати, телото се разболува, а протокот на енергија се разредува. Реики е постојано присутен во нашите тела. Ова значи дека секој може да ја искористи оваа длабока, вградена, интелигентна енергија за самопомош. Реики треба да се прифати универзално како природен третман за нашето тело, дух и ум.

Зошто токму сега е вистинско време да се свртиме кон себеси, да ја направиме таа транзиција на раст?

Бидејки енергијата во 2022 година се преместува на следното вибрационо ниво кон Творецот и сите треба да бидеме спремни заедно со Бог да креираме нов свет, нови ние и свој нов живот! За да си дадеме помош на себеси, мора да се разбудиме. Тогаш треба и да ги отстраниме сите непријатели како што се сомнежи, стравови, ветувања, отсуство на верба во себеси и верба во тоа дека го заслужуваме најдоброто и дека сето тоа можеме да го добиеме. Помислете на старата изрека „Посакајте и ќе добиете; Побарајте и ќе најдете; Чукнете и ќе ви биде отворено„.

Нашите предци живееле во склад со природата и биле многу повеќе свесни и спокојни од модерниот човек денеска. Процесот на енергетско чистење започнува само со една цврста одлука за промена

Луѓето кои применуваат Реики и нови Светлосни енергии се заштитени од се. Живеат подолго, знаат што сакаат, изгледаат младо, делуваат продуктивно и го постигнуваат она што го замислиле. А кога е во прашање здравјето, тоа е добро заштитено при примена на Реики и новите Светлосни енергии. И токму тоа е причината зошто се повеќе луѓе започнуваат да работаат со високи вибрациони енергии, да се спознаваат себеси и да медитираат во Светлосен проток. Да се соедините со својата Душа во љубов и да и овозможите нејзино ослободување од тешки програми, од секоја болка која ја искусила и ја сочувала длабоко во себе, тоа е неверојатно. Поклонете и на својата душа енергетско Боженствено будење.

Реики порака…

Замислете дека имате дозвола да бидете среќни и вистински да уживате во својот живот. Замислете дека живеете така што ќе можете без страв да ги изразите вашите соништа. Замислете дека можете да живеете во состојба на блаженство, состојба на милост, во рајски сон. Но, за да го доживеете тој сон, прво морате да сфатите што значи тој! Само љубовта може да не донесе во таа состојба на Блаженство, а состојбата на блаженство не води кон Боженствено будење.

Надица Пушкоска