Search for content, post, videos

ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ОСВОИ СВЕТОТ СО СВОЈАТА ХАРИЗМА -КРИСТИЈАН ИЛИЧИЧ

Ако сте љубители на патувања, адреналин и многу возбудливи, но и ризични нешта, тогаш со сигурност ви е познато името Кристијан Иличич, човекот кој го освои буквално целиот свет преку Инстаграм и стана еден од најпопуларните и најхрабрите ликови преку своите патувања

За почетоците…

На мои 16 години покренав портал кој после неколку години беше меѓу првите 5 на Гемиус и со тоа „налетав на радар“ на една тогаш многу голема регионална издавачка куќа. Одлучија да го купат порталот, а јас останав да работам хонорарно за него и паралелно со тоа и студирав. После дипломирањето (стручен специјалист инжењер по информатички технологии) се вработив во таа издавачка куќа. Навистина имав стреловит успех, многу брзо станав директор на дигиталниот сектор и за цело тоа време непрестано патував.

Првото големо патување го остварив на 19 години, кога поминав повеќе од два месеци во југоисточна Азија. Патував најчесто со брат ми и тоа беа моментите кога се заљубив во далечните, егзитични дестинации и општо во таквиот стил на живот. Денес имам дигитална агенција, повеќе од 100 посетени земји позади себе, бројни награди, а оваа година ја отворив и туристичката агенција Номадик Травел.

Моментот кој беше пресуден во животот…

Во еден момент сфатив дека работата која ја работам тотално ме гуши и ми сметаше помислата да не го живеам животот што отсекогаш сакав да го живеам, знаев дека тоа не е мојата мисија на земјата и одлучив да го прекинам тоа чувство кое беше измачување, на некој начин. Беше навистина голем ризик да се направи тоа, но едноставно не можев поинаку. И никогаш не зажалив за таа одлука.

Патувањата секогаш нудат совршени дестинации за уживање, но понекогаш и мали разочарувања…

Тешко ми е да се одлучам за една дестинација. Од сентиментални причини, Тајланд ми е многу драга дестинација бидејќи беше прва, голема, егзотична дестинација, но после тоа се заљубив и во Америка. Моментално Венецуела ми е најблиску до срцето. Таму стекнав прекрасни пријатели и го допрев Angel Falls. Таму се чувствувам навистина добредојден и секогаш поминувам незаборавни моменти. Од друга страна, премногу ме привлекува Блиски Исток, тоа е таа мистика која навистина ме обзема постојано. Но, не можам да кажам дека таму се чусвтвувам како дома. Се е поинаку, се е мистериозно, но сепак чувствувам голема љубов према тој дел од светот и луѓето кои живеат таму.

По карактер сум секогаш отворен и оптимистички расположен кон сите, така што ретко кога нешто умее да ме разочара. Затоа, не би можел да издвојам некоја конкретна земја која не ги исполнала моите очекувања- повеќе би рекол дека ме разочарале постапките на некои луѓе. Не ми е драго кога некој ме лаже, сака да ме изманипулира за пари, кога сака да ме украдат… не сакам кога не знаат убаво да разговараат туку ја акцентираат својата фејк моќ. Сепак, сите разочарувачки искуства никогаш не биле поголеми од убавините на земјата која ги нуди.

Андреа е љубовта, но и најголемата подршка во животот со која патувањата се секогаш поубави…

Не сакам да бидам сам, секогаш ми е поубаво да патувам со неа. Сепак, не можеме секаде заедно, пред се затоа што некои дестинации сепак се опасни и би бил навистина загрижен за неа и нејзината безбедност, а со тоа и би бил помалку фокусиран на она што го работам. Инаку, Андреа е мој идеален сопатник. Неа никогаш не и претставува страв да гази со мене по длабока кал, да спие во џунгла или да се качува на вулкан, а сепак сака и да ужива на некои луксузни места и дестинации. Сака баланс, како и јас.

Патувањата се најголемиот и најпозитивниот влог во себеси, но од друга страна- средување визи, документи, чекање, папирологија и големиот притисок од инстаграм следбениците кои постојано очекуваат нешто ново…

Најнапорно ми е токму тоа- чекање визи, разни одобрувања, писма за препораки, барање 150 дозволи за влез во земји, одобрение за дрон, а во последно време најголема нервоза и напор ми создава ПСР тестот, што верувам исто и на другите кои патуваат. Но, и тешкото може да биде навистина убаво понекогаш. Секако дека е најубаво да се патува мирно без проблеми и да се бараат места и кадри за фотографирање и снимање, за да се долови соодветниот момент, што не е секогаш ни тоа лесно. Но, тоа е нешто во кое јас уживам. Исто така, не ми претставува проблем (иако временски знае да биде навистина напорно), да објавувам видеа и интеракции со пријателите на инстаграм. Ги сакам, среќен сум што го ценат мојот труд и тоа секогаш ми дава крилја да работам и понатаму.

Македонија на листата на желби…

До сега имам посетено повеќе од 100 држави во светот, но во Македонија сеуште не сум бил. Секако, планирам да ја посетам и да посветам малку повеќе време во истражување на оваа прекрасна земја.

Неколку години по ред е THE BEST TRAVEL BLOGGER и успешно се држи на врвот… за себе, но и за своите обожаватели на социјалните мрежи

Почнав да патувам првенствено поради себе и огромната желба за патување и да посетам што е можно повеќе од светот. Првите патувања не ги ни објавував вака детално како сега. Имам многу снимки и фотографии, но тогаш друштвените мрежи не беа толку актуелни и влијателни како сега. Со тек на време, сето тоа почнав да го поставувам на инстаграм, а кога видов како реагираат луѓето на моите видеа и фотографии, почувствувам потреба да продолжам да го правам тоа. Имав чувство како да не патувам само јас, туку и тие преку моите видеа. На крајот, сето тоа се претвори во професија, но и ден денес можам да кажам дека пред се, со оваа професија се занимавам и патувам заради желбата и потребата за патување и секако, би патувал дури и да нема друштвени мрежи.

Позитивната енергија и огромната желба се услов за исполнување на секоја визија. И сите тешкотии и стравови стануваат само поттик за напред…

Едноставно, таков сум по карактер. Пораснав во здраво себејство кое веруваше во мене, секогаш бев исполнителен, позитивен и никогаш ништо не ми претставуваше проблем. Таков сум. Нема откажување, секогаш одам напред. Не ми е воопшто тешко, тоа е мојот живот. Секако дека некогаш се плашам. Имаше ситуации кога кои мислев дека е готово, на пример, кога мене и на брат ми ни влезе војска во соба на сред ноќ во Етиопија, кои беа во потрага по кој знае што. Не знаев што се случува и едноставно помодрев од страв. Но, сето тоа се заврши добро. Такви нешта никогаш не ме одвраќаат од моите планови, така што и Етиопија после тоа ја посетив повеќе пати. И секогаш ќе ги следам своите желби, а особено сум благодарен што имам беспрекорна подршка од моето семејство и од Андреа.

Лудориите се секојдневие на Кристијан без кои не може да помине ниту едно патување…

Најлудото нешто кое сум го направил е кога го поминав пола свет за да ја изненадам Андреа во Америка за нејзиниот роденден. Таа приказна набрзо стана вирална и на некој начин беше почеток на нашата дигитална агенција. Но, ако тоа го тргнеме на страна, најлудо нешто кое сум го направил (во смисла, најопасно) е кога во Афганистан се одлучив за роадтрип во подрачје кое го контролираа Талибани. Ете, тука бев навистина многу уплашен.

Има уште многу држави кои сака да ги посети. Мали и Буркина Фасо се едни од тие, а потоа и целиот Пацифик. Никогаш доста од убави желби и соништа…

Не запирам тука, секако. Светот е едно прекрасно место за истражување, зошто би биле само на едно место. Иако во иднина се гледам себеси во Хрватска, сепак секогаш би бил на некое патување. Го сакам светот, ги сакам луѓето, но и животните… мислам дека тоа се гледа на моите видеа, никогаш не сум поминал само така покрај куче, мачка, игуана, слон, анаконда…

Откажувањето никогаш не добило ниту една битка… но, упорноста да, секогаш.

Најважно е да се започне било каква акција, мал чекор, ама чекор. Еднаш кога ќе го реализирате вистинското нешто кое ви претставувало огромна желба, тоа ќе ви даде поттик за нешто повеќе, а потоа ќе ве носи кон се поголеми успеси. Немојте да се откажувате од нештата кога ќе станат тешки, немојте секогаш да се задржувате во конфор зоната. Поттурнете се себеси. И правете го тоа почесто. Немојте да се сплотите со секојдневието, затоа што тогаш се ќе помине покрај вас, а вие нема ни да забележите. За мене, кога бев дете, Турција беше далечен и егзотичен свет од кој помалку и се плашев. А потоа, мое прво „егзотично„ патување беше токму Истанбул, на неколку дена со мојот брат. Така започнав. Потоа бев на две неделно организирано патување во Тунис. Дури после тоа заминав на патување во југоисточна Азија. И така, се подалеку низ светот… и се помалку беа препреки. Тоа е секогаш така- мали чекори, ама чекори. Никогаш стоење на едно место. Само така доаѓа загарантиран успех.

Надица Пушкоска