Search for content, post, videos

Дерма Плус за убава и здрава кожа

 

Кожата е најголемиот орган на човекот и бара огромна нега и редовни прегледи, бидејќи живееме во време каде е изложена на негативни влијанија кои и штетат. Др. Коста Цветковиќ, специјалист дерматовенеролог, сопственик на Дерма Плус, со своето над 30 годишно искуство, говори за најчестите проблеми со кои се соочуваат луѓето и како најлесно да се заштитиме од болести

 

 

Проблемите со кожата не се едноставен процес. Покрај естетиката, бараат и навремено лекување и правилно третирање…

Дерматовенерологијата е опсежна гранка на медицината која покрива секаков аспект од изгледот и здравјето на кожата на луѓето. Патологиите се многу како и естетските предизвици со кои се соочуваме ние како специјалисти, но ако мора да посочам на нешто тогаш би рекол дека акните и полово преносливите болести се оние за кои најмногу ми приоѓаат. Освен тоа, како поактуелна тема се и ботоксот и дермалните филери, за кои има голема заинтересираност и желби за ординирање. Имаме современи методи за најлесно третирање на бори, кои се брзи, ефикасни и даваат одлични резултати. Борбата со борите е секојдневие, па така се посовремени се методите кои се применуваат и кај кои нема потреба од оперативни зафати и секако е поуспешна метода од хемиските пилинзи и останатите методи на “пеглање” на борите околу очите, устата, челото…

 

Секојдневните проблеми во пракса…

Флеките од сонце, лузните од акни и слични патологии се чести во праксата и како долготраен проблем најдени се соодветни методи за нивно успешно лекување. Флеките од сонце се јавуваат како пореметена секреција на пигментот меланин кој има за задача да ги заштити младите кожни клетки од подлабоките слоеви на епидермисот. На тој начин се создаваат повеќе честички од што е потребно и на тие места прават карактеристична хиперпигментирана дамка која претставува естетски проблем. Нивниот третман оди преку специјализирани киселински коктели и мезотерапија за да се разбие меланинот. Како опција за лекување се зема и фототермотерапија со ласерски зрак.

Лузните од акни се многу честа појава и за нив, во принцип, се применува мезотераписки третман со дермапен како и PRP (platelet rich plasma) со цел да се отстрани лузното ткиво и да се замени со младо, ново кожно ткиво. Освен тоа, постојат и ласерски “resurfacing” третмани со CO2 ласер, но овој третман е доста болен и бара згрижување во болнички услови.

 

Дерма Плус со својата најсовремена технологија успешно се справува со сите “болни” состојби на пациентите…

Во нашата пракса имаме многу пациенти со различни проблеми. Секојдневно се соочуваме со израстоци, брадавици, сомнителни бемки, HPV брадавици и слично. Многу од нив скаат тоа да го решат од естетска страна, но кај некои од нив знае да се искомплицира состојбата па мора да се реаѓира. Тоа се постигнува со користење на прецизна алатка која користи концентрирани радиобранови за брзо и трајно решавање на овие состојби и сето тоа се постигнува без болка, крв и брз период на заздравување. Освен тоа, се користат и специјализирани киселини за отстранување на калуси (жулеви на стапалата и рацете) како и препарати со кои се спречува повторно појавување на сите типови на израстоци на тоа место.

 

Болести на коса… 

Оваа тема е една од најсензитивните бидејќи косата е неизбежен дел од убавиот изглед на секој човек. Сите пациенти кои имаат случај на андрогена и ареатна алопесија, мора да користат најсовремени шампони и препарати, како и работа со PRP (platelet rich plasma). Овој версатилен метод вклучува вбризгување на рафинирана крвна компонента (плазма) кој има потентно репаративно и регенеративно својство, а со тоа и подобрување на целата филозофија и имунологија на скалпот и евентуално враќање на фоликулите и самодовербата кај овие пациенти.

 

Бемките бараат посебно внимание, следење и редовни прегледи…

Бемките се чести промени на кожата кои настануваат, во најчест случај, при реакција со УВ зраци од сонцето. Има секакви форми и варијации, но она за што секој од нас би требало да се информира во врска со ова прашање е малигноста или бенингноста на промената. Првиот чекор во испитувањето е да се земе анамнеза од пациентот со цел да добиеме информации за староста и промената и дали имала промени во “однесувањето”, односно крварење, чешање, пецкање, перутање, појава на крви садови и сл. И потоа се пристапува кон визуализирање по лупа со цел да се оцени микроструктурата на самата промена. Ова се нарекува дерматоскопија. Доколку се процени дека една промена е сомнителна или малигна, тогаш се отстранува во најбрзо можен рок.

 

Испитување на сексуално преносливи болести и нивно лекување…

Оваа тема е доста честа бидејќи секогаш ќе постои популација која е неедуцирана во поглед на СПБ, па од тука е и честата застапеност на болестите. Најчеста СПБ е кламидијата, пратена од ХПВ, херпес инфекциите и потоа доаѓаат гонореја, сифилис, срамните вошки и СИДА. Најголем број од овие болести се идентификуваат клинички, преку преглед од лекар дерматовенеролог. Како потпора и верификација кај одредени болести може да се направат и дополнителни испитувања, со цел да се утврди за кој подтип на болеста станува збор и да може да се даде соодветна терапија. Лекувањето оди веднаш и дирекно со модалитети кои вклучуваат фармаколошки лекови, но и третмани за физикално отстранување на промените кои се дел од клиничката слика на болеста.

 

 

Како да се подигне свеста кај луѓето за подобра заштита на кожата, внимателна нега и редовни прегледи…

Едукацијата е најважна за превенција на многу кожни болести, секако со исклучоци. Дерматологот тука доаѓа до израз, не само како лекар туку и како едукатор. Секогаш мора да биде достапен за пациентите и да им посочи дека правилната едукација не може да дојде од интернет форуми или од анонимни и медицински необразовани личности, чие непознавање од областа може да донесе проблеми и несакани исходи. Свеста на населението треба да оди под рака со културата и здравите навики. Како што редовно се посетува гинеколог или забар, така и дерматологот треба да биде посетуван со цел да се провери состојбата на кожата и сите нејзини промени. Колку навремено тоа го направите, толку подолго ќе може да уживате во својата здрава и блескава кожа.