Search for content, post, videos

Кога се патува со најдобрите

Филип Стефаноски, е сопственик и генерален директор на DMC Balkans Travel & Events, македонски рецептивен тур оператор за Македонија, Балкан и централно-источна Европа. Филип Стефаноски својата долгогодишна кариера во секторот туризам ја започнал пред повеќе од 13 години, а денес се смета за лидер и креатор на туристичките трендови во Македонија и регионот.

Годишно неговата компанија носи  над 20.000 странски гости пред кризата со пандемијата, но како што и самиот вели, нема откажување продолжуваме до посакуваната бројка од 50.000 гости во Македонија и Балканот, и над 500.000 ноќевања, оваа криза само ќе ги охрабри и мотивира да работат уште поквалитетно и помотивирано.

 

 

Филип е активно вклучен во туризмот како на национално така и на меѓународна сцена. Активно учествува во бројни организации и здруженија за развој и промоција на туризмот во Македонија. Долгогодишниот личен труд и работа, но и на тимот на DMC Balkans Travel & Events потврден е и од светската туристичка асоцијација со три награди за најдобар рецептивен тур оператор во Македонија за 2018, 2019 и 2020 година.

 

Со години сте лидер во инкаминг туризмот на пазарот на Индонезија, Малезија, Сингапур, Турција и други држави. Што е тоа што најмногу ги привлекува туристите од овие далечни земји да ја посетат Македонија?

Како компанија целиме доволно високо, никогаш не поставуваме реални цели, тие секако постојат во животот, поставуваме повисоки цели од вообичаените, затоа и направивме успех на Азискиот пазар, каде квалитетот и трудот се етика на работата и се ценат. Во 2018 отворивме сопствени претставништва во Индонезија, Малезија и Сингапур со претставници од овие држави каде направивме одлична презентација на Македонија и Балканот и вроди со резултат. Цените на пакетите се достапни и финансиски атрактивни, но секако менаџирањето и убедувањето на нашиот тим во тие држави, и високите стандарди кој ги поставивме се дел од успехот да ги доведеме гостите од овие држави на Балканот. Балканот е нова дестинација за нив, убавините и историјата со кој располага овој регион оставаат голем впечаток и од година во година бројот на гостите растеше пред светската туристичка криза со ковид-19.

Се работи за различни култури кои имаат друг стил на живеење, поинакви потреби, желби… Има ли нешто специфично што се бара за туристите од Далечниот исток?

Работиме со различен тип на гости. Гостите од Малезија и Индонезија се главно Муслимани и истите бараат редовна посета на џамија и халал храна, додека гостите од Филипини се католици и бараат посета на црква, додека гостите од Тајван, Хонк Конг и Сигнагапур се гости кој фотографираат многу и сакаат места кој се одлични за фотографирање. Се прилагодуваме на барањата од страна на нашите партнери. Како компанија работиме исклучиво со висок квалитет на хотели, превоз и ресторани кој нудат исклучително квалитетна храна, зошто гастрономската понуда за нив е многу важна. Тоа што е многу важно се одвоивме од останатите понуди, нудејќи висок квалитет, тоа преставува етика на нашето работење, и секогаш го нудиме само најдоброто и ништо под тоа.

Ги работите и балкансктие тури. Како е да се организира група туристи да дојде од Индонезија или Малезија и да ги прошетаат сите овие држави на Балканот ? Колку напор, стрес и пред се каква е одговорноста додека групите кружат низ балканските држави?

Овие балкански програми се состојат од минимум 7 ноќевања, а можат да достигнат и до 20 ноќевања, со посета над 10 држави во Балканот. За да немаме стрес и непредвидени проблеми работиме исклучиво со високо квалитетни и професионални хотели, превозници и други чинители на услугата која ја нудиме. Сепак нашите бројки се големи, и нашите партнери насекаде посветуваат големо внимание на задоволување на барањата на нашите гости и на нас како компанија. Но и покрај тоа воспоставивме контакт центар кој работи 24/7 за подршка при патувањето, а со подршка на Европска Банка кој ни одобри грант направивме сопствен систем каде нашите партнери во секој момент можат да ги видат сите информации каде се сместени нивните гости, каде во моментот се движат и многу други информации.

Дали Филип патува ? Кое место ти е интересно и привлечно да го посетиш, а не си бил ?

 

Сум бил на многу далечни дестинации и сум посетил доста држави и градови, доста патувам, со отварањето на границите и победа над ова зло што не снајде во моментов, на листа за посета се следните држави: Мексико, Аргентина, Бразил, Камбоџа, Виетнам. Додека најомилени места кој сум ги посетил се: Халштат, Сингапур, Дубаи и Мадеира. Нашата компанија отвори и аутгоинг департмент, бидејќи мораше да се прилагодиме на новите услови кој не затекнаа. Ќе понудиме ексклузивни дестинации како Бали, Малдиви, Дубаи, Занзибар…

Колку туризмот станува дел од стилот на живеење ? Дали тоа е потреба или задоволство во денешно време и колку ние се адаптираме на понудата која ја имаме споредено со тоа што го нуди светот?

Туризмот е потреба и задоволство. После скоро 100 години од појавата на авионите кои ги поврзаа континентите туризмот денес не е ист. И деловните патувања се туризам ( работа и задоволство ) и летните одмори и семинарите и стручните потреби се споија со туризмот. Денес имаме висок туризам а луѓе кој можат да платат и 20.000 евра само за авионски билет во супер прва класа, хотели кој нудат луксуз но и објекти достапни за секој човек кој има нормален и обичен работен ангажман и живее од плата. Туризмот е дел од живото, дел од лајфстајлот и така и ќе остане.

Надица Пушкоска