Search for content, post, videos

МЕСТО КОЕ СЕ ЧУВСТВУВА САМО СО СЕТИЛАТА ЗА УЖИВАЊЕ

Македонија изобулува со прекрасни места кои знаат да ги остават туристите без збор, но и луѓето кои живеат во неа. Демиркаписката долина се наоѓа на југоисточниот дел од Тиквешкиот вински под регион. Најстарите археолошки пронајдоци покажуваат дека луѓето во овој регион одгледувале винова лоза и произведувале вино уште во 13 век п.н.е. Винаријата Попова Кула остава без здив уште со самото влегување во неа. А потоа, кога ќе дегустирате од разновидните вина и ќе пробате разноврсна храна, неминивно е дека нема да сакате да го напуштите ова место, совршено како природата која го обвиткува. Ленче Недева, менаџер за вински туризам во Попова Кула, не запознава со нивната уникатна приказна… 

 

Ленче е вљубеник во работата, но и во уникатноста која го нуди ова место…

  • По професија сум дипломиран економист, но откако почнав да работам во Попова Кула, туризмот ме маѓепса и веќе 8 години подоцна сеуште сум заљубена во оваа професија. Туризмот нуди еден посебен збир од карактеристики. Како и секоја работа со луѓе и оваа професија е многу динамична и интересна и знае да донесе многу незаборвни моменти. Верувам дека ќе трае уште долги години, бидејќи ова е нешто што мене лично ме одржува во живот и ме прави навистина среќна личност.

 

 

 

 

За почетоците на Попова Кула… 

  • Сопственикот на Попова Кула ја добил идеата за Попова Кула од Napa Valley. Додека магистрирал во Америка ја посетува долината и ја добил идејата истото да го создаде и во својот крај. Од таму започнува приказната на Попова Кула. По завршувањето на градбата на Попова Кула, полека почнал да се шири и тимот и година по година Попова Кула стана тоа што е денес. Првата берба беше во 2005 година и во првата година во винаријата успеа да се прозиведе вино од сортите Совињон Бланк, Мерлот, Вранец, Кабернет Совињон и Станушина.

 

Широка палета на понуди од мапата на туристички атракции во Демир Капија…

  • Демир Капија е мало место, но таа е како скриен дијамант во срцето на Македонија. Таа е исполнета со недопрена природа, која може да се види на секој чекор. Попова Кула е една поинаква приказна. Почнувајќи од преубавиот поглед кој ја обиколува Попова Кула, се до можноста секој од нашите гости да ужива во отворениот ресторан и да проба преубави комбинации на храна и вино. Попова Кула е убаво искуство за секоја возраст, па дури и најмалите, кои може да уживаат во пространиот двор со играчки и чист воздух. За да ја запознаат историјата на Демир Капија и Попова Кула како и патот на создавање на нашите вината, ние за секој од нашите посетители организираме винска тура кое е едно посебно искуство.

 

Уникатни и поразлични од другите во регионот, со симболично име и уште поинтересна приказна…

 Нашата винарска визба името го доби по значајната кула Попова Кула, која некогаш служела како контролна точка на стариот Римски пат што поминува во близина на нашата локација. И тоа се со цел да се зачува традицијата и историското наследство на регионот. Попова Кула е уникатна на многу начини. Но, она што посебно не издојува е тоа што ние сме пионери во винскиот туризам во Демир Капија, а и пошироко. Карактеристика која и дава посебен шарм на Попова Кула е стилот на нашиот хотел. (концепцијата на нашиот хотел.), каде секоја од 33 соби на Попова Кула носи име на едно од нашите вина. А декорацијата во собата е во согласност со тоа дали виното е бело, црвено или розе. Наша посебна специјалност се исто така и уникатните свадби и тимбилдинзи кои се организираат во Попова Кула. Посебно сме горди на уникатноста на нашето вино. Но, Станушината има посебно место. Таа е една автохтона сорта на грозје од која ние произведуваме црвено вино, а посебно сме горди на розето.

 

Пандемијата уништи многу нешта, но не и еланот за работа, плановите и надежта за уште поголеми успеси…

Пандемијата беше тежок период за секој од нас, но посебно за туристичкиот сектор. Поради тоа наш приоритет беше да се задржи целиот тим на Попова Кула кој долги години е дел од неа. Поради драстичниот пад на странските туристи, се трудевме вниманието на македонските гости да го привлечиме со креативни понуди и да го задржиме уникатното искуство на Попова Кула, а сепак да ги запазиме сите протоколи. Не се откажавме и трудот секогаш се исплаќа.

 

 

Клиентите, кои стануваат верни пријатели на Попова Кула се секогаш најголем стимул за напред… 

  • И покрај големиот удар кој го доживеа туризмот во оваа година, ние не изгубивме стимул и продолживме со борба. Ние не се трудиме да создадеме клиенти, туку пријатели. И некои од гостите се догогодишни посетители на Попова Кула. Сето тоа ни даваше стимул да не застанеме и да продолжиме со борбата и да ја надминеме оваа ситуација. Не сакавме да го загубиме контактот со нашите соработници и преку разни форми на информирање(агенции, хотели итн…) ние бевме во постојан контакт со сите наши соработници. Навистина ни недостига дружбата со нашите клиенти бидејки секој од нив е посебен на свој начин.

 

Во храмот на виното…

  • Во нашата винарија располагаме со над 20 различни сорти на грозје и со помош на наш професионален дегустатор може да направите уникатен избор за вашата винска дегустација, која вклучува 5 типови на вино со соодветно сирење, пршути и десерт, но се нуди и гастрономска дегустација која вклучува 5 типови на вино со компатибилен целосен оброк. Може да уживате во сите вина и да ги вклучите сите сетила за уживање, а посебно сме горди на Станушина, која може да се најде едиснтвено во Тиквешкиот регион. Ова е извонредна сорта на вино која е привилегија да се вкуси и сподели.

 

 

Очекувања и планови за 2021…

  • И покрај тоа што 2020 беше тешка година, ние во третиот квартал на 2021 очекуваме дека и хотелот и ресторанот ќе работат со полна пареа. Ние сме средна точка на патот кон Грција и со отварањето на туризмот и границите очекуваме работите полека да се враќаат во нормала.

 

Организации на Попова Кула за оваа сезона надвор од нејзините објекти…

Кога гостите престојуваат во нашиот хотел може да уживаат во многу надворешни активности што ги организираме со водич. Некои од нив се:

-Прошетка по река Дошница

-Посета на долина на кактусите

-Искачување на тврдината просек

-Изнајмување на велосипеди и вистинско уживање на патеките околу Попова Кула

-Искачување по карите на Демиркапијската клисура

-Јавање на коњи

 

Но, сепак… за да ја почувствувате оваа убавина, треба да ја посетите винаријата Попова Кула и да ги вкусите уникатните вина, зачинети со специфичната храна и уникатното место за релаксација. Бидејќи, ова е место кое се чувствува само со сетилата за уживање.

Надица Пушкоска