Search for content, post, videos

Најуспешниот персонален тренер на Балканот

Немања Милович од Нови Сад важи за едно од најмоќните имиња. Покрај тоа што е персонален и кондиционен тренер, тој е дипломиран професор за спорт и физичко воспитување, држи менторство на колегите тренери, а воедно беше и личен тренер на многу звучни имиња во полето на спортот, како што се Дарко Миличич (поранешен НБА кошаркар), Бојан Величкович (најдобриот српски ММА борач- УФЦ организација), Душан Домович Булут (убедливо најдобар кошаркар 3х3 на светот) и многу други имиња. Немања, специјално за нашите читатели го сподели своето стручно мислење за здравите навики кој секој од нас мора да ги поседува, но и за правилното спортување и евентуална употреба на суплементи.

Професијата како пасија…

Покрај другите обврски, предавам на Факултетот за спорт и физичко воспитување, Универзитет во Нови Сад, но обврските само ја зголемуваат мојата желба за понатамошен успех. Човек мора да биде упорен во своите замисли ако сака да ги оствари сите идеи. Еден мој работен ден е навистина пребукиран и напорен, но фактот што знам дека сум придонел за многу други, ме исполнува повеќе од било што. Тоа ми е мотивација да станувам секој ден во 7 часот, да се туширам со ладна вода, да одработам во просек во 10 персонални тренинзи и после тоа да останам сам и да го одработам и својот тренинг. Работниот ден ми завршува во 23 часот кога доаѓам дома и се одмарам со добра книга или веднаш започнувам со подготвување за наредното предавање. Убаво е кога човек е зафатен со продуктивни работи.

Колку е голема навиката на луѓето за редовно спортување и конзумирање на здрава храна? Со еден збор, колку многу се внимава на физичкото здравје?

Луѓето на Балканот немаат многу здрави навики. Кога ќе отпатувам некаде надвор, секогаш позитивно ме изненадува процентот на популацијата која е физички активна. Факт е дека луѓето знаат колку позитивни придобивки има секоја физичка активност за нивниот живот генерално. Редовниот тренинг е најдобар психо- физички лек, затоа што човечкото тело е создадено да биде мобилно и изложено на некоја врста физички стрес. Редовната физичка активност ќе ви помогне во секој поглед. Но, тоа ќе ви даде успех доколку заборавите на лошите навики како- нездрава храна, претерано конзумирање алкохол, цигари… И покрај големите обврски, секој мора да најде малку време за себе. Искористете го правилно и верувајте- колку живеете поздраво, ќе живеете подолго.

Релацијата со студентите и со своите клиенти, покрај тренинзите содржи и едукативна програма…

Секој тренер мора да биде соодветен пример за тоа што го предава. Ако сакам да ги убедам луѓето дека мора да живеат здрав начин на живот, тогаш јас мора да бидам олицетворение на тоа што го зборувам. Додека бев кошаркар, постојано гледав снимки од НБА како тренираат со својот кондиционен тренер, како се хранат, како живеат, а ретко имав воља да ја изгледам целата утакмица. Затоа, сега откако се занимавам со оваа професија, знам дека отсекогаш тоа било моја страст. Јас сум човек со широки гледишта, лесно се прилагодувам и се пронаоѓам секаде каде има упорност и воља. Тоа им го советувам и на моите студенти и бидејќи јас стојам позади сите мои зборови, луѓето навистина ми веруваат, а тоа е многу важен дел во постигнувањето резултати.

Суплементите се додатоци во исхраната кои понекогаш се неизбежни за постигнување подбри резултати на редовните вежбачи, но можат и да имаат несакани ефекти доколку неправилно се конзумираат…

Водата може да го наруши вашето здравје ако се претера, па замислете што би рекле за суплементите ако се користат неправилно. Сите суплементи кои ги користите според пропишаното (секогаш е точно наведено на амбалажата на суплементот) нема да има никакви проблеми. Ако имате некој специфичен здравствен проблем (артмија, зголемен или намален притисок и сл.) треба да се посоветувате со лекар пред да почнете со користење. Суплементите се само додатоци во исхраната кои малку ќе ви помогнат да дојдете приближно до посакуваните резултати, но најдобрите резултати ќе ги постигнете само преку 3 чекори- паметен пристап на тренингот, константност и дисциплина. Без овие нешта, за жал, се ќе ви биде залудно, па дури и да ги користите најдобрите суплементи.

  Покрај сите ангажмани, како Немања го одржува својот изглед и своето физичко здравје?

Формулата е воља. Кога е жовек упорен, мора да се најде начин. Тоа би сакал да го пренесам и на вашите читатели. Во мене уште од мали нозе е втинсата културата за спортување, за принципоелност. Мојот татко беше професионален спортист и кога гледам стари фотографии, се забележувам себеси како постојано везбам со него. Значи, таа желба е вродена во мене и веќе претставува моја психотерапија. Мора секој да се обиде да вклучи визичка активност во својот живот, не толку заради рекреација колку заради своето здравје. Дебелината претставува број еден во проблемите и причинителите на разни болести. Секој од нас е дирекно одговорен за својот живот.

Формулата на Немања за среќен и исполнет живот…

Во последно време се тренирам себеси да научам да живеам во сегашноста и да го доживувам секој момент, наместо да живеам во минатото и да ја планирам иднината. Сите ние кои се занимаваме со оваа професија, за надворешниот свет претставуваме груби личности, но тоа не е точно. Физичката сила според мене е минимална со онаа која треба да произлезе од нас, особено кога се работи за нешта кои во себе вклучуваат емоции. Еве мене конкретно ме исполнуваат дружбите со пријатели, забавите со скара и ногу смеење, прекрасен ден, песок меѓу прстите, игрите со домашниот миленик, смеењето со семејството… Силата не се покажува преку груби постапки. Силата се покажува преку љубовта без оглед во кој облик е.

Тренерот секогаш мора да најде начин како да ги потикне другите на воља и упорност…

Мојата професија е моја пасија. Сите кои ме познаваат, го знаат тоа со сигурност. Обожавам да ги тренирам луѓето и да им помагам да бидат подобра верзија од себеси во секој поглед. Изберете ја професијата која ја сакате и нема да треба да работите ниту еден ден во животот- Ketrin Vajthron. Јас сум позитивна личност и позитивно привлекувам. Верувам во себе и знам дека само прашање на време е кога ќе ги исполнам своите планови, бидејќи немам сомнеж дека ќе го остварам она што сум го наумил. И сите вие го можете тоа, само доволно цврсто посакувате го и верувајте во себе. Времето е само бројка, богатството е во вас.

И запомнете, најлесно до здрав живот ќе дојдете доколку развиете здрава навика за тренирање, а тоа воопшто не е лесно барем во првите неколку месеци. Но, никогаш не смеете да се откажувате и да го одбирате послесниот пат. Ова е потежок и подолготраен пат, но верувајте, тоа ќе ви обезбеди поквалитетен, поздрав и поисполнет живот. И нормално, помалку стрес кој претставува секојдневие во нашите животи. Обидете се, вложете во себеси и животот ќе ви возврати многу повеќе.

Надица Пушкоска