Search for content, post, videos

Создавајте спомени со Рапсоди Травел

Рапсоди травел ја води најуспешната авантуристичка приказна, која започна во 2008ма година. Тогаш за прв пат Рапсоди се појави во Македонија преку некои локални македонски агенции, кои важеа пред се за партнерски агенции. Патувањата со нив се една голема авантура, а ветувањата се исполнување и едно големо изненадување. Во 2012 година, официјално започнаа сами да функционираат како агенција за млади, која многумина ја препознаа како најдобра агенција од доверба и сигурност во своето работење. Ангел Митовски ни раскажува дел од создавањето на оваа Рапсоди авантура…

Лидери во организација и успешна реализација на ветеното. Секое патување со Рапсоди травел е неповторлива авантура…

Oна на што се темели нашата приказна e професионалноста, искреноста и транспарентноста. Уште на самиот почеток како новитет на пазарот во Македонија го воведовме младинскот туризам и една од предностите беше токму тоа што први промовиравме нешто поразлично од другите. Новитетот се однесувашe во начинот на самата работа, работа преку промотери, кои беа наши претставници пред своите друштва и кои беа дирекниот линк меѓу нас и патниците. Постојано работиме на воведување на нови нешта во поглед на самото патување како и зголемена мотивација и ангажираност на нашите соработници во текот на годинешните проекти. Ги следиме сите светски трендови и се она кое е актуелно меѓу младите, со што воедно би се зголемил и бројот на нашите патници, а се разбира се трудиме и секое такво патување да го направиме подостапно за секого, со воведување на најразлични промоции и наградни патувања за сите наши лојални корисници.

Најомилени меѓу младите… и сите кои така се чувствуваат, бидејќи патувањата се највозбудливиот дел кај секој човек…

Предноста е во тоа што пред се имате работа со млади луѓе, луѓе кои се полни со позитивна енергија, авнтуристички дух, кои едвај чекаат да дојде некое патување да можат да избегаат од секојдневието и да се препуштат на предизвиците кои ги очекуваат. Ниедно патување не може да биде исто, а токму тоа е мотивот кој дополнително ги тера младите да патуваат со нас, бидејќи во нас гледаат и препознаваат нешто што другите го немаат, а тоа се иновативноста со која ги привлекуваме големиот број задоволни патници, кои се воедно нашата најголема реклама. Како што гласи и нашето мото “ние не нудиме само патувања, ние нудиме спомени”, се трудиме токму тоа и да го направиме. При секој избор на патување главниот акцент се става на нашата организација и доживувања кои ги имаат преку нашата агенција, а понатаму, се разбира, се и целиот професиоален тим на водичи кои се грижат патниците да имаат едно поинакво патување, од аспект на тоа да не е само еден класичен одмор туку попатно да посетат и дел од оние природни убавини на самата дестинација, како плажи, крстарења, историски знаменитости…

Ангел Митовски е дел од успешната приказна на Рапсоди травел, кој заедно со својата екипа го создава вашето патување од соништата…

Јас сум дипломиран правник со положен правосуден испит, меѓутоа љубовта кон туризмот се појави сосема случајно уште во студентските денови каде ми беше понудено да бидам дел од агенцијата, да промовираме патувања, па се до степен да бидеме дел и од таа академија за обука на водичи. Како завршуваа проектите, искуството се зголемуваше, се зголемуваа и обврските, така што денес имам и сопственички дел во фирмата. Ги сакам патувањата и она задоволство што тие го нудат, бидејќи светот е прекрасно место за истражување и патување. Кога би требало да издвојам некоја дестинација која ми е посебно драга, би рекол Барселона и Дубаи, места кои пленат со својата убавина, еден сосема различен свет во кој преовладува различна култура, навики и обичаи, меѓутоа со сигурност места на кои не може да се задоволите со само едно патување. Патувањата и знаењето, се две нешта кои остануваат трајно во вас и се елементи од животот кои никогаш не бледеат и никој не може да ви ги земе.

Специфичноста и важноста на туристичкиот водич во текот на патувањето…

Една од главните карактеристики на секој успешен туристички водич е да поседува ориентација во просторот, да е снаодлив и да поседува комуникациски и презентациски вештини, како не би имал проблем при раскажување на битни и интересни факти, приказни, анегдоти и сл, за сите дестинации кои се посетуваат. Кога станува збор за знаењето на нашите водичи, ние имаме сопствена академија за обука на водичи, која моментално брои нешто повеќе од 60 водичи. Пред секое патување се поминува секој град кој се посетува, се прават детални планови за посета на се она кое што самиот град може да го понуди за самите патници и се разбира останува само истото да се реализира. Во делот на „интересното“ тоа им е препуштено на самите нив, за кое е очигледно дека добро го одработуваат. Знаењето е делче од целиот мозаик на водичот, кој самиот треба да направи да биде интересно за самите патници, кои иако поголемиот дел се дојдени на забава и дружба, постои исто толкав дел кој е дојден и да се врати назад збогатен со некои нови информации од самото патување. На самата апсолвентска екскурзија, најголемиот интерес е запознавање со најразлични култури, интересни факти, анегдоти и сл, со што секој од нашите водичи е подготвен истото тоа и да го презентира пред патниците.

 

Патувањата се најдобриот подарок што секој човек треба да си го приушти…

Во последно време се поголем замав зема патувањето. Големата достапност на некои од светските дестинации преку ефтините патувања, летови, сместувања и сл. преку најразличните апликации, само дополнително го прават подостапно и поинтересно патувањето. Тука се и сите оние фестивали и концерти кои почнавме да ги организираме, како еден од трендовите меѓу младите кои ги пратат тие настани, кое спаѓа во новите сегменти од нашето работење, поточно тоа беше и ребрендирањето на нашата фирма од Rapsody Travel во Rapsody Travel & Events. Така продолжуваме и понатаму. Во план ни се голем дел на проекти кои постепено ги реализираме, чекор по чекор. Нашиот тим постојано се зголемува, инвестираме во квалитетен кадар и внесуваме иновации во поглед на самите патувања кои ќе ни помогнат да го зголемиме бројот на патници и се разбира да го направиме секое патување подостапно за секого. Инаку како нешто најново во самата палета на понуди ни се егзотичните дестинации како Бали, Малдиви, Тајланд, Дубаи, Занзибар, Танзанија…

Иднината им припаѓа на оние со големи желби и визии…

Плановите за во иднина се поголеми, ширење на бизнисот во неколку нови правци и се разбира отворање можност за нови вработувања и ширење на тимот и обемот на работа, но детљалите му ги оставам на времето. Секако дека секој успех се базира на посветеност и пожртвуваност, така што приватниот живот е тој кој највеќе трпи во остварување на целите на професијата, но се разбира дека со рационално планирање на времето и енергијата, се наоѓа време за се. Успехот секогаш е неизбежен кога желбите за напредок се голоеми. Остануваме достојни на оние кои веруваат во нас. Нашите задоволни патници не разликуваат од останатите по тоа што сме лидер во организација на младинските патувања во регионот, тоа го потврдуваат и нашите 13 канцеларии низ Балканот и Европа. Веќе трета година сме добидници на признанието Стубренд, кое се доделува од најчувствителната категорија на луѓе – студентите и сме единствената агенција која го поседува истото. Лидери сме во постојаното воведување и откривање на нови дестинации, користење на посебно избрано и квалитетно сместување на сите дестинации, “Google” водичи кои вашето патување го збогатуваат со безброј корисни информации, 4-та година апсолутен организатор на апсолвентските екзкурзии, поточно за 99% од студентите сме омилена агенција за млади. Располагаме со нови и модерни канцеларии во строгиот центар на градот, а многуте признанија и благодарници кои ги имаме добиено како и спонзори кои не поддржуваат во нашето работење зборуваат за нашата посветеност кон работата. И за крај, тука се спомените кои ги создаваме и траат вечно кај секој оној кој бил и патувал со нас.

Надица Пушкоска