Search for content, post, videos

Тачкаста Мара – Совршенство кое постои

Пред вас е една инспиративна приказна. За жената која секогаш успева во се, за нејзината негувана убавина, за проблемите со кои секогаш вешто се справува, за обврските кои знаат да и ја испијат целата енергија, за љубовта која е нејзин составен дел, за бракот кој значи почитување и бескрајна подршка, за детето како најголем благослов… за Ивана Слипчевиќ. Taa важи за една од најубавите жени во Европа. На инстаграм позната како Тачкаста Мара ја следат огромен број на фанови кои секојдневно уживаат во нејзините семејни фотографии, од патувања, нејзината убавина и стил, но и во најсовремените совети и рецепти за готвење од нејзиниот блог

Уште од најмлади години, честите патувања и откривањето нови нешта, го трасираат патот создавајќи нови визии за иднината

Околностите и професијата на татко ми- рудар, налагаа постојано да се селиме. Живеевме во Босна, Хрватска, се селевме скоро низ сите градови во Србија и кога конечно се изморив од преселби, одлучив да се осамостојам и да го земам животот во свои раце, одлучувајќи сама за себе. Се преселив во Белград и нештата почнаа да добиваат друг облик. По природа сум динамична личност и не сакам рутина, тоа ме убива. Уште кога бев малолетна почнав да се занимавам со манекенство и тоа беше мојата прва заработувачка, но таа професија ме научи и на многу работни навики, одговорност и сериозност. Да заработуваш чесно, да патуваш, да се дружиш, да запознаваш нови луѓе, култури- мислам дека тоа е најдобрата работа која може да му се случи на еден млад човек. Потоа се запишав на Педагошки факултет во Белград, период кој ме дооформи во личност каква што сум сега. Поминав и добри и лоши периоди и сите тие искуства направија таа девојка да прерасне во самостојна, самоуверена и паметна жена која е сигурна во себе и верува дека може да постигне апсолутно се. Моќта на жената се огледува во нејзината визија за себе. Тоа е најважно.

Ивана е сестрана личност која се пронаоѓа во повеќе области и во сите е подеднакво успешна. Нејзината специфичност е што оди во крајноси и секогаш создава убавина и успех од тоа што го прави

Јас сум многу љубопитна личност, па можеби и затоа ми беше секогаш лесно да се пронајдам во повеќе професии и успечно да се носам со нив. Одев навистина во крајности. Од проектантско биро, па воспитачка во детска градинка, учителка по ликовна уметност, улога во разни детски претстави, па сосема спротивно на тоа, сакајќи да научам нешто ново, следуваше вработување во авто куќа, и веднаш после тоа следуваше едно прекрасно ускуство, се вработив како координатор на Педагошкиот факултет, каде останав се до моето заминување во Берлин каде сега живеам. Но, мојата љубопитност не заврши тука. Отворив и fashion studio кое беше остварување на моите соништа. Со оглед на тоа дека во тоа време и учев моден дизајн, нештата се поклопија и иако беше многу напорно, сепак беше вистинско задоволство. Во моментов го водам својот блог за кулинарство бидејќи готвењето е моја вистинска пасија и љубов. Уште кога одев на курс за ролање суши, очигледно беше дека имам талент и желба ми беше тоа да го споделам со сите.

Жената најпрво треба да научи да се сака себеси и да го негува она што претставува нејзин идентитет

Храброста и самодовербата и позитивноста е најубавото нешто во една жена. Кога се запознав со мојот сопруг Бојан, одлучив да оставам се позади себе и да заминам во Берлин. Ги оставив родителите, пријателите, работата, мојот домашен миленик, се она што беше мое секојдневие и тргнав во сосема нов правен и нов живот. Се соочив со многу нови нешта, но сега се е поинаку, се е прекрасно. Прераснав во поинаква личност и сфатив дека убавината најмногу доаѓа одвнатре. Што се однесува до надворешната убавина, секој има свој стил кој го негува. Германките не внимаат многу на својот изглед, повеќе преферираат природен изглед кој го нагласуваат. Додека Србинките дефинитивно не излегуваат од дома без шминка и комплетно среден изглед. Сепак, убавината е во окото на посматрачот. Мојот сопруг Бојан од секогаш ја сакал мојата природна убавина, а јас не излегувам од дома ако не сум средена до максимум, а под тоа подразбирам од беспрекорна шминка до уредно средена коса. Посетував курс за шминкање и тоа многу ми помага во брзината и прецизноста. Тоа е мојот начин на функционирање секојдневно. И покрај обврските околу нашето бебе Нико и домашните обврски, секогаш внимавам да стигнам да направам некој третман на лице, коса, масажа и слично. Дури и доколку не успеам покрај толку домашни обврски да одам на козметичар, никогаш не заборавам да направам некој домашен третман, често држам маска за лице додека правам ручек и завршувам повеќе работи одеднаш.Секогаш има време да направиме нешто убаво за себе. Се останато е изговор и мрзливост.

Жената компетно се менува кога ќе добие дете. Ивана секојдневно ужива во својата нова љубов Нико

Мојата најголам љубов е моето дете. Кога го држам тоа мало чудо, сфаќам дека го имам целиот свет во рака. Улогата на мајка е најубавата и најтешка улога во животот. Во моментите кога помилсувам дека немам веќе сила, тие мали, слатки очиња ме туркаат напред и ми даваат уште поголема снага. Мајчинството ме направи целосно комплетна личност. Немав ниту најмал страв од самиот почеток на бременоста, па се до пораѓајот. Бојан е наша голема подршка, но сепак мајчинството бара многу снага, стабилност, упорност, воља и храброст. Што се однесува до моите лични навики, сеуште успевам да одржам баланс помеѓу обврските и личните афинитети. Внимавам да се хранам здраво, иако благодарение на генезата, не сум склона кон дебелеење. Но, сепак, избегнувам тесто, газирани пијалоци, слатки, одам на масажа, пливање, вежбам додека спие Нико и ова воедно е и мојот совет за сите млади мајки и жени генерално. Сите треба да знаеме кога е доста, да си го сакаме своето тело, да внимаваме на исхраната, да најдеме некоја средина во целокупниот хаос и да направиме баланс со обврските. Сите тоа го можеме, но напрво треба да сакаме.

Љубовта е моја комплетна инспирација

Дефинитивно љубовта ме исполнува најмногу во животот. Да можам да направам се, да дадам се од себе, да бидам добра во се. Бојан е моја најголема подршка и моја најголема помош. Се гордее со секој мој чекор, а тоа ме мотивира уште повеќе. Животот е навистина краток и јас сакам да го живеам најдобро што можам без да го трошам на неважни нешта. Патувањата ми се омилени. Го обожавам и вашиот Охрид. Прв пат во Македонија бев пред околу 10 години, заедно со играорното дрштво во кое настапував. Потоа дојдов со мојот сопруг и бевме фацинирани од убавините кои ги нуди. Ме исполнува запознаваето нови луѓе, нови култури, да учам нов јазик, да пробам некоја нова храна. Со оглед на тоа дека шопингот и храната ми се пасија во моментов, мислам дека и плановите во иднина се одвиваат во насока на мода и готвење. Моментално работам на мојот блог на кој примарно ќе биде готвењето и се околу него. За да биде храната задоволство, треба да се зготви со љубов.

Секоја жена има своја формула за успешен ден, како на професионално така и на приватно поле

Колку и да сте професионално ангажирана, успешна бизнис жена, не смеете да заборавите на секојдневните домашни обврски. И знаете што? Нема дневен ред за тоа. Особено ако имате мало бебе, обврските се зголемуваат, а времето се намалува. Но, домот секогаш мора да биде среден. Мене тоа не ми претставува никаква потешкотија. Со оглед на тоа дека имам преголем стан, започнувам со средување откако ке ги подмирам сите обврски кон Нико. Ми треба прилично многу време и откако тоа ќе го завршам, се обидувам себеси да се доведам до некое пристојно издание. Воглавно имам распоред во главата и успевам се да средам навремено. Нормално, секогаш останува време за прошетка со Бојан, за љубов и романтика, за добра вечера, дружење со пријателите и тогаш можеме да го заокружиме денот како успешен.

Тачкаста Мара има своја визија и свои планови за среќен и исполнет живот

Среќата е секогаш последица на нешто. За да биде така, секогаш треба да се работи на неа. Тачкаста Мара е всушност бубамара која носи среќа. Ова име настана откако подготвував песна за Бубамара за децата во градинка и кога беше претставата, јас тоа го примив многу емотивно и се расплакав. Од тогаш ме викаат Тачкаста Мара. И тоа е мое големо задоволство исто како и се во животот. Многу е важно секој од нас да има позитивни мисли за иднината. Продолжувам со работа на мојот блог, се надевам многу домаќинки ќе се пронајдат тука. Би сакала во најкраток рок да отворам ресторан и да напишам книга за храната и готвењето кое ги доживувам како задоволство. Што се однесува до нештата кои ме одмараат, тука се патувањата и Индија како дестинација која мора да ја посетиме и секако, еден од најубавите планови кој е во фаза на остварување е мојата венчавка со Бојан на Бахами. Во секој случај, тоа се моите желби и планови, вие имате свои и држете се до нив цврсто. Давајте го најдоброто од себе и очекувајте го најдоброто. Кога знаете да сакате, треба и да бидете сакани, ништо помалку од тоа. Мојата љубов кон Бојан е промената на подобро во мене. Бидете и вие нечија промена на подобро.

Надица Пушкоска