Search for content, post, videos

Театарот е начин на живот кој никогаш не би го променил – Никола Стефанов

 

Младиот 22 годишен Никола Стефанов е апсолвент на факултетот за аудиовизуелни уметности-Есра на катедрата за актерска игра во класа на Дејан Пројковски. При неговата прва посета на театар во него се развила љубовта кон театарот, но од другата страна на завесата. Токму таа љубов го довела до неговата прва претстава „Вечна куќа“.

Што најмногу те привлече кон оваа професија?

Уште првиот пат кога гледав претстава како дете, ме маѓепса духот на театарот.Се заљубив во театарот затоа што тоа за мене беше еден специфичен начин на изразување на слободната мисла. Го сакам театарот затоа што е жив-театарот е сега и тука.

Дали понекогаш во текот на студирањето се двоумеше за менување на професијата?

Нормално, како и секој човек и јас на почетокот имав страв од неуспех. Сепак кога подлабоко запливав во овие води сфатив дека јас едноставно тука припаѓам. Театарот не е професија, театарот е начин на живот кој никогаш не би го променил.

Во кои претстави досега си играл?

Прв мој професионален проект е претставата Вечна куќа, потоа следеше Прометеј во Турскиот театар, па Мајсторот и Маргарита. Прва моја улога е Глувонемиот Федја Петунин во претставата Животот е прекрасен. Потоа следеше ангажман во Народниот театар во Штип во претставата „На дното“. По кратко време бев ангажиран во истиот театар во претставата „Лазаревото писмо“, а пред еден месец имав премиера во Битолскиот народен театар во претставата „Пијани“.

Каква е соработката со останатите македонски и странски актери -режисери?

Досега сум соработувал со многу наши, но и актери од други земји. Секоја соработка за мене е ново искуство и предизвик. Особено ми се мили меѓународните фестивали и актерски работилници. Да се соработува со актери/режисери со уникатни естетики и пристапи во театарот има посебна убавина. Меѓу сите различности, наш заеднички јазик е театарот.

Колку македонската публика е заинтересирана за претстави?

Мислам дека театарот има редовна публика. Но, секако,треба да се посвети внимание на младите што е можно порано да им се приближи убавината на театарот. Чувството за уметност се негува уште од мали нозе, а тоа најдобро се прави преку образовниот процес. Сигурно еднодете повеќе ќе го допре една претстава отколку уште една писмена задача.

Во кои жанрови најмногу сакаш да глумиш?

Како млад актер предизвик ми е секоја улога, бидејки на овие години сметам дека се собира искуство и се гради верба во самиот себе, а вербата е најважното нешто за градење на еден лик. Големиот руски актер Михал С. Шчепкин рекол: ,,Непостојат мали и големи улоги постојат мали и големиактери,,