Search for content, post, videos

10 корисни совети за подобрување на имунитетот кај децата

Секоја мајка знае колку е важно детето да има добар имунитет. Децата се многу поподложни на бактерии и вируси, затоа и почесто се разболуваат, а за мајката тоа се кошмарни денови. Еве неколку совети како да му го зајакнете имунитетот на вашето најмило….
1. Дружење со други деца
Едно истражување во кое учествувале повеќе од 1200 деца покажало дека играњето во парк или игротека го јакне имунитетот. Иако веројатноста дека вашето дете ќе заработи повеќе вируси ако е во друштво со други деца, таа изложеност всушност го јакне имунитетот.

2. Чад од цигари
Чадот од цигари е штетен за секој човек, но особено за децата во развој. Пасивното пушење во детството е поврзано со зголемен ризик за појава на рак, астма и други заболувања на дишните патишта, како и од болести на срцето. Најдобро што можете да направите за здравјето на своето дете е што помалку да го изложувате на чад од цигари.
3. Здрава исхрана
Кога детето ќе почне да јаде цврста храна, натерајте го да ја засака здравата храна. Хранливоста на овошјето и зеленчукот не може ништо да ја надмине бидејќи тие се најдобри извори на антиоксиданси, витамини, минерали, растителни влакна и ензими кои ги штитат клетките од оштетувања. 2-3 пати на ден ужинка со овошје или зеленчук е одличен избор.
4. Физичка активност
Дебелината е болест на новото време, а се почеста е и меѓу децата затоа што не се занимаваат со никакава физичка активност. Поттикнувајте го детето што повеќе да се движи, и од мало да сака да се занимава со спорт. Физичката активност ја поттикнува работата на срцето, циркулацијата, ги јакне мускулите и коските и го смалува ризикот од често разболување.

5. Квалитетен сон
Додека спие, во организмот на детето се создаваат антитела и хормони на растот. Недостатокот на сон може да го спречи производството на интерлеукини, кои се одговорни за одбрана од инфекции.

6. Доење
Доењето е еден од најдобрите начини да го зајакнете и заштитите здравјето на вашето дете. Мајчиното млеко ги содржи сите хранливи состојки кои му се потребни на бебето за здрав раст, како и антитела за одбрана од инфекции, алергии и разни заболувања. Затоа е препорачливо бебето да го доите барем во првите 6 месеци.

7. Љубов и внимание
Имунитетот е поврзан и со емоциите, па затоа внимателен однос полн со внимание и љубов ќе го зајакне здравјето на детето. Од галење до скокоткање, покажување нежност и љубов ќе му помогнат на вашето најсакано да порасне во силна и среќна личност.
8. Миење на рацете
Иако вашето дете мора да дојде во допир со вирусите и бактериите за да изгради имунолошки систем, преголемата изложеност може да доведе и до посериозни заболувања. Миењето раце е најдобар начин да го смалите ризикот, затоа научете го вашето дете редовно да си ги мие рачињата.
9. Домашно милениче
Многу истражувања покажале дека децата кои живеат со домашно милениче имаат посилен имунитет бидејќи се изложени на поголем број разновидни вируси и бактерии. Уште еден важен фактор е емотивното зближување и грижата за животните.
10. Уживајте во заедничките оброци
Децата кои редовно јадат со своето семејство се поздрави. Исто така, тогаш и веројатноста детето да се храни поздраво е многу поголема.