Search for content, post, videos

10 најчести причини за појава на акните

 

За да можете да го одберете вистинскиот третман за лекување на акните, прво морате да знаете што ги предизвикува.
Акните, кожна болест која ја карактеризира воспалението на кожата и формирање митесери, обично се појавуваат на вратот, лицето, градите, на горниот дел на грбот, рамениците и рацете. Овие делови на телото се најподложни на појава на акни бидејќи имаат најголема концентрација на лојни жлезди. Кога овие жлезди ги стимулира хормонот андроген, тие почнуваат засилено да лачат маснотии (себум).
Вишокот маснотии би требало да се излачат низ порите на кожата, но понекогаш порите може да се бидат блокирани со фоликули коса, мртви клетки и други нечистотии. Тие нечистотии во комбинација со вишокот маснотии можат дополнително да ги затнат порите на кожата и така да предизвикаат појава на акни. А ова се топ предизвикувачи на акните…
1. Хормони – хормонот андроген ги поттикнува лојните жлезди засилено да произведуваат себум. Момчињата и девојчињата во пубертет минуваат низ драматични промени во нивото на хормоните, а меѓу останатото и засилено производство на андроген, поради што се склони на појавата на акни.
2. Исхрана – додека истражувањата покажуваат дека нема директна врска меѓу земањето мрсна храна и акните, исхраната која содржи многу слатка, пржена и преработена храна може да ја влоши состојбата со акните.
3. Стрес – стресот може да го поттикне телото да произведува одредени хормони и да го зголеми нивото на штетни токсини во телото кои можат да ја влошат состојбата со акните.
4. Лекови – некои лекови можат да содржат состојки како бромид, литиум, кортикостероиди и слично за кои е потврдено дека ја предизвикуваат појавата на акни. Немојте да земате лекови со овие состојки во исто време со лекови против акни.
5. Облека – тесните шапки, заштитните кациги, тешките ремени од торбите или маиците со тесен околувратник можат да ја изложат кожата на притисок и да предизвикаат триење. Освен тоа, облеката која е направена од материјали кои не и дозволуваат на кожата да диште, исто така може да предизвикаат акни.
6. Лоша нега на кожата – триењето, стискањето и сите други лоши начини на чистење на кожата нема да ви го решат проблемот со акните туку само ќе го влошат.
7. Фактори на околината – нечистата околина, влагата и сонцето можат негативно да влијаат на кожата и да го испровоцираат проблемот со акните.
8. Шминка – некоја шминка, особено онаа на база на масла може да ги затне порите и да го влоши проблемот со акните. Но денес постојат шминки кои воедно се користат и за лекување на акните.