Search for content, post, videos

RIS FLOWER со нова песна

Песната “Flying To Berlin” на нашиот интернационален музичар RIS FLOWER,  во огромна конкуренција е избрана во финалната селекција од 6 песни кои ќе се  натпреваруваат за претставник на нашата држава на Евросонг 2022г. во Торино, Италија. “Flying To Berlin” е авторско дело (музика и текст) на Борис Цветановски А.К.А. RIS FLOWER,  а аранжманот и аудио продукцијата се дело на врвните, светски реномирани, продуценти од Турција, Мустафа Чанбазлар и Арикан Сиракаја, кои воедно се и дел од тимот на Сертаб Еренер, победничката на Евросонг во Рига, Латвија. Во изминативе десет години, Борис Цветановски А.К.А. RIS FLOWER, е најдобро препознатлив на македонската музичка јавност преку неговите енергични настапи во живо! Воедно, со ова соопшение сакаме да ги повикаме сите љубители на добриот звук на кои ќе им се допадне песната на RIS FLOWER “Flying To Berlin”,  да гласаат за истата на следниот линк: https://evrovizija.mrt.com.mk/

Во продолжение линк од акустичната верзија на песната “Flying To Berlin” https://bit.ly/3s3tgZE