Search for content, post, videos

Пракса за ученици и обуки за професори во европски држави

Приватното средно училиште САБА и во текот на учебната 2022/23 година организираше пракса за ученици и обуки за професори во неколку европски држави.

Првата група од пет ученици од насока бизнис од 1-ви до 11-ти мај 2023 година беа на пракса во Фолињо, Италија. Таму имаа практична обука за ефикасна примена на дигиталниот маркетинг во компаниите. За време на обуката учениците научија кои се новите трендови во дигиталниот маркетинг во компаниите ширум светот. Исто така ученици имаа можност да креираат свој стартап бизнис и своја маркетинг кампања.

“За време на оваа пракса научив многу за маркетингот, нови стратегии за продажба, односите со конкуренцијата. Исто така научив како една компанија треба да биде уникатна на пазарот, како да ги разбере своите клиенти, кој вид на продажба и промоции се најдобри и сл”, вели Лаура Стефанова, ученичка во САБА Скопје.

 

Втората група на ученици од насока информатика од училиштата САБА од Скопје, Битола и Штип од 7-ми до 18-ти мај 2023 година беа на пракса во Дрезден, Германија. Таму имаа практична обука за програмирање на тема “Веб апликации”. За време на обуката учениците научија како да дојдат до идеја за апликација, дизајн на апликацијата и како потоа истата да ја програмираат.

“Секој ден за време на праксата во Дрезден имавме по 7-8 часа практични часови каде научивме многу за креирање на апликации. Научивме како да работиме со Android Studio и како да креираме апликации за андроид мобилни телефони”, вели Димитриј Питроповски, ученик во САБА Битола.

Другиот дел од овој проект на училиштето САБА беа обуки за професори. Двајца професори беа во Сплит, Хрватска на обука на тема “Креативност во наставата”, а други двајца беа во Невшехир, Турција на обука на тема “Пракса за ученици од стручните училишта”.

На обуката во Сплит беа презентирани различни алатки кои може да се користат во секојдневната настава со цел креирање на покреативни часови каде учениците се поактивно вкучени во наставата. Професорите беа дел од различни работилници каде научија нови техники за изработка на интересни презентации и игри за нивно користење на часовите.

На обуката во Турција учесниците се запознаа со начинот на организирање на праксата за ученици од стручните училишта од областа на туризмот, технологијата, гастрономијата и инженерството. На оваа обука учесниците научија како подобро да се подготват учениците за пазарот на труд, како да се воспостават добри врски меѓу училиштата и компаниите, како учениците да бидат со чекир со новите технологии кои се користат во компаниите итн.

 

Праксите за ученици и обуките за професори се дел од Еразмус акредитацијата на училиштето САБА, поддржана од Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.