Search for content, post, videos

5 бескорисни совети во кои сите веруваме

Иако ги пропагираат и најголемите светски ѕвезди, овие совети се сѐ само не корисни. Некои митови кои се однесуваат на негата, убавината и природните решенија за проблемите со кожата и телото, упорно се шират од колено на колено, а понекогаш добиваат и свои славни заговорници.

Но некои од тие митови се сѐ само корисни не, како што се следниве пет…

 

1. Со аспирин против акните

На разните форуми на интернет може да се сретне советот дека акните ги отстранува Аспирин плус Ц. Советот вели дека тој треба да се раствори во вода и да се нанесе на проблематичниот дел на кожата или да се направи пилинг. Според митот, аспиринот е делотворен заради ацетилсалицилната киселина, но дерматолозите предупредуваат дека тоа не е точно.

 

 

2. Маста против хемороиди ги смалува подочниците

Постои верување дека маста против хемороиди ги смалува подочниците, брчките и подуеноста околу очите. Наводно ја користат Џенифер Анистон и Сандра Булок. Вистина – одделни состојки од оваа маст можат да го поттикнат стеснувањето на крвните садови, но маста е премногу агресивна за нежната кожа на лицето. Освен тоа, содржи алерген, противвоспалителни и анестетски материи, а неретко и кортизол. Што значи, дефинитивно опасна за кожата на лицето.

3. Паста за заби против акни

Дека пастата за заби ги исушува мозолчињата сме слушнале сите. Но никогаш и никој не кажува кој вид паста за заби и со кои состојки. Флуоридот, на пример, може да направи повеќе штета отколку корист и дополнително да го поттикне воспалителниот процес, а одделни состојки од пастите за заби непотребно ја исушуваат кожата.

 

4. Избелување на забите со јагоди

Кетрин Зита Џонс има бели заби затоа што еднаш неделно ги мие со јагоди – е еден од најголемите митови кои се шират меѓу понежниот пол и сите вљубенички на природниот начин на разубавување. Забите ги премачкува со половинки јаготки, а понекогаш и ги гмечи за да добие паста од јагоди. Наводно тајната се крие во ензимот кој се содржи во јаготките, а кој ги избелува забите и ги отстранува наслагите. Стоматолозите се согласуваат дека станува збор за чиста измислица и невистина.

 

5. Пилинг од кафе против целулит

Упатствата до кои се придржува и Наоми Кемпбел се следните: измешајте мелено кафе со малку вода и распоредете на проблематичните делови. Завиткајте со проѕирна фолија и оставете да стои 30 минути. Методата е дефинитивно многу поевтина од сите антицелулитни креми, но засега, за жал, не постои ефикасно средство против целулит.