Search for content, post, videos

5 заблуди за кожата

Разните производители на козметички производи честопати ни сервираат погрешни и застрашувачки податоци во своите реклами. Секако, не е се вистинито и за се треба да се размисли двапати пред да го прифатиме како непобитен факт. Еве неколку заблуди за кожата…
1. Солариумот не е штетен во умерени количини
Секое изложување на УВА и УВБ зраци е штетно и предизвикува 90% од симптомите на прераното стареење на кожата. И двете зрачења можат да предизвикаат оштетување на кожата, брчки, намален имунитет на инфекции, стареење и рак на кожата. Значи колку и да сте умерена, влијаете на својата кожа, затоа внимавајте!
2. Акните се последица на лошата исхрана
Акните се предизвикани од прекумерното производство на себум кој предизвикува затнување на порите. Излачувањето на себумот го контролираат исклучиво хормоните, а не храната која ја јадеме, па затоа во вода паѓа митот за врската меѓу лошиот тен и чоколадото, чипсот и фаст-фудот (што секако не значи дека не треба да јадете здраво).
3. Најдобри се само “природните” производи за нега на кожата
А прашање е што всушност значи природно? За жал, овој поим козметичките куќи го користат многу често, а тој обично осигурува и добра продажба и најчесто и “наседнуваме” на него. Не постои 100% природен производ.
Ако некој крем е од растително потекло, не е нужно природно. Сите козметички производи се добиваат со преработка во лабораториите и во секој се наоѓаат вештачки, синтетички производи.
4. Хидратацијата ја забавува појавата на брчки
Појавата на брчки ја предизвикуваат многу фактори, кои се зголемуваат со текот на стареењето на кожата. Иако набрчкана, кожата изгледа подобро кога е намачкана со крем и обезбедува одредена количина влага, не постојат докази дека хидратацијата на кожата има влијание на брчките. Ефектот кој се постигнува е само површински, значи нема долготрајно влијание на длабинската појава на брчките.

Various cosmetics and bath products in bathroom cabinet

5. Скапите производи се подобри од евтините
Цената на некој производ секако дека не е мерило на квалитетот. Но ова и не е баш некое откритие, меѓутоа постојат луѓе кои навистина веруваат дека е така. Многу козметички компании во своите производи ставаат разни скапи состојки (златни честички, кавијар и сл.) за на тој начин да добијат на ексклузивитет и да ги привлечат купувачите. Но тоа не гарантира и подобар ефект.