Search for content, post, videos

7 причини да го започнете денот со туширање

 

1. Утрото е идеално за туширање. Кога алармот ќе ве крене од сон, токму кога сте најубаво заспана и сe уште не сте подготвена да се соочите со новиот ден. Триејќи ги очите се тетеравите до бањата и се обидувате да се подготвите за излегување. Туширањето е првиот чекор кон тоа.

Од мигот кога ќе влезете под тушот и ќе го почувствувате прскањето по кожата, крвта почнува нормално да ви циркулира. Држењето на сунѓерот и триењето е еден вид аеробик вежба која ги согорува калориите и го пумпа адреналинот низ вашиот систем така да можете да се соочите со предизвиците кои ве очекуваат.

2. Со туширањето заштедете ја водата, а воедно и уживајте. Искористете го утринското туширање и со партнерот заедно одете под туш, така ќе заштедите и вода а воедно и ќе уживате во малку страст што дополнително ќе ви даде енергија за новиот ден. Колку убав начин да се почне денот!

3. Туширањето ја смалува можноста да заспиете. Замислете едвај да се разбудите наутро, и така да заминете на работа. Веројатно нема да можете долго да ги отворите очите и нервозно ќе ги минувате часовите. А ако влезете под туш штом се разбудите, шансите да се случи тоа се минимални.
4. По туширањето чиста го започнувате денот. Иако не може да се спореди со топла и миризлива купка, сепак помислата да го почнете новиот ден со нечистотијата од претходниот, и не е баш пријатна. Истуширајте се и помислете како го почнувате денот растоварена од вчерашните маки.
5. Кога денот го почнувате со туширање, автоматски го започнувате и со песна. Сигурно сте слушнале колку симпатично звучи кога некој пее додека се тушира. Зошто да не се обидете и вие?
6. Туширањето е идеален почеток на денот бидејќи с# се сведува на работа. Триење, шампонирање, втривање на регенераторот, повторно плакнење. Сето тоа е одлична физичка вежба, но и увертира во работниот ден понатаму. Дали сте знаеле дека токму под тушот се откриени многу изуми?
7. По туширањето со задоволство и елан ја средувате бањата. Така баре ви остануваат помалку домашни обврски откако ќе се вратите од работа. И ќе имате повеќе време за неколку слободни мига и шолја кафе со партнерот. Примамливо, нели?

*