Search for content, post, videos

Убави манири во ресторан: ги правите ли овие грешки?

Фотографирање храна, влечење на столчињата и масите за да може целото друштво да се собере… Дали сте вие виновни за ваквото „однесување“ во ресторан? За некои ваквото однесување е нормално, но за други е неприфатливо. Група експерти направила големо истражување во кое опфатило повеќе европски земји, а еве ги заклучоците од истражувањето во кое е наведено сé она што се смета за непристојно кога сте во ресторан…
 родители што ги пуштаат своите деца да дивеат, да трчаат и гласно да викаат во ресторанот;
 пријатели што меѓусебно се убедуваат кој да ја плати сметката, притоа едните инсистираат да биде точно поделена на половина;
 зборување со полна уста и гестикулирање со приборот за јадење;
 гласно секнење на носот (иако се употребува шамиче). Повеќето испитаници сугерирале дека тоа сепак треба да се направи во тоалет;
 гласно зборување и смеење, кое го слушаат сите соседни маси;
 кога родителите ќе им го дадат својот мобилен или таблет на децата со цел овие да се занимаваат, и притоа им пуштаат гласни снимки;
 лижење на приборот по јадењето (ако некогаш ви се случило да го излижете ножот или лажичето по вкусниот десерт, немојте да мислите дека сте останале незабележани, на многумина тоа им пречи и сметаат дека е крајно непристојно);
 и телефонските разговори им пречат на другите гости во ресторанот, а дел сметаат и дека многу е невкусно кога жена си ја поправа шминката на самото место, на масата, наместо во тоалетот;
 не е пристојно ако силно дувате во храната да се излади, и ако премногу гласно џвакате.