Search for content, post, videos

75 причини зошто сте несреќна (и 75 решенија)

 

Знаете ли дека сте несреќна само кога самата ќе си дозволите да бидете таква? Најчесто ние самите си создаваме лоша ментална слика во главата, а црното семе почнува да зрее и да нe обзема. Нерасположението и несреќата потекнуваат од многу работи. Ама, секој од нас поседува моќ да ги елиминира. Време е да го исечеме коренот на нашето нерасположение.

1. Желба – “Кога сте незадоволни, секогаш сакате повеќе, повеќе, повеќе. Вашата желба никогаш не може да се задоволи. Но, кога сте задоволна, можете да си кажете: “Имам се што навистина ми треба” – Далај Лама
2. Осаменост – “Во јазикот постои зборот “осаменост” за да се опише болката кога некој е сам. Но, постои и зборот “самотија” за да се опише убавината на моментите кои ги поминуваме сами со себе” – Пол Тилич.
3. Материјализам – “Став кон животот кој бара исполнување на едностраната потрага по богатство – накратко, материјализмот не се вклопува во овој свет зашто во себе не содржи лимитирачки принцип, иако околината во која се наоѓа е исклучително лимитирана” – Е.Ф.Шумахер
4. Посакувате да сте некој друг – “На снежната гуска не и треба капење за да стане бела. Ни вие не треба да правите ништо друго, освен да бидете таа што сте” – Лао Цу
5. Не наоѓате време – “Некои луѓе сакаат да се случи, некои се надеваат дека ќе се случи, некои остваруваат” – Мајкл Џордан
6. Се окружувате со погрешни (несреќни луѓе) – “Окружете се со добри луѓе. Без разлика дали се најдобри или не, малку треба да дознаете дали луЃето имаат добро срце и добра душа” – Кид Рок
7. Не сте ја пронашле својата цел – “Да ја пронајдете среќата е единствената морална цел на вашиот живот, и таа среќа, не болка или безумно самозадоволство, е доказ за вашиот морален интегритет зашто е резултат на вашата лојанлост кон постигнување на вашите цели” – Ајн Ранд
8. Се споредувате со другите – “Кога ќе престанете да го споредувате тоа што го имате сега и тука, со тоа што сакате да биде, ќе почнете да уживате во тоа што го имате” – Чери Хубер
9. Се претворате во некој што не сте – “Да бидете тоа што сте во свет кој постојано се обидува да ве смени, е најголемото постигнување од сите” – Ралф Валдо Емерсон
10. Заглавени сте во минатото – “Не се заглавувајте во минтото, не сонувајте за иднината, сконцентрирајте се на секашноста” – Буда
11. Се насочувате кон иднината – “Иднината започнува денес, не утре” – Папа Јован Павле Втори
12. Не сте здрава – “Начинот на кој размислувате, како што се однесувате, начинот на којшто јадете, може да влијае на вашиот живот во период од 30 до 50 години” – Депек Чопра
13. Негативна сте – “Престанете да мислите дека мора да запрете пред бариерите на вашата внатрешна негативност. Не треба. Но, можете да ја искршите… кога ќе почувствувате нешто негативно, веднаш уништете го” – Вернон Хауард
14. Неодговорна сте – “Долгорочно, си ги обликуваме животите и се обликуваме себеси. Процесот не сопира додека сме живи. А изборите што ги правиме, на крајот се само наша одговорност” – Елеонор Рузевелт
15. Перфекционист сте – “Јас сум перфекционист. Не можам да се сменам, се вознемирувам ако не успеам да завршам нешто на начинот на којшто сакам” – Џастин Тимберлејк
16. Ве плаши иднината – “Успехот не е крајната станица, неуспехот не е фатален: важна е храброста потребна за да се продолжи понатаму” – Винстон Черчил
17. Несигурна сте – “Задачата која мора да си ја поставиме не е да се чувствуваме сигурни, туку да научиме да ја толерираме сопствената несигурност” – Ерик Фром
18. Задолжена сте – “Човекот кој должи е роб на долговите” – Ралф Валдо Емерсон
19. Барате потврда – “Одберете се себеси” – Сет Годин
20. Имате поинаков начин на мислење – “Неколку луѓе, не многу, земаат се. Го добиваат најдоброто образование што може да го добијат, бараат повеќе, истражуваат… Овие луЃе имаат еден куп воншколски активности, прават нови проекти, имаат многу прашања. Што ново направивте вие денес?” – Сет Годин
21. Не се одбирате себеси – “Можете да се свртите во кој правец што сакате. Сама сте, знаете што треба да правите. Вие сте жената која знае што треба да прави во животот” – Др. Сус.
22. Немате вештини – “Навистина верувам дека секој поседува талент и способност со чија помош ќе може да успее во животот” – Дин Кунц
23. Ги запоставувате личните врски – “Довербата за врските меѓу луѓето е она што е вербата во госпел живеењето. Тоа е почетна точка, основата врз која може да се гради. Таму кајшто има доверба, љубовта цвета” – Барбара Смит
24. Одложувате – “Знајте ја вистинската вредност на времето, грабајте, земајте и уживајте во секој момент. Без денгубење, без мрзоволност, без одложување: никогаш не одложувајте за утре тоа што можете да го направите денес” – Лорд Честерфилд.
25. Не давате доволно – “Кога не ја искажувате благодарноста што ја чувствувате, е исто како да спакувате подарок кој нема да го подарите” – Вилијам Артур Ворд
26. Не добивате доволно – “Ќе добиете само ако побарате. Не одете до океанот со лажичка. Земете со себе кофа за да не ви се смеат децата” – Џим Рон
27. Се обидувате да контролирате се – “Кога ќе ви се зајакне самодовербата, ќе откриете дека веќе немате потреба да контролирате се, дека работите ќе течат по својот тек и дека и вие ќе се движите со нив, на ваша голема радост” – Емануел Тени
28. Држите лутина – “Сум се карала со многу луѓе, но никогаш не држам лутина. Знаете зошто? Додека вие се лутите, оние на кои сте им лута се надвор и се забавуваат” – Бади Хакет
29. Играте според правилата – “Ако ги почитувате сите правила, ја пропуштате забавата” – Кетрин Хепберн
30. Нереална сте – “Секогаш сакам да гледам на позитивната страна од животот, но доволно сум реален за да знам дека животот е комплексна материја” – Волт Дизни
31. Вашите професионални очекувања се нереални – “Животот е серија од природни и спонтани промени. Не им се опирајте – тоа само предизвикува тага. Реалноста нека биде реалност. Работите нека одат напред, онака како што треба” – Лао Цу
32. Не учите – “Сите што престануваат да учат се стари, независно дали имаат дваесет или осумдесет години. Сите што учат нешто ново, остануваат млади. Најважната работа во животот е да имате млад ум” – Хенри Форд
33. Имате неостварени соништа – “Постојаниот напор – не силата или интелигенцијата – се клучот кој го отклучува нашиот потенцијал” – Винстон Черчил
34. Здодевно ви е – “Животот на креативниот човек го води, насочува и контролира здодевноста. Избегнувањето на здодевноста е една од најважните цели во животот” – Сузан Сонтаг
35. Имате премногу обврски – “Ако работата и слободното време ги замените со утопискиот принцип на константни обврски, тогаш утопијата и меланхолијата ќе се судрат” – Гантер Грас.
36. Не спиете деволно – “Обожавам да спијам. Мојот живот се распаѓа кога сум буден” – Ернест Хемингвеј
37. Не поминувате доволно време сама – “Самотијата е место на прочистување” – Мартин Бубер
38. Премногу долго сте сама – “Што треба да прават младите денес со своите животи? Очигледно, многу работи. Но, најпредизвикувачката работа е да создадат стабилна врска со која се лекува најтешката болест – осаменоста” – Курт Вонегут
39. Глумите дека сте среќна кога не сте – “Пишувам од душа. Затоа критиките не ме допираат, зашто тоа сум јас. Ако не сум јас, ако се претворам дека сум некој друг, тоа може да го разниша мојот свет. Но, јас знам кој сум” – Паоло Куељо
40. Љубоморна сте (на луЃето кои се среќни) – “Не трошете си го времето на љубомора. Некогаш сте пред другите, некогаш сте зад нив” – Мери Шмич
41. Не си давате време за да си поставите цели – “Поставувањето цели е првиот чекор невидливото да стане видливо” – Тони Робинс
42. Не се обидувате да си ги реализирате соништата – “Сите ваши соништа можат да станат стварност, само ако имате храброст да ги следите” – Волт Дизни
43. Зависна сте од другите – “Најголемиот подарок кој можете да им го дадете на своите дека се корени на одговорност и крилја на независност” – Денис Веитли
44. Не можете да ја прифатите среќата (мислите дека не ја заслужувате) – “Или сите ние заслужуваме среќа или никој не ја заслужува” – Мери Гордон
45. Секагаш ви фали уште малку (верувате дека со следниот чекор ќе успеете) – “Алчноста е бунар без дно кој ја исцрпува личноста во бескрајниот обид да ги задоволи своите потреби, без притоа да доживее задоволство” – Ерик Фром
46. Ги игнорирате можностите – “Повеќето луѓе ги пропуштаат можностите зашто не ги гледаат и им делуваат како “работа” – Томас Џеферсон
47. Незадоволна сте – “Не дозволувајте вашиот карактер и вредностите, тајната што ја знаете само вие и никој друг, вистината – не дозволувајте да ве “проголта” големата машинерија на незадоволството” – Езоп
48. Си ја мрзите работата – “Каква професија и да имате, посветете се на работата. Секој треба да работи толку добро, што никој жив, умрен или не роден нема да може да ја врши подобро од него” – Мартин Лутер Кинг Јуниор
49. Во врска сте со погрешна личност – “Луѓето не се совршени… најчесто најсилните врски се оние во кои партнерите се избориле со големи кризи. Прифатете го предизвикот да се изборите со се” – Патриша Хјуит
50. Немате духовен живот – “Како што свеќата не може да гори без оган, луЃето не можат да живеат без духовен живот” – Буда
51. Не создавате никаква вредност (за другите) – “Обидете се да создадете вредност, не само успех” – Алберт Ајнштајн
52. Мрзлива сте – “Целете кон совршенство во се, иако најчесто не можете да го достигнете. Сепак, тие што целат кон совршенството и истрајуваат, ќе стигнат поблизу до него отколку оние чија мрзливост и малодушност ги тераат да се откажат зашто веруваат дека не можат да го остварат” – Лорд Честерфилд.
53. Не ви се случуваат возбудливи работи – “Ако правев се по свое, ако имав среќа, ако можев да бидам на работ целиот свој живот – тоа чувство на очекување и возбуда без разочарување – тоа ќе беше совршено чувство – Кејт Бланшет
54. Не припаѓате – “Кога градиме врски, создаваме извор на љубов и лична гордост и чувство на припаѓање кое го прави полесно живеењето во овој хаотичен свет” – Сузан Либерман
55. Немате вистински пријатели – “Многу луѓе сакаат да се возат во лимузината со вас, а вие сакате да имате некој кој ќе се качи со вас во автобус кога истата таа лимузина ќе се расипе” – Опра Винфри.
56. Се плашите од самата себе – “Не се плашам од успехот и научив да не се плашам од неуспехот. Единствено се плашам дека ќе се претворам во некој кој нема да ми се допаѓа многу” – Ана Квиндлен
57. Ја мешате структурата со контролата – “Како што зајакнува вашата верба, ќе откриете дека веќе не постои потреба да чувствувате контрола, дека нештата се движат по сопствен тек и дека и вие се движите со нив, на ваша радост” – Емануел Тени
58. Не живеете таму кајшто сте – “Учете од минатото, поставете живи, детаљно разработени цели за иднината и живејте во единствениот момент кој можете да го контролирате: овој сега” – Денис Вејтли.
59. Премногу го комплицирате животот – “Вистината е дека никогаш нема да знам се што треба да знам за вас исто како што вие никогаш нема да знаете се што треба да знаете во врска со мене. Луѓето се премногу комплицирани за целосно да се разбереме. Затоа може да одбереме дали ќе им пријдеме на другите со сомнеж или со отворен ум, со малку оптимизам или со многу искреност” – Том Хенкс
60. Не се фокусирате – “Причината зошто толку малку од нас го постигнуваат она што го сакаат навистина е затоа што никогаш не се фокусираме целосно само на една работа. Повеќето луѓе се расплинуваат во животот, никогаш не решавајќи се за нешто конкретно” – Тони Робинс
61. Премногу се грижите за тоа што мислат другите – “Мислам дека сите се блокираме заради срамежливост, несигурност, вознемиреност или психичка болокада. Приказните за луѓето кои ја надминуваат таа блокада се инспиративни, зашто секој од нас се блокира заради одредена причина” – Том Хупер
62. Не сте доволно благодарни – “Среќата не може да се поседува, заработи, да се носи или конзумира. Среќата е духовно искуство, можност секоја минута да се живее со љубов, грациозност и благодарност” – Денис Веитли
63. Не се опуштате – “Да имате верба значи да си верувате себеси кога сте во вода. Кога пливате не се држите за водата, зашто ако го направите тоа, ќе потонете и ќе се удавите. Наместо тоа, се опуштате и лебдите” – Алан Вотс
64. Не ризикувате – “Само оние кои ризикуваат да одат предалеку можат да откријат колку далеку може да оди некој” – Т.С.Елиот
65. Се ограничувате – “Прекрасното богатство на човечкото искуство ќе изгуби дел од радоста која ја добива како награда, доколку не постојат пречки кои треба да ги надмине. Врвот на планината нема да е толку убав доколку не мора да се помине низ темна шума за да се стигне до него” – Хелен Келер
66. Ги ограничувате другите – “Секој човек ги заменува ограничувањата во својата визија со ограничувањата во светот” – Артур Шопенхауер
67. Немате трпение – “Никогаш не сечете го дрвото во зима. Никогаш не донесувајте негативни одлуки за крако време. Не ги донесувајте најважните одлуки кога сте најлошо расположена. Чекајте. Бидете трпелива. Бурата ќе помине. Ќе дојде пролет” – Роберт Шулер
68. Немате хоби – “Уметниците обично не заработуваат многу, но, најчесто го продолжуваат своето уметничко хоби и покрај тоа” – Лајнус Торвалдс
69. Работите предалеку – “Среќен сум што немам проблеми со парите. Ручам дома со жена ми. Не морам да одам предалеку, па затоа имам повеќе време за моето семејство” – Казуо Исигуро
70. Не ви се допаѓа родниот град – “Среќа е да имате големо, внимателно, блиско семејство кое го обожавате, а живеат во друг град” – Џорџ Барнс
71. Немате куче – “Секое куче што нема 20 килограми е мачка, а мачките се безвредни” – Рон Свансон
72. Ги поистоветувате удобноста со среќата – “Западната култура ги извртува работите наопаку во моментов. Веруваме дека ако ни е пружено се, ќе бидеме среќни. Ги поистоветуваме удобноста со среќата. А сега ни е толку удобно, што сме мизерни. Не се бориме за ништо. Немаме чувство за авантура. Возиме автомобили, се возиме во лифтови – се ни е лесно. Открив дека сум жив кога се борам да добијам нешто, а во таа борба постои магија” – Дин Карназес
73. Окупирана сте со себе – “Кога се обидувате да советувате суетни луѓе, делувате како да свиркате против ветерот” – Томас Худ
74. Не сте во форма – “Физичкиот фитнес не е еден од најважните аспекти за здраво тело, туку основа за динамична и креативна интелектуална активност” – ЏФК
75. Не се сакате самата – “Ако се сакате самата, сите други нешта ќе си дојдат на место. Навистина мора да се сакате себеси за да добиете било што на овој свет” – Лусил Бел

Дозволете си да бидете среќна. Среќата е процес, патека по која мора да одите за да дојдете до целта. Затоа, “засукајте” ги ракавите и почнете да работите на својата среќа.