Search for content, post, videos

“Љубојна”со новата песна “Јас и ти” на Вера Милошевска

После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20 годишната кариера, бендот “Љубојна” повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика.

 Овој пат со новата песна “Јас и ти” на Вера Милошевска, со која песна Вера, со голем успех навлегува и во кантавторските води.
Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми.
Музиката и текст Вера Милошевска,
аранжман Оливер Јосифовски
Продуцент Мите Димовски студио “Тра ла ла”
линк
Со Почит од тимот на Љубојна