Search for content, post, videos

 Некои митови за летањето со авион

Постојат многу митови поврзани за летањето, а многумина од нас навистина не знаат дали се вистинити или не. Почнувајќи од тоа кое седиште во авионот е најбезбедно до тоа зошто некои авиокомпании немаат 13 ред или седиште број 13, се нижат многу митови, а ова се само дел од нив…

– Што се случува со отпадот во авионот?
На авиокомпаниите не им е дозволено да го исфрлаат отпадот во текот на летот, но може да се случи од него нешто случајно „да протече“. Безброј пакувања „син мраз“ (смрзнат материјал од авионската канализација се смета за дезинфекционо средство кое смрзнува на големи височини) паднале од многу авионски летови, а тие некогаш можат да предизвикаат и материјални штети.

– Што се случува кога пилотот ќе отиде во тоалет?
Дали некогаш сте се запрашале зошто се вклучува знакот за врзување на сигурносните појаси и покрај тоа што нема ни трага од турбуленција? Верувале или не, станува збор за тоа дека пилотот морал да отиде до тоалетот. Сепак, и тие се луЃе како нас.

– Дали молња може да собори авион?
Патничките авиони се неизбежно изложени на удари на молњи, кои во просек погодуваат барем еден авион годишно. Сепак молња не соборила авион уште од далечната 1967 година. Повеќето модерни летала мора да минат низа безброј тестови за да добијат сертификат за безбедност, а бидејќи надворешноста на авионот е главно изработена од алуминиум (одличен спроводник на електрицитет), струјата само тече по површината од местото на ударот до опашката на авионот.

– Зошто некои авиони немаат 13 ред?
Некои авиокомпании го укинале 13 ред во своите авиони за да не ги плашат суеверните патници. Меѓу нив се Air France, Emirates, Lufthansa и Ryanair. Lufthansa нема дури ни 17 ред бидејќи се смета за несреќен во Италија и Бразил.

– Дали тоалетите мора да имаат пепелник?
И покрај тоа што пушењето е забрането во авионите веќе 15 години, сите авиони и понатаму мора да имаат пепелници во тоалетите. Всушност, ако некој патник го прекрши правилото, барем нема да ги загрози туѓите животи како што се случило во 1973 година кога поради цигара бил запален и урнат авион.

– Дали мобилен телефон може да предизвика пад на авионот?
За ова прашање с# уште многу се полемизира, но моментната регулатива им дава можност на сите превозници да ги забранат сите уреди кои би можеле да ја загрозат безбедноста на патниците. Всушност, експертите сметале дека електромагнетните бранови кои ги емитуваат мобилните телефони можат да ја загрозат електрониката на авионот и да предизвикаат негов пад. Сепак едно истражување покажало дека тоа не е можно.

– Кое седиште во авионот е најбезбедно?
Седиштето кое е најблиску до излезот е најбезбедното седиште во случај на несреќа, тврдат научниците од Универзитетот во Гринвич. Врз база на проучувањата на 105 авионски несреќи и 2000 преживеани, се покажало дека е најдобро да се седи најмногу 5 реда од излезот во случај на пожар.

 

 

– Зошто храната во авионите има поинаков вкус?
Тоа не е само ваше мислење – храната во авионот навистина има поинаков вкус. А тоа се должи на следново: воздухот во авионот го исушува носот, а промената во воздушниот притисок ги парализира една третина од клетките на сетилото за вкус. Затоа авиопревозниците честопати додаваат многу сол и зачини во авионската храна.