Search for content, post, videos

А кој не сака да биде успешен?

УСПЕХОТ НА МНОГУМИНА ИМ СЕ ЧИНИ НЕДОСТИЖЕН. ПОСТОЈАТ БЕЗБРОЈ НАЧИНИ КАКО ДА ГО ОСТВАРИТЕ, НО СЕПАК, ПОВЕЌЕТО ОД НАС СЕ ОБИДУВАМЕ САМИ ДА ОТКРИЕМЕ НАШ НАЧИН. ОВА ВОДИ ДО ГУБЕЊЕ НА СКАПОЦЕНОТО ВРЕМЕ ЗА ДА ГО СТЕКНЕМЕ ПОТРЕБНОТО “ИСКУСТВО” ЗА УСПЕХ. А ЗА ДА НЕ СИ ГО ГУБИТЕ ЗАЛУДНО ВРЕМЕТО, ЕВЕ ВИ ЛИСТА НА СОВЕТИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ПОЛЕСНО ДА СТИГНЕТЕ ДО ЦЕЛТА. ОБИДЕТЕ СЕ ДА ГИ ИМПЛЕМЕНТИРАТЕ ВО ВАШИОТ СЕКОЈДНЕВЕН ЖИВОТ. ЛУЃЕТО КОИ ГО НАПРАВИЛЕ ТОА, ВЕЛАТ ДЕКА ЖИВОТОТ ИМ СЕ СМЕНИЛ, А ТОА ВЛИЈАЕЛО НА НИВНИОТ УСПЕХ, СРЕЌА, ПРОДУКТИВНОСТ И СЛОБОДА.
1. ПОЛЕСНО ЌЕ ПОСТИГНЕТЕ УСПЕХ АКО РАБОТИТЕ ВО ТИМ
Успехот не настанува од ништо. Потребно е многу труд од многу луѓе за да се успее во нешто. Најуспешните луѓе имаат партнери, учители, ментори, соработници и колеги, кои учествуваат во конечниот резултат. Исто така, нивото на успешност може да се зголеми ако ги соедините вештините и знаењето на сите во тимот. Затоа: организирајте тим во кој ќе ги соберете најдобрите
луѓе кои ги знаете.
2. ШАНСИТЕ СЕ НАСЕКАДЕ ОКОЛУ ВАС
Таму каде што има некој проблем, има и шанси за вас. Светот е полн со предизвици кои чекаат да бидат решени. Како што напредувате, секојдневно наидувате на нови пречки. Луѓето кои преземале иницијатива за решавање на тие проблеми, се збогатиле. На општеството му треба некој кој ќе најде подобро решение, а тоа можеби сте токму вие. Откријте ги шансите кои ви
се нудат во животот.
3. ПОВЕЌЕ ЌЕ ПОСТИГНЕТЕ СО ПОЗИТИВНИ ОТКОЛКУ СО НЕГАТИВНИ ОДГОВОРИ
Стравот силно влијае на животот на секој од нас. Поради него секогаш не донесуваме најдобри одлуки. Често ги одбивате шансите кои би можеле да го искачат вашиот живот на повисоко ниво. Со потврдните одговори доаѓаме до волшебни промени во животот. Бидете похрабра. Запомнете: повеќе ќе добиете ако се движите напред, отколку ако стоите во место. Секако, понекогаш и ќе губите, но ако го совладате стравот од губиток, ќе бидете слободна. Почнете да ги прифаќате шансите кои ви се нудат во животот.
4. СЛИЧНОСТИТЕ СЕ ПРИВЛЕКУВААТ
Физичарите тврдат дека енергиите на иста фреквенција ги привлекуваат сличните енергии. Истото важи и за нас. Позитивниот став ги привлекува позитивните резултати. Негативниот став има негативен резултат. За да добиете попозитивни резултати, повеќе практикувајте го  позитивниот став. Така ќе ги привлечете саканите резултати во вашиот живот.
5. ПАТОТ КОН УСПЕХОТ Е ВЕЌЕ ПОПЛОЧЕН
Да се зафатите повторно да откриете топла вода, е само губење на време. Спротивно на она што не учеле на училиште, добро е да копирате. Луѓето веќе го поплочиле патот кон успехот. Едноставно, учете од нивните постапки. Секоја индустрија има сопствен модел кој го движи процесот на успех. Животот ќе ви биде многу поедноставен кога ќе го откриете и примените тој модел.
6. ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ
Едноставно сте се удавиле во секојдневните задолженија. Колку сте поуспешна, обврските ви се зголемуваат, а со нив и одговорноста. Но, сфатете, многу е важно убаво да се забавувате во секој период од животот. Често луѓето ги одложуваат веселбите додека не остварат некоја зацртана цел. Многу е важно покрај сите работи да си оставите време и за себе. Опуштете се и не сфаќајте се пресериозно.
7. РАБОТЕТЕ ПОПАМЕТНО, А НЕ ПОВЕЌЕ
Да копате канали е многу тешка работа, а иако е тешка, работата не е платена. Во светот повеќе се плаќа менталната способност од физичката. Обидете се да најдете начин како да ги  систематизирате работите и побрзо да се ослободите од нив. Запомнете: повеќе се цени умствениот од тешкиот или физички труд.
8. ПРЕДМЕТИТЕ НЕ НОСАТ СРЕЌА
Најбогатите луѓе не се секогаш и најсреќни. Прекрасно е да имате се што ќе посакате, па сепак, многу е важно да разликувате што ви е најбитно. Среќата што ни ја даваат предметите е само привремена. Среќата е состојба која извира од нас самите, ретко кога доаѓа однадвор.
9. НА КОЈ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА ДРУГИТЕ
Колку време се обидувате да бидете како другите? Вашето его е врзано за туѓото мислење. Бидете своја. Игнорирајте го она што другите го зборуваат за вас. Најдобро е да го работите она што ве исполнува. Премногу луѓе го работат она што го сака некој друг. Живејте го својот живот онака како што сметате дека е најдобро за вас.
10. СЕКОГАШ ПОСТОИ НЕШТО ЗА ШТО БИ ТРЕБАЛЕ ДА МУ БИДЕТЕ БЛАГОДАРНА…
Без разлика колку ви е лошо во животот, секогаш постои нешто на кое можете да бидете благодарна. Благодарноста е прекрасна работа која може да ве извади од потиштеноста. Погледнете ги работите од позитивната страна, тоа секогаш помага несаканите ситуации побрзо
да поминат. Запомнете: секогаш постои некој на кој му е полошо од вас.
11. СЕКОЈ ПОМИНУВА НИЗ ЛОШИ ПЕРИОДИ ВО ЖИВОТОТ
Слушајќи ги луѓето како раскажуваат, ќе помислите дека тие се единствени кои имаат проблеми. Вистината е поинаква: секој преживува околности кои не се пријатни: болест, финансиски проблеми, смрт на некој близок која неизбежно ги погодува сите луѓе во различни животни
периоди. Оддолејте му на искушението да мислите дека сте вие единствената која го доживеала тоа. Кога ќе се најдете во негативни ситуации во животот, продолжете напред знаејќи дека другите успешно се носат со слични ситуации.
12. ИСПЛАНИРАЈТЕ ГО СВОЈОТ ЖИВОТ И ЖИВЕЈТЕ ГО СВОЈОТ ПЛАН
Ајде искрено одговорете, би тргнале ли на патување без авто-карта? Секако дека не! Па сепак, повеќето од нас така му пристапуваат на животот без било каков претходно размислување за тоа каде би сакале да одат. Всушност, луѓето поминуваат повеќе време во планирање на годишниот одмор, отколку во планирање на сопствениот живот. Истражувањата покажале дека оние луѓе кои си ги запишуваат своите цели кои сакаат да ги постигнат, заедно со планот како да ги остварат,
се многу поуспешни од оние кои тоа не го направиле.
13. НЕУСПЕХОТ Е ВАШИОТ НАЈДОБАР УЧИТЕЛ
Тешко е кога доживувате неуспех. Но, тоа може да биде ваше највредно искуство. Најверојатно, сите успешни луѓе порано или подоцна доживеале неуспех. Лекциите што ќе ги научите од овие ситуации, го претвораат неуспехот во скапоцено искуство. Седнете и анализирајте зошто работите испаднале такви и потрудете се повеќе никогаш да не ја направите истата грешка. На овој начин животот ве подготвува за следните предизвици.
14. ПОВЕЌЕТО ЛУЃЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ВИ ПОМОГНАТ
Имате чувство дека се треба сама да направите. Ова влече корени од убедувањето дека на другите не им е гајле за тоа. Вистината е: повеќето луѓе ќе се потрудат да ви помогнат онака како што знаат и умеат. Луѓето во суштина се добри и сакаат да помогнат. Секој се чувствува убаво кога им помага на другите. Ослободете се од потребата се да направите сама и замолете ги другите за помош. Ќе ве изненади топлиот прием на вашите молби.
15. ПОЧЕТНАТА ТОЧКА Е НЕБИТНА
Постојат стотици приказни за луѓе кои тргнале од многу лоши околности и оствариле голем успех. Оние луѓе кои за својот неуспех ја обвинуваат околината го користат тоа како поткрепа. За оние кои се подготвени да побараат, шансите постојат на сите животни полиња. Битно е каде одите, а не од каде сте тргнале.
16. СЕ ЗАПОЧНУВА ОД ИДЕЈА
Се што досега создал човекот тргнало од замислата во нечија глава. Секој ден секој од нас има некои идеи, кои најчесто ги занемаруваме. Задржувањето на една од тие идеи може да го промени начинот на кој функционира светот. Исто така, вистинскиот начин на размислување
повеќе од другите фактори влијае на вашиот успех. Затоа: обрнете внимание на тоа што се случува во вашата глава.
17. ИМАТЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ТАЛЕНТИ ОД ОНА ШТО ДОСЕГА СТЕ ГО ОТКРИЛЕ
Секој на оваа планета е создаден со неверојатна количина на способности. Па сепак сте убедена дека не можете ама баш ништо да сторите. Ваквиот негативен став може да ви го уништи животот. Во овој момент во вас се сокриени неверојатни вештини. Ако почнете да им кажувате “да” на шансите во животот, ќе откриете кои се вашите таленти. Често не сме ни свесни што се
можеме да направиме се додека некоја ситуација не не наведе на тоа.
18. СЕ Е РАБОТА НА ПЕРСПЕКТИВАТА
Дури и кога мислите дека нешто е вистинито, тоа всушност е само вашата перспектива на работите. Вашето гледиште обично одрекува дека нешто ќе сфатите. Дали е чашата полна до половина или полупразна? И двата одговора се точни, зависно од вашето гледиште. Имајте го ова на памет секогаш кога сте убедена дека сте во право, а некој друг е во заблуда. На крај може да излезе вие да сте заблудената страна.
19. СТОПЕТЕ СЕ СО ВАШАТА СУШТИНА
Некои ова го нарекуваат страст, други смисла на животот. Без разлика на изразот, постои нешто во животот што само вие можете да го направите. Добро размислете што е тоа. Сите големини се плод на трудот. Не грижете се за функцијата на наградата. Луѓето кои се стопиле со сопствената суштина, додека ги покажуваат своите таленти на светот се истовремено и добро платени. Откријте ја вашата суштина и следете ја.
20. ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОМЕНИТЕ СВЕТОТ
Не постојат граници на тоа што вие можете да го направите. Многу значајни личности во историјата почнале многу скромно. Тие биле просечни луѓе кои покажале надпросечни способности кога тоа било потребно. И вие можете да го направите истото. Идеите кои ги имате во моментот можат да влијаат на илјадници, ако не и на милиони животи. Почнете да го прифаќате ова како ваша реалност