Search for content, post, videos

Јагоди во лиснато тесто

Лиснатото тесто извадете го од фрижидер барем половина час пред да го расукате. На хартија за печење ставете шеќер во прав, врз неа поставете го расуканото тесто, па посипете го и тестото со шеќер во прав. Сукајте уште малку за да стане уште потенко, па уште еднаш посипете го со шеќерот во прав. Исечете го тестото на ленти, а дебелината на лентата нека зависи од големината на јагодите. Јагодите ставајте ги една до друга врз тестото, но не на почетокот и не до крајот, а притоа еден дел нека е над тестото за тие да се гледаат кога ќе се испечат колачите. Кога ќе го свиткате тестото во вид на ролат, крајот навлажнете го со вода и залепете го. Врз него ставете парче маргарин или путер. Печете ги колачињата додека да заруменат во претходно загреана рерна на 250 степени. Послужете ги топли, украсени со шеќер во прав.

Потребно:
1 пакување лиснато тесто
Шеќер во прав
Свежи јаготки
Малку маргарин или путер