Search for content, post, videos

Ако сакате повеќе подароци…

 

 

Не постои жена која не го знае правилото дека, ако сака да добие нешто од својот партнер, најефективен начин да го постигне тоа е отворено да го побара она што го сака

Кога се вели дека не треба само да очекувате од него тој да знае што сакате или да ги соопштувате своите желби во “завиткана” форма, се мисли на тоа дека вашиот партнер всушност не е невнимателен И скржав туку напротив – тој едноставно не е телепатски поврзан со вас за да знае што сакате и не може баш разбирливо да ги сфати вашите суптилни навестувања. Но освен што треба отворено да му кажете што сакате, всушност треба да знаете и како да му го соопштите тоа.

Еве како да постапите

Ако на вашиот сакан му кажете: “Ти никогаш ништо не ми подаруваш”, вашето незадоволство ќе избие во прв план, но сепак и понатаму ќе остане нејасно што е она што го сакате, а освен тоа ќе постигнете и контраефект бидејќи тој ќе се чувствува нападнат како никогаш ништо да не ви подарил. А тоа не е вистина, и вие всушност не сакате да го напаѓате, нели? Само сакате барем малку почесто да ве изненадува, и тоа не мора да бидат скапи подароци, доволно е само мало внимание и знак дека сепак мисли на вас.

Ако сакате да добивате подароци од својот сакан, заборавете на лажната љубезност за која веројатно ви зборувала мајка ви додека бевте малечка. Ако тој ви подари букет цвеќе, а вие му одговорите: “Многу е убав букетот, не си требал, тој ќе помисли дека или не ви се допаднал или не сакате подароци од него или дека не сакате цвеќе а не сакате тоа отворено да му го кажете (во тој случај веќе не би ви носел цвеќе сe додека отворено не му кажете дека всушност се топите од среќа секојпат кога ќе ви подари макар само едно цветче).

Затоа, кога сакате да добиете подарок, а сепак ви е толку непријатно отворено да го порачате, правете го тоа постепено и посуптилно… секојпат кога ќе ви подари нешто, наместо да велите дека “не требало”, само кажете му дека многу ви се допаѓа и дека уживате во малите слатки подароци кои ги сфаќате како гест на внимание и љубов. Вашиот сакан сака да види кога ќе се израдувате и во очите да ја препознае искрата дека ве “погодил” со својот подарок. Затоа бидете искрена и отворено покажете ги емоциите. Низ разговор наговестете му што ве привлекува и какви подароци всушност сакате. И наскоро ќе се изненадите. И тоа многу пријатно…