Search for content, post, videos

АЛОЕ ВЕРА и нејзините добри својства

Алое вера е чудесно растение и нејзините добри карактеристики за здравјето на човекот се многубројни. Без причина не ја именувале во текот на вековите како “волшебно растение“, “рајски благослов“, “еликсир на животот“ и “билката на животот“. Низ историјата многу познати личности и лекари ги користеле лековитите својства на алое верата. Листот на алоето содржи горчливо-жолта течност – алое вера гел, кој поседува чудесна лековита моќ. Пред да ги откријат лековитите својства на ова растение, алое вера ја сметале за голема тајна. Денес научните истражувања го разоткриваат богатиот хемиски состав на ова растение, кој состав ја објаснува огромната способност на алоето во лекување на многу болести. Сокот од алое вера содржи околу 240 хранливи и лековити состојки како: витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, Ц, Е, потоа фолната киселина, минералите калциум, калиум, магнезиум, железото, аминокиселини, ензими, сапонини и многу други делотворни состојки. Сите знаеме дека ало вера магично делува на кожата, помага околу изгореници на кожата, каснувања од инсекти, алергиски реакции на кожата, акни, рани, екземи…Оваа исклучителна билка го спречува развојот на бактериите и вирусите, го забрзува процесот на регенерација на клетките. Токму поради тоа алое вера успешно ги спречува кожните проблеми и го забрзува процесот на зараснување на раните на кожата. Оваа билка може да се користи како за надворешна, така и за внатрешна употреба во зачувувањето на здравјето на човекот. Алоето има широк спектар на делување и поради тоа се применува за лекување и превенција на многу болести. Алое вера помага кај: кај колитис, проливи, опстипација и синдорм на иритирано дебело црево. Ја регулира работата на системот за варење и киселоста во желудникот, помага кај болки во стомакот. Ја чисти крвта и ги сузбива штетните и отровни состојки од организмот, го регулира шеќерот во крвта, го забрзува процесот на метаболизам и помага кај слабеење, го забрзува процесот на зацелување на ткивата. Потоа го регулира крвниот притисок и ги спречува болестите на крвниот систем и го јакнее имунитетот на организмот, го спречува растењето на туморните станици во организмот, ги намалува отоците и воспаленијата. Ги ублажува симптомите на асма и алергија, ги уништува вирусите, бактериите, паразитите, помага кај болестите на очите, помага кај одвикнувањето од дрога, алкохол и цигари. Алое вера е “откритие“ на модерната медицина. Во последните години науката потврди многу лековити својства на ова ратсение, и алоето е потврдено како едно од најлековитите растенија што постојат во светот, посебно во борбата против канцерот. Дали ке ја користите надворешно или ке ја пиете течноста од алое, посекако ќе има совршено дејство на вашето здравје.

Рецепти од алое вера: Состав: 200 гр. алое вера(Aloe barbadensis), 100гр. листови од камилица, 100 гр. корен од водопиј (Cichorium intybus), 100гр. шипка, 200 гр. мед со саќе и 200дл. црвено вино. Се меле свежото алое вера, камилицата и водопиј, па потоа шипката и медот со саќе и сето тоа се става во стаклен сад, се посипува со вино, добро се промешува и затвора. Се остава да отстои 10 дена на ладно и темно место и потоа се процедува и се пие течноста 3-4 пати на ден по една голема лажица. Вино од алое вера – виното од алое и мед ја чисти крвта, ги исфрла штетните и отровни работи од организмот и ја зацврствува отпорноста на човековиот организам. Лосион за лице од алое вера –  се зема 50мл. вода од ружа, 50мл. глицерин, 50мл сок од алое вера, 1-2 мали лажички сок од лимон и сето тоа се става во стаклен сад и добро се меша. Со лесна масажа лосионот наненсете го на влажно лице и потоа исплакнете со топла вода. Рок на употреба до 5 дена од денот кога е направен лосионот. Освен за нега на лицето сокот од листовите на алое вера може да се употребуваат и како “зелена прва помош“ кај рани, изгореници, егземи и кај каснувања од инсекти.

Кратка историја на алое вера – Алое вера е омилена лековита билка на многу народи во светот. Древните лекари ја сметале за благослов на човештвото. Потеклото на Алое вера е од Северна Африка. Нејзиното име потекнува од арапскиот збор “alloeh“, што значо горко. Ова име алоето го добило поради својот сок кој има многу горчлив вкус. Вера на латински значи вистинска и се однесува само на еден вид на алое Aloe barbadensis miller кое е она вистиснкото алоеПостојат повеќе од 300 видови на алое, но само 4 од нив поседуваат лековити својства.  Aloe barbadensis miller поради своите високи лековити својства се наоѓа на врвот. Првото споменување на алое вера како лек е пронајдено уште на сумерските глинени табли стари 2100 години пред нашата ера. Таблите се изработени во времето на кралот Акада и кажуваат за медицинските способности на ова растение. Древноста на алоето ја потврдуваат и египетските папируси стари 1500 години пред нашата ера. Познатата “Египетска книга на лекови“ на папирусите ја разоткрива тајната на алоето и како старите египјани го користеле алоето во медицински цели. Старите египјани ја нерекувале “билката на бессмртноста“ и ја користеле во лекувањето на инфекции, против парзити и кај кожните болести. Кралиците на Египет го сметале алоето како извор за нивната убавина, а фараоните ја носеле во својот задгробен живот во гробниците. Афричките ловци го користеле алоето како природен деодорант. Филипинците со алое ги лечеле инфекциите на бубрезите. Во Индија, Кина, стара Грција и Римското царство алое вера се скористело како средство против рани, повреди, изгореници, инфекции, воспаленија и отоци. Алоето се смета за подмладувач на организмот бидејки во себе истовремено содржи четири вкуса: сладок, кисел, горчлив и лут.  Растенијата кои содржат 4 вкуса се ретки и се сметаат за исклучително лековити. Според легендата, Аристотел го советувал Александар Македонски да го освои островот Сокотра во Индискиот Океан. Овој остров во тоа време бил расадник на Алое вера растението. Поседувањето на овој остров на кој растело алое вера ја снабдувало војската на Александар Македонски со залихи од волшебниот лек за рани и повреди. Војската на Алексаднар го користела алоето не само за надворешна употреба туку и го јаделе алоето и го пиеле сокот од алое. Пред да тргнат во битките војниците пиеле од сокот на алоето за да се заштитат од инфекции кои ги добивале пиејки од водата и јадејки од храната за време на битките. Према легендата алое вера ја направила војската на Алксандар неуништива затоа и се смета дека била омилено растение на Александар Македонски. Постои легенда која кажува дека ова растение му го спасила животот на Александар. 330 година пред нашата ера. за време на опсадата на Газа, Александар бил ранет со стрела и раната се инфицирала. За време на неговиот пат преку Египет и Либија состојбата на Александар се влошила. На патот према Персија Александар ја посетил оазата Шива каде свештеник му ја премачкал раната со алое вера. Со моќта на алоето раната зараснала. Тогаш Аристотел го советувал Александар да го освои островот на алоето со што  си обезбедиле доволни количини од ова волшебно лековито растение. Клеопарта пак ја користела за хидратација на својата кожа. Кралот Соломон исто така високо ги ценел  лековитите својства на алоето, дури и ја одгледувал во своите градини. Денес алоето се одгледува во многу делови од светот каде преовладува топлата клима. Алоето има широка употреба во средствата за лична хигиена, козметиката, средставта за чистење, а многу е популарна и како додаток на јадењата. Иако алоето изгледа како кактус, припаѓа на фамилијата лијани. Алое вера содржи околу 240 хранливи и лековити својства и има многу позитивно влијание на здравјето на човекот. Употребувајте го.

Силвана Јованчева