Search for content, post, videos

БЛЕСОЦИ ВО НАЈЛУДАТА НОЌ

НОВА ГОДИНА СЕ БЛИЖИ, А ВИЕ СЕКАКО НЕ МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ПРОТИВ ФАКТОТ ДЕКА ТОКМУ ВО ТАА НОЌ. САКАТЕ ДА ИЗГЛЕДАТЕ ПОУБАВО ОД БИЛО КОГА.
И КОГА ЌЕ СЕ ЗАМИСЛИТЕ МАЛКУ, ЌЕ СФАТИТЕ ДЕКА И НОВА ГОДИНА Е КАКО И СЕКОЈ ДРУГ УБАВ ДЕН, ИЛИ ДЕН КОГА ИЗЛЕГУВАТЕ ДА СИ ПОМИНЕТЕ УБАВО СО ДРУШТВОТО, СО ПРИЈАТЕЛИТЕ, СО САКАНИОТ. НО СЕПАК Е НОВА ГОДИНА И СЕ НА ВАС МОРА ДА БИДЕ ЕДНОСТАВНО СОВРШЕНО

СЕКСИ ИЗГЛЕД
ОД САМРАК ДО ЗОРИ
За да го доловите оној краен новогодишен блесок, неопходни ви се неколку мејкап стратегии. Секако, тие ќе
треба да ги направите на самиот ден, пред да се впуштите во новогодишното лудило, а ќе ви помогнат да го
задржите блескавиот изглед на кој веројатно им завидувате на холивудските ѕвезди – совршен мејкап од самрак до зори, а потоа утро без подочници и знаци умор на лицето.

ПРЕД ЗАБАВАТА
Испланирајте ја целата гардероба која мислите да ја носите. Внимателно комбинирајте ги парчињата облека
заедно со накитот. Тоа важи и за шминката, бидејќи и таа бара внимателно нанесување на слоевите, исто како и облеката.

НАВЛАЖНЕТЕ ЈА КОЖАТА
Ништо не може да ви го наруши изгледот како сувата кожа. Уште полош ефект ќе добиете ако на така сува кожа нанесете шминка. Мејкап артистката Пати Дуброф која се грижи за изгледот на Кејт Винслет, открива како познатата актерка се справува со сувата кожа, а тоа е со помош на хидрантни маски. Кожата не е никогаш доволно заштитена, па дури и да решите да излегувате во незачадени простории. Пред да
почнете со нанесување на шминката, нанесете заштитен серум.

ОСНОВАТА Е НАЈВАЖНА
Придушената светлина во ноќните клубови е сојузник на романтиката, но и на вашиот тен, бидејќи ги сокрива сите недостатоци и најситните неправилности. Затоа нема да ви бидат потребни тешки пудри кои ги
“задушуваат” порите. Доволно е само да употребите долготраен коректор со кој ќе го сокриете евентуалното црвенило и темните подочници.

ПОИГРУВАЈТЕ СИ СО ПУДРИТЕ
Но можеби вашиот избор не се клубовите со придушена светлина, туку некој убаво осветлен ресторан. Во тој случај, ќе морате да се погрижите тенот да ви биде совршено блескав. Најнапред изедначете го, а тоа направете го со помош на крем пудра и сунѓерче. Крем пудрата е доста компактна и трајна. На крајот на јаболчниците нанесете светликаво руменило. Тоа ќе му даде вистински блесок на вашето лице.

НАГЛАСЕТЕ ГИ ОЧИТЕ
Актуелните трендови го бараат токму тоа, но и ноќната светлина која ќе ја “проголта” дискретната
шминка на вашето лице. Затоа, најнапред направете подлога со тенок слој коректор, а потоа препуштете им се на сенките за очи. Во предвид доаѓаат бакарната (наместо сивата), потоа бронзената (заборавете
ја светло розовата) и боја на слива (наместо светло виолетовата).

Окото
вообличете го со туш
(бидејќи е попостојан од
моливот за очи) и
завршете со два слоја
водоотпорна маскара.

 

 

 

НЕ ГИ ЗАПОСТАВУВАЈТЕ УСНИТЕ
За суперзаводливи усни кои ќе останат такви во текот на целата ноќ, обрнете посебно внимание. Пред се, бидете практична во изборот на боите. Наместо интензивно црвена, одберете долготраен кармин во
некоја помирна нијанса, на пример боја на јаготка.

НА ЗАБАВАТА
Забавата е во полн ек, но вашата шминка не е. По неколку часа забележувате дека изгледот ви е некако
поспан, а сепак не се чувствувате така. Еве како да ја повратите свежината…

ПОПРАВЕТЕ ГО ПОГЛЕДОТ
Природната маснотија на кожата предизвикува оштетувања на сенката на очите. Како да го поправите тоа? Едно од решенијата е со себе да носите несесер со шминки. Но, со оглед на тоа дека во вечерните чантички никогаш нема место, мејкап артистката која е задолжена за шминката на актерката Елен Помпео (играше во серијата “Вовед во анатомија”), го предлага следното: четкичката за шминкање натопете ја во сенката, завиткајте ја во книжно шамивче или ставете ја во мала кесичка и сместете ја во малото џепче на чантата. На четката ќе остане токму онолку сенка колку што ви е потребно за да ја обновите старата шминка.
Маскарата ви се размачкува? Натопете едно мало памукче (од оние кои ги имате за отстранување на шминката) во сосема малку тоник и исто така спакувајте го во џепчето на чантата. Лесно ќе го отстраните само размачканото без да ја оштетите останатата шминка. Ако трепките ви се слепуваат, едноставно поправете ги со помош на чепкалка за заби.

ОСВЕЖЕТЕ ЈА КОЖАТА НА ЛИЦЕТО
По неколку часа танцување, шминката полека почнува да бледнее, да се симнува. И тоа нерамномерно, па можеби ќе забележите и некои дамки на лицето. Во таков случај, најпрвин отстранете го сјајот од лицето и тоа од Т-зоната, впивајќи во себумот исклучиво со хартиено шамивче. Не тријте, туку само натапкајте. А потоа нанесете малку крем за лице на оштетените делови за да ги изедначите.

БЛЕСКАЈТЕ ЦЕЛА НОЌ
Нанесете малку туш во златна боја (или сенка за очи во истата боја), во внатрешните агли на очите. Ова е најлесниот начин моментно да заблескате и да ги направите очите да делуваат визуелно поголеми.
Уште подобро: нанесете светликаво руменило малку под очите и на образите. Така ќе го сокриете црвенилото и ќе ја направите кожата посјајна. Ако сте заборавиле да го понесете карминот, не очајувајте. Во текот на вечерта нанесувајте од сјајот за усни и така ќе го задржите блесокот во текот на целата вечер.