Search for content, post, videos

Божествената лаванда

Прочистување на духот и телото… Божествена?… О, да. Лавандата навистина е Божествена… уште при првиот поглед на нејзината прекрасна виолетова боја, таа ве привлекува! Многу е лесно да се заљубите во лавандата – растение кое поседува атрактивни листови, прекрасен цвет и волшебен мирис…

Знаеме дека виолетовата боја во основа е мешавина на црвената и сината боја, односно бојата на страста и бојата на умствените способностости. Тое е целта на  ланадата да ги исцелува и духот и телото.  Лавандата чисти од многубројните отрови кои секојдневно, свесно или несвесно, ги внесуваме во нашиот организам. Нејзиното име потекнува од латинскиот збор lavare, што всушност значи прочистување. Лавандата е растение кое е отпорно на суша и совршено за разновидни градини и стилови. Таа секогаш нè асоцира на лето поради својот свеж мирис, но и медитеранското потекло. Лавандата е едно е најароматичните и најлековити билки кое ги има во нашите дворови.

Благодетите од лавандата ги познавале уште старите Грци и Римјани кои ја користеле за освежување, дезинфекција и лекување,  а за исти цели се користи и денес. Како диворастечко растение е распространето во Јужна Франција, Источна Шпанија, Италија и Северна Африка. Ова растение, исто така, може да се одгледува и на нашите полиња. Тоа нема многу големи барања по однос на почвата. Успева скоро на сите типови почва кои содржат доволно варовник. Расте и на многу сиромашни и каменити почви. Не и одговара само влажна и кисела почва. Како топлољубиво растение има големи потреби од топлина, а особено за светлина. Се препорачува да се одгледува на поголема надморска висина, максимум до 500 метри. Еднаш штом ќе се засади, ќе го украсува вашиот двор со години. Оваа билка цвета два пати годишно.

Сестраната употреба на лавандата… Цветовите од лаванда, освен за декорација, може да се искористат за добивање на етерично масло, против молци во ормарот, за подготовка на разни чаеви, додаток во јадење, а многу одамна ја употребувале за прочистување на духот и телото…Грците го мачкале челото и темето со масло од лаванда, бидејки мислеле дека ова растение одлично делува во ширење на умствените способности. Диоген ги масирал своите стопала и нозе со масло од лаванда и на тој начин мирисот на лаванда се ширел од долу према горе  и целото тело било обвиткано со прекрасниот мирис на лаванда. Лавандата се користи кај несоница, депресија и анксиозност. Римјаните имале навика во водата за перење на своите облеки да ставаат лаванда, токму поради нејзините антисептички и антибактериски својства. Благодарение на своите лековити дејства, таа за време на војните се користела како средство за дезинфекција на раните од ранетите војници.
Таа помга и при болки. Нејзиниот благ и убав мирис многу смирува, опушта и ја победува напнатоста. Користењето на лавандиното масло при масажа на телото помага за отстранување на ревматските болки и болките во мускулите по зголемена физичка активност. Предноста на маслото од лаванда е тоа што може да се користи неразредено и како такво ја поттикнува регенерацијата на кожата. Маслото е одлично средство за исцелување на рани, акни, екземи и изгореници на кожата. Лавандата е корисно средство во лекувањето на сите бактериски инфекции на кожата. Етеричното масло од лаванда се користи и за инхалација, со тоа што во врела вода ќе ставите неколку капки од лавандата и на тој начин се прочистуваат дишните патишта и се освежува целиот организам.

Перниче наполнето со цветови од лаванда ќе ви обезбеди мирен сон. Ако се потсетиме на приказната според која Клеопатра кога го завела Марк Антониј, користела вода со лаванда, може да се заклучи дека лавандата има и афродизијачки својства. Дури лавандата се употребува  и во кујната при подготвување на многу јадење, бидејќи освен заводливиот мирис има и деликатесен вкус и се употребува како зачин и во слатки и во солени јадења.. Од лавандата се прави и одличен вкусен чај кој ги регулира желудечните тегоби. Може да се подготви и вкусен сируп, кој може да се користи како освежувачки напиток или како додаток на коктели, овошни салати, сладоледи и колачи.

Масло од лаванда – во стаклен сад од 1 литар се ставаат листови од лаванда, се потопува со маслиново масло и сето ова стои на сонце триесетина дена со повремено мешање на содржината, за убаво да се измешаат сите состојки. Користете го ова масло од лаванда секојдевно. Одлично е за масажа, за одржување на витална кожа, како и добро средство во борбата против комарците.

Уживајте во божествената лаванда и користете ја максимално.

Силвана Јованчева