Search for content, post, videos

БРОКУЛА – најздравата намирница на светот

Замислете зеленчук кој дава се што е неопходно за нашиот организам:  здравје, подмладување и детоксификација на организмот. Со помош на кој зеленчук ке можете да ја спречите алергијата, настинката, артритис, канцерот и болести на очите. Намирница која дава неопходна енергија и виталност на организмот, а која  помага и кај слабеењето. Да…! Таков зеленчук постои и е синхронизиран во Брокулата. Брокулата е волшебен зеленчук, а нејзините добри својства за здрајвето се безбројни. Треба да ја употребувате и јадете во секојдневната ваша исхрана.

Причини зошто да јадете брокула:

– Брокулата штити од канцер  – во брокулата се пронајдени дури три активни состојки кои штитат од канцер: 3,3 динолиметан(ДИМ), гликорафанин и индол 3-карбинол. Овие состојки го блокираат растот на клетките на канцер и спречуваат рак на црева, желудник, гради, матка и простата.

– Го регулира крвниот притисок –  благодарение на високата содржина на калиум и магнезиум, брокулата помага за одржување на крвниот притисок во нормални граници.

– Го јакнее имунитетот – брокулата содржи висока количина на витамин Ц и бета каротен, а со тоа го јакнее нашиот имунитет и штити од грип и настинки.

– Добра е за трудници – содржи голема количина на фолна киселина, која е многу важна за пренаталниот развој на бебето. Освен тоа фолната киселина е многу важна за обновување на клетките и игра важна улога во превенцијата на канцерот.

– Штити од артритис – брокулата содржи во себе сулфорафан, кој ја штити рскавицата во организмот и содржи флавоноид каемферол кој има анти-воспалителни својства. Благодарение на тоа брокулата помага во спречувањето на ревматските болести.

– Го регулира варењето на храната – таа е богата со растителни влакна кои ја помагаат работата на цревата и учествуваат во варењето на храната, спречување на опстипација и го регулираат  нивото на шеќер во крвта.

– Брокулата е добра за очите – бидејки содржи голема количина на лутеин, витамин Ц, бета каротен и зеаксантин кои ги спречуваат болестите на очите.

– Го намалува холестеролот – лутеин, диеталните влакна, Б витамините и фолната киселина кои ги содржи брокулата се важни за одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта. Поради ова брокулата е одлична намирница за спречување на артеросклероза.

– Брокулата штити од болести на срцето – витаминот Б6, фоланата киселина и карореноид лутеин кои ги содржи брокулата го подобруваат здравјето на артериите и спречуваат болести на срцето и мозочен удар.

– Помага во слабеењето – таа е идеална намирница за слабеење бидејки содржи малку калории, но е полна со нутритиенти. Поради големиот удел на влакна и вода брокулата дава чувство на ситост. Богата е со протеини, кои се важни за изградба на мускули и согорување на масните наслаги. Една чаша брокула содржи три пати повеќе протеини отколку чаша ориз, но пет пати помалку калории.

– Спречува алергии – брокулата содржи големи количини на фолна киселина и флавоноид каемферол кои имаат против алергиство дејство. Истражувањата покажале дека фолната киселина го регулира имунолошкиот одговор на организмот, бидејки како што знаеме алергиите се имунолошки одговор на организмот за одбрана од безопасните работи од нашата околина. поради тоа брокулата е позната и како храна која спречувва астма и алергија.

– Брокулата е добра за коските – бидејки е добар извор на калциум и витамин К кои се многу важни за здравјето на коските и превенција на остеопороза.

– Го чисти организмот – брокулата содржи гликорафанин, гликонастуртаин и гликобрасицин. Овие три состојки кои се природно присутни во брокулата, помага кај елиминација на токсините од организмот.

Начин за најубаво да се спреми брокулата…најмногу витамини содржи сировата и свежа брокула и брокулата готвена на пареа. И со динстање на брокулата се задржуваат погоелм дел од нутритиентите. Меѓутоа не е препорачливо брокулата да се вари во вода, бидејки така ги губи повеќето од своите вредни состојки. Колку подолго време ја варите брокулата, толку ќе се намалат витамините во неа. Затоа подобро е да ја конзумирате свежа за да уживате во бројните поволности на брокулата. Јадете една чинија од овој зеленчук дневно, а може и повеќе. Бидете здрави!

Силвана Јованчева