Search for content, post, videos

Цепелин – „патувачкиот воздушен брод“

Ерата на човековите летови во воздух започна со балоните на браќата Монголфје во 1783 година. Кога се покажало дека балоните се полесни од воздухот препуштени на немилост на веторвите, истражувачите се обиделе да направат „воздушни бродови„ со мотор и елиси кои слободно ќе „пловат“ по небесната шир.

Прв во ова успеа французинот Анри Жифар во 1852 година. Тој на балон висок 44 метри и наполнет со водороден гас закачил корпа со парна машина која ја стартува и покренува големата елиса-пропелер и на тој начин го движи балонот. Со тој балон полетал од парискиот хиподром и со брзина на движење од 10 км на час успеал да помине растојание од 30 км. Потоа германецот Немац П. Хенлајн прв во 1872 година го искористил моторот со внатрешно согорување како погонско средство на таканаречениот балон, а нешто подоцна во 1883 година французинот Гастон Тисандје како погонско средство го користи електричниот мотор. Но, историски гледано летот со Цепелин го остварува Граф фон Цепелин, кој на 2 јули 1900 година од подвижен хангар на езерото Констанца успеал да полета со цепелин во облик на цигара, долг 128 метри и со пречник од 11,6 метри. Балонот- целепин  носел две гондоли со по еден мотор на нив од 16 коњски сили и две елиси-пропелери.

Првиот обид на Цепелин не бил многу успешен, но упорниот пронаоѓач дал се од себе во изградбата на поголем број на „воздушни бродови„, со цврста конструкција, која во негова чест го добиле името Цепелин. Првиот од овие летачки балони наречен ЛЗ-1 полетал три години пред авионот на браќата Рајт и веднаш го привлекол вниманието на германската војска. Војската веднаш нарачала од Цепелин голем број на валки летала кои масовно се користеле во Првата Светска војна. Со помош на Цепелините бомбардирани се градовите Парис и Лондон.

И западните сили почнуваат со конструирање на ваков вид на летала кои ги употребуваат за откривање на непријателските подморници и за следење на своите бродови. По завршувањето на војната во многу земји почнуваат да се изработуваат се поголеми и подобри цепелини. Британскиот  целепин Р-34 го прави првиот повратен лет преку Атлантскиот океан во 1919 година, а Амундсен, Елсворт и Нобил во 1926 година со помош на цепелини го истражуваат Северниот пол. Така започнува широката употреба на цепелините во тој период кои во секој момент се надоградуваат во подобри и подобри.

Во Германија следбеникот на Цепелин,  Х. Екенер конструира и изработува голем цепелин на кого му го дава името “Граф Цепелин“ во чест на неговиот пронаоѓач и прв конструктор. Овој голем “патнички воздушен брод“ до своето повлекување од употреба, остварува 590 летови, вклучувајки и 144 прелети преку Океанот. Вкупно ова летало поминало 1.600.000 км. Овој цепелин го поминал патот околу светот во должина од 34.600 км за 21 ден. Германија во 1936 година ја воведува прекуокеанската линија со џиновскиот цепелин “Хинденбург“ кој бил со капацитет од 1.002 патника и патувањето било вистинско доживување и авантура. Една година подоцна овој цепелин доживува катастрофа  кога при приземјувањето кај Лејкхерста во САД на 6 мај 1937 година, се запалува во воздух и паѓа на земја потполно уништен. Триесет и шест патника го изгубиле животот, а голем број од патниците биле тешко повредени. Оваа несреќа, високите материјални трошоци и чувствителноста на цепелинот во однос на јаките ветрови довела до нивно приземјување, за потоа да во Втората Светска војна сојузниците целосно ја разоруват и уништат фабриката за цепелини во Германија. Така неславно завршува улогата на цепелините како патнички воздушни бродови.

Но, со тоа не дојде крајот на цепелините. Денес се размислува можноста за подигнување на цепелинот во стратосферата. Тие би ги замениле сателитите кои се користат за мобилната телефонија и интернет. На висина од 40.000 метри би користеле соларни ќелии за претворање на сончевата светлина во електрична. Со помош на електричната енергија би се покренувале елисите на цепелинот и така они би се држеле во саканата положба. Значи цепелините повторно се враќаат во својата убава улога.

Силвана Јованчева