Search for content, post, videos

Чоколадни колачиња со житарки

Потребно:
175 гр мешани житарки (снегулки од јачмен, ‘рж, зоб и пченка)
125гр кафеав шеќер
100гр темно чоколадо
50гр брашно
50гр путер
1 јајце
2 лажици млеко
2 лажици прашок за пециво

Подготовка: Изматете го претходно омекнатиот путер со шеќерот додека не стане пенест. Во меѓувреме изматете го јајцето со млекото, па постепено додавајте го на смесата со путерот и продолжете да матите додека смесата не се соедини убаво. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, снегулките и чоколадото претходно исечкано или изрендано. Додајте на смесата со јајцата и путерот. Мешајте да добиете еднаква но леплива смеса. Обложете ја тавата за печење со хартија за печење. Вадете од смесата со лажица и ставајте врз хартијата (обликувајте топчиња кои внимателно ќе ги сплескате). Меѓу колачињата оставајте по неколку сантиметри за да не се залепат. Печете ги колачињата во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10 минути. Оставете ги да остинат во тавата, па потоа извадете ги.