Search for content, post, videos

Чоколадни мафини со лешници

Потребно (за 12 парчиња):
2 јајца
100гр маргарин
100гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
100гр црно чоколадо
150мл млеко
150гр брашно
100гр мелени лешници
1 и пол кесичка прашок за пециво
Малку сол

За декорација
50гр темно чоколадо
50гр сечкани лешници

Подготовка:
Изматете ги јајцата со маргаринот, шеќерот, ванилиниот шеќер, солта, 100гр рендано чоколадо и млекото за да добиете пенеста маса. Додајте ги брашното, прашокот за пециво и 100гр мелени лешници. Во калапот за печење ставете хартиени корпички и 2/3 наполнете ги со смесата. Печете околу 20 минути на 200 степени. Испечените мафини извадете ги од калапот, премачкајте ги со 50гр растопоно чоколадо, па посипете ги со сечканите лешници.