Search for content, post, videos

Црната дамка на убавината – ПОДОЧНИЦИ

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА ПОДОЧНИЦИТЕ СЕ ЕДНА ОД НАЈЧЕСТИТЕ НЕСАКАНИ
ПОЈАВИ НА КОЈА СЕ ЖАЛАТ ЖЕНИТЕ, НО И МАЖИТЕ ? СПОРЕД
ИСТРАЖУВАЊАТА 9 ОД 10 ЛУЃЕ ИМААТ ТЕМНИ КРУГОВИ ПОД ОЧИТЕ, БАРЕМ
ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ.
ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВААТ ПОДОЧНИЦИТЕ?
Во некои случаи појавата на подочниците е наследна. Многу луѓе кои страдаат од алергии имаат темни кругови под очите. Но постојат и други виновници за појава на подочниците – против кои можете нешто да преземете. Еден од причинителите е на пример неправилната исхрана. Исто така и доцното легнување навечер, како и часовите минати пред мониторот.

ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА ПОДОЧНИЦИТЕ И
КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД НИВ…
1 Ако подочниците ви се појавиле одненадеж, тоа може да биде симптом за алергиска реакција или инфекција на бубрезите. Ако чувствувате и некои други симптоми како што се покачена телесна температура, осип, отежнато дишење, веднаш јавете му се на вашиот лекар. Ако станува збор за алергија, ќе треба да проверите на која храна сте алергична и веднаш да ја исфрлите од менито. Но алергија можат да ви предизвикаат и низа козметички препарати, на пример маскара или крем за лице.
2 Ако очите ви се редовно подуени, проверете дали тоа има некаква врска со менструалниот циклус. Ако подуеноста ви се јавува неколку дена пред почетокот на циклусот, тогаш станува збор за еден од симптомите на ПМС. Во тие случаи настојувајте да користите природни диуретици како што е зелениот чај, а од менито исфрлете ја солената храна и повеќето јагленохидрати. Тоа
значително ќе ја намали хормонски поттикнатата подуеност под очите која ја предизвикува предменструалната насобрана течност.
3 Пигментација по породувањето или нуспојави од некои лекови – оваа хиперпигментација околу очите може да изгледа исто како да имате подочници. Кога станува збор за проблеми поврзани со хормонската нерамнотежа, тоа ќе треба да го лекувате.
4 Подочниците се наследни, што особено се забележува кога жената се доближува до 40-тата
година од животот. Погледнете ја мајка ви или баба ви и забележете дали тие имаат подочници. Ако имаат, веројатно и вие сте ги наследиле и нема да можете ништо да преземете против тоа. Освен да ги прикривате со помош на коректор.
5 Често подуените очи искомбинирани со мала телесна тежина укажуваат дека на вашето тело му недостасуваат протеини, есенцијални маснотии, витамин Б и фолна киселина. Променете го начинот на исхрана и во менито вклучете повеќе месо, риба и млечни производи. Витаминот
Б12 го има само во месните производи, а витаминот Б6 во млекото, месото и рибата.
6 Подочниците и подуеноста често се предизвикани и од несоница, стрес, долготрајна работа пред мониторот, предолго гледање телевизија или умор. Во овој случај најмногу ќе ви помогне добар сон и многу одмор. Долгорочно сменете го стилот на својот живот: повеќе одморајте и научете ги техниките на опуштање и медитација.
Во лекувањето на подочниците значително може да ви помогне и масажата, така што ќе ја потпомогнете циркулацијата во тој дел на лицето. Што се однесува, пак, до кремите кои ви ветуваат експресно исчезнување на подочниците – не им верувајте слепо на рекламите. Кремот
делува, но не секогаш при отстранувањето на темните кругови под очите.
Ефективните креми против подочници всушност делуваат на овој начин:
1. го спречуваат понатамошното губење на влагата од кожата
2. и помагаат на кожата да ја апсорбира влагата од воздухот
3. ги компензираат природните маснотии кои £ недостасуваат на кожата
4. ја стимулираат циркулацијата

СОКРИЈТЕ ГИ ПОДОЧНИЦИТЕ СО ШМИНКА
Престанете да ги трупате козметичките производи со кои можете да ги сокриете подочниците. Всушност, претерување со препаратите може и да ја влоши состојбата.
Наместо тоа, нанесете добар коректор, и тоа не пред, туку по нанесувањето на подлогата на лицето. Откако ќе ја нанесете подлогата и ќе го изедначите тенот, точно ќе знаете каде да го нанесете коректорот. Коректорот нанесувајте го со помош на фино сунѓерче, така ќе заштедите во нанесувањето, а воедно и ќе добиете што порамномерен изглед.
Користете влажен, исклучиво сјаен или полумат коректор во нијанса слична на вашиот тен на кожата. Ако ставите посветла нијанса, ќе биде забележлив на вашето лице, а ако е потемен, само ќе ја влоши сликата со подочниците. За да да добиете што пореална слика по нанесувањето на коректорот, наведнете ја главата сосема нанапред и погледнете се во огледалото. Така веднаш ќе ги забележите подочниците. Тогаш и најдобро ќе можете да ги покриете со помош на подлогата и коректорот. Кога ќе се исправите, треба да имате одраз во огледалото без подочници.
Совет плус: не можете да го најдете вистинскиот коректор? Без грижа. Направете го она што многу визажисти го прават – искористете ја засушената течна пудра која ви се насобира околу капачето на шишенцето. Таа е погуста од обичната пудра и може да ја одигра улогата на коректор. Никако под очите не нанесувајте коректор со антибактериски својства, бидејќи дополнително може да ја исуши и надразни чувствителната кожа околу очите.

ОСВЕЖЕТЕ ГИ ОЧИТЕ НА ПРИРОДЕН НАЧИН
1 Најдобар начин да ги освежите очите е со помош на тркалца краставица кои претходно убаво ќе ги изладите во фрижидер, а потоа ќе ги ставите врз очите како маска. Модрите трагови под очите можете да ги избелите со помош на благата киселина која ја има во сокот на свежата краставица и доматите. Изрендајте една краставица заедно со кората, а потоа убаво исцедете. Земете чисто памукче натопете го во сокот и ставете врз очите. На ист начин користете го и сокот од домати.
2 Пецкањето и црвенилото на очите можете да го ублажите со помош на чај од камилица: сварете го чајот, изладете го, а потоа натопете памукче или парче газа во него и ставете ги облогите врз капаците. Легнете и држете ги облогите 20 минути. Некои практикуваат како облоги да ги користат самите кесички од чајот, но тоа и не е толку препорачливо, бидејќи иситнетите цветчиња во кесичката чај може случајно да паднат во очите и да предизвикаат дополнителна иритација.
3 Добар рецепт за отстранување на подочниците и уморот од очите е следниов: 1 мала лажичка мед измешајте со 1 мала лажичка јогурт. Нанесете околу очите, оставете да отстои 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.