Search for content, post, videos

Цвеклото –  извор на здравје

Се приближува времето на најразличните зеленчуци кои ги има во изобиле кај нас почнувајки од моркови, зелка, ротквици, марула, но незаборавајте го цвеклото како многу корисен зеленчук за здравјето на човекот. Цвеклото е единствен зеленчук по својата висока содржина на анти канцерогени состојки и каротеноиди што ги има во себе. Овој производ исто така е одличен извор на фолна киселина, како е и преполн со антиоксиданти кои го штитат организмот од предвремено стареење и помагаат во борба против многу болести. Бетацијанинот е пигмент кој ја дава убавата црвена боја на цвеклото. Овој пигмент се абсорбира во крвта и ја зголемува нејзината способноста  да го пренесува кислородот и до 400%. Дури и листовите од цвеклото се многу корсини и никако не ги фрлајте. Тие се исто така богати со бета каротен, фолна киселина, хлорофил, калиум, витамин Ц и железо. Од листовите на цвеклото можете да направите зелен кашест сок или да го спремите исто како што го спремате и спанаќот. Преубаво е и многу здраво.

Лековитите својства на цвеклото: Цвеклото е традиционален лек за леукемија. Овој зеленчук ја содржи аминокиселината бетаин, која има антиканцерогени својства. Терапијата со цвекло, која подразбира секојдневно консумирање на сокот од цвекло или сирово цвекло има многу позитивно влијание на лекукемијата, подобрувањето на составот на крвта и на другите видови на канцер. Со редовното земање на цвеклото се сузбиваат болестите кои настануваат од оксидативниот стрес. Влакната кои ги содржи цвеклото го намалуваат нивото на холстерол во крвта и до 40%.

Цвеклото го нормализира и крвниот притисок. Помага во зачувување на еластичноста на артериите, спречува создавање на проширени вени. Содржи многу квалитетно железо кое има битен фактор на здравјето на организмот. Ова железо кое го содржи цвеклото е моќно средство за чистење на органзимот од токсините и токму поради овој факт цвеклото е ефикасно и кај лекувањето на многу болести причинети од токсините. Цвеклото посебно се препорачува на трудниците поради виската содржина на фолна киселина во себе. Фолната киселина спречува развој на многу болести кај новороденчето. Сокот од цвекло ја стимулира работата на панкреасот и жолчката, и е многу добар за правилната работа на цревата. Сокот од цвекло во комбинација со сокот од морков е одличен лек за болестите кај бубрезите и мочниот меур. Сокот од цвекло помага и кај главоболки, кожни и менструални прооблеми.

Терапија со сок од цвекло е ногу лековита. Сокот од цвеклото има моќни лековити својства кога ќе се употебува заедно со морков, целер, ротквица во следниот состав: цвекло 55%, морков 20%, корен од целер 20%, компир 3% и ротквица 2%.  Мора да се напомене доколку одлучите да го конзумирате сокот од цвекло никогаш не започнувајте со големи количини на почеток. Сокот од цвекло е многу јак, така да пијте многу вода со тоа, како би помогнале во процесот на чистење на организмот и постепеното зголемување на внесот на сокот од цвекло.

Како да се конзумира цвеклото? – Цвеклото може да се јаде во сирова или варена состојба. Во текот на варењето за жал се губат некои од неговите вредни состојки, па поради тоа сировото цвекло има најголема  терапевтски својства. Така познато е цвеклото со оцет кое е многу вкусно, како и сецкано цвекло додаено на вашата омилена салата од зелка и морков. Испробајте ги овие вкусни и необични рецепти од цвекло како би внеле разновидност во својата прехрана и го подобрите вашето здравје.

Рецепти од цвекло:

Кисело цвекло – 2 поголеми главици цвекло, 1 свежо чили пиперче, 1 чаша оцет балсамико, ¼ чаша кафеав шекер, 1 свеж лист од ловор, ½ лажичка бибер и сол. Прво убаво измијте го цвеклото, исечете на потенки парчиња и наредете ги во чинијат за салата. Во сад  малку загрејте го балсмикото, чили пиперчето, шекерот, ловорот и биберот и така посипете го цвеклото со топлата содржина и додадете сол по вкус. Оставете да постои 10 мин за да прими цвеклото и слободно јадете.

Пикантно цвекло со лук – овој деликатес может да го мачкате на леб и така да го јадете или да го сервирате со други јадења, едноставно е за подготвување, а никого нема да го остави рамнодушен. Потребно: 2 цвекла, 3-4 чешниња лук, 5 лажички мајонез, сол. Прво се вари цвеклото во вода со малку оцет, за да ја задржи својата боја, додека не омекне. Потоа се остава да се олади и се ренда на ситни парчиња. се ренда и лукот и се меша се заедно, цвеклото, мајонезот, лукот и солта а се додава и бибер по желба. Исто така можете да додадете и рендано сирење и ореви. Многу е вкусно.

Вегетаријанска салата од цвекло – без оваа шарена салата невозможно е да се замилсли свечен ручек во Русија. Подготовката на салатата бара многу време и затоа се прави во исклучителни денови. Состојки – 1 кг. цвекло, 1кг. морков, ½ кг сирење , 1кг. компир, посен мајонез. Целиот зеленчук убаво се мие со лушпа и секој посебно се вари додека не омекне убаво.  Откога ке се сварат се вадат од водата и оставаат убаво да се оладат. Откако ке се оладат убаво се лупат и се рендаат во посебни садови. Земете голем сад и редете ја салатата по следниот редослед: компир, мајонез, морков, мајонез, сирење, мајонез, цвекло мајонез. Последниот слој намачкајте со повеке мајонез за да не се исуши цвеклото и украсете по желба. Не ставајте многу мајонез во внатрешните слоеви за да не дојде многу мрсна салатата.

Борш – руска супа од цвекло – поради своето својство да го затоплува организмот цвеклото е многу застапено во исхраната на луѓето во Русија. Борш е традиционална супа од цвекло која има вкусен слатко-киселкаст вкус.  Оваа супа е многу хранлива, вкусна и здрава. Борш може да се спреми и како зимска супа, но и како освежувачка летна супа (со додавање на доматен сок и свежи зачини) или како зимска супа – топла и хранлива со додавање на кисела павлака во неа.  Состојки – 2 големи цвекла, ¼ зелка ситно сецкана, 5 компири средно големи сецкани на коцки, 3 моркови, 2 домати. 1 голема лажица свежи зачини како копар и магданос, сок од еден лимон, кисела павлака, 1 мала лажичка шекер, 2 лажички сол. Подготовката започнува со цвеклото(едното цвекло) се сецка на ситни коцки и се вари во голем лонец со 3 литри вода се додека убаво не омекне, потоа се додава зелката, компирот и морковот и се вари додека се не омекне. Другото цвекло се ренда и се прелива со 500мл врела вода и се остава да отстои 10мин. Кога се ке се свари во лонецот се додава сокот од лимонот, сол и шекер, доматите и зачините. садот во кој е попареното цвекло се цеди и сокот од цвеклото се додава во лонецот со останатите состојки (останатото цвекло можете да го искористите за салата) и се остава да проврие уште 3 минути и супата е готова. По желба секој може да си додате во својата чинија и кисела павлака. Исто така наместо сок од лимон можете да додадете и две лажички џем од рибизли, кисели јаболки или листови од киселец. Наместо свежа зелка можете да додадете кисела зелка во зима, во овој случај не треба да се става сокот од лимон, а како зачин можете да ставите и корен од магнанос. Уживајте во јадењето.

Силвана Јованчева