Search for content, post, videos

Цветинова награда за мир

Денес, во просториите на Фондацијата “Никола Кљусев“ во Скопје, хуманистот Живко Поповски-Цветин ја додели втората Цветинова награда за мир на проф. Олга Мурџева-Шкариќ.

“За мене оваа награда е повеќе од Нобелова награда. Голема чест. И уште поголема обврска! Бидејќи, јас, големата миротворка, често кога сум легната под сенка, се фаќам себе си како пеам војничка песна! Затоа, потребно е големо внимание да не се посрамоти оваа голема награда и доверба! И, ајде, да се свртиме кон заедничко миротворење и кон ширење на кругот миротворци. Патот до мирот е само преку мирот! – изјави професорката Олга М. Шкариќ