Search for content, post, videos

,,Дајте музика” со спектакуларен концерт на 27 Мај

Задоволство ни е да ви соопштиме дека во организација на Авалон Продукција, проектот ,,Дајте музика”, за прв пат ќе биде претставен во Македонија, со големо, спектакуларно мултимедијално шоу – концерт на отворено во Скопје, на стадионот на АРМ, со почеток од 20 часот.

 Проследено со светска продукција, грандиозна сцена, звук и светло и збогатено со танц, видео, како и специјални гости, катчето исполнето со џагор кое досега беше достапно само на телевизиските екрани, доаѓа на стадионот на АРМ да го приреди најголемиот мултимедијален детски и тинејџерски настан кој некогаш се реализирал на оваа територија. 

Како телевизиска програма во која главни протагонисти се група талентирани актери и пејачи, за брзо време станати идоли на новата генерација, на Авалон Продукција и’ претставува императив и задоволство, ,,филингот” наречен Дајте Музика на нивната публика да им го претстави во живо, затоа што сме сигурни дека после ова, за Дајте Музика ќе се зборува и како за врвен live перформанс исто така како што досега се зборуваше за врвна телевизиска емисија.

Влезниците се пуштени во продажба, на продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија како и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 400 денари

ФАН ПИТ: 600 денари (само 1.000 влезници во продажба)

 Наш совет е – побрзајте!

 На 27 – ми мај, Старо маало се сели на стадионот на АРМ!