Search for content, post, videos

Дали луѓето се раѓаат како оптимисти или песимисти или пак такви стануваат во текот на животот?

За оваа дилема постојат различни теории, но вистината е некаде на средина. Човекот се раѓа со генетска предиспозиција за оптимистичко или песимистичко гледање на животот, но сигурно е дека и воспитувањето и подоцнежните животните случувања ги условуваат нашите животни ставови.
Ако во едно семејство има многу смеење, ако во комуникацијата меѓу членовите на семејството има позитивна енергија и верба во иднината, сигурно е дека членовите на тоа семејство ќе имаат во поголема или помала мера оптимистички став за животот. Меѓутоа, ако семејството е примарно депресивно во кое многу ретко е присутна смеата и хуморот, ако има премногу загриженост и стравови за сите случувања во животот, тогаш поголеми се шансите членовите на тоа семејство да гледаат на животот со многу песимизам.
Лоши случувања има и во животот на оптимистите и во животот на песимистите. Меѓутоа оптимистите умеат да го “искористат денот”. Уште старите Римјани ја познавале поговорката Царпе дием – Зграпчи го денот. Тоа значи да го искористите она што е убаво во тој ден, да бидете благодарна на секој убав момент што ќе го доживеете. Тоа може да го постигнете ако бидете свесна за тоа што го правите сега, во моментот, за да можете да ги препознаеш убавите нешта што ви се случуваат во текот на денот.
Ако ги препознаете убавите моменти и му бидете благодарна на животот што ви ги дарувал, тогаш тие убави доживувања кои сте ги проживеале ќе ви дадат сила и надеж да ги преживеете и тешките моменти кога ќе дојдат.
Меѓутоа, многу луѓе се со мрачна природа и тие поминуваат низ убавите работи во животот како да не ги забележуваат или пак ги сметаат за нешто сосема обично и нормално, но затоа, пак, често се навраќаат на лошите случувања во својот живот.