Search for content, post, videos

Дарот од боговите… Круша

Во својата “Одисеја” Хомер ја нарекува крушата “дар од боговите”. Во времето пак на францускиот крал Луј XIV, крушите биле симбол на луксузот. Но без оглед како и да е наречена, крушата несомнено е едно од омилените овошја во светот.
Според потеклото се класифицираат на азиски и европски круши. Азиските сорти имаат крцкава текстура и се доста цврсти, не се менуваат многу по бербата и складирањето, поради што се совршени за јадење во секој момент. За разлика од нив, европските сорти стануваат меки и сочни.
Крушата има специфична форма која наликува на ѕвоно, долга е до 15 сантиметри и тежи околу 200 грама. Свежото овошје е цврсто, со вкус кој потсетува на јаболко. Надворшено, крушата има многу тенка лушпа и во зависност од сортата може да има зелена, црвено-портокалова или жолто-портокалова боја. Внатрешно, крушата содржи пулпа, која е крцкава и сочна.
Интересни факти за крушите
– Првите круши се плод на почвата од Азија и Европа.
– Ви Кина крушата се смета за симбол на бесмртноста. Уништувањето на дрвото на крушата во Кина симболизира трагична, предвремена смрт.
– Пред да дојде тутунот во Европа, европејците пушеле ливчиња од круша.
– Во 1700 година, крушата била позната и како “овошје од путер” поради нејзината мека и мазна кора, која потсетувала на путер.
– Во Стара Грција крушите биле користени како лек против повраќање.
– Крушите честопати им се препорачуваат на бебињата кога се одвикнуваат од мајчиното млеко, особено затоа што не содржат киселина и не го оптоваруваат дигестивниот систем.
– Денес во светот се одгледуваат повеќе од 3000 видови круши.

Круште се природен и брз извор на енергија. Тие содржат значителни количини моносахариди: фруктоза и гликоза, како и левулоза – најсладок природен шеќер. Крушата содржи и витамини од групата Б, кои му помагаат на организмот полесно да се справи со стресот. Тие го хранат нервниот систем и учествуваат во процесот на добивање енергија од јагленохидратите.
Во 100гр круши има 0,3 гр протеини, 0,4 гр масти, 9,5 гр јагленохидрати, 2,8 гр растителни влакна и 5 мг витамин Ц. Крушите содржат големи количини калциум и железо, па затоа им се пропорачуваат, како задолжително овошје, на жените над 40 години, како превенција од остеопороза. Крушите се, исто така, добар извор на витамин Ц, бакар, калиум и на растителни влакна.
Витамин Ц и бакар – крушата е одличен извор на витамин Ц и на бакар, нутритиенти кои имаат јако антиоксидативно дејство и ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот. Затоа, крушите се и природни заштитници против многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести. Витаминот Ц, сам по себе, е можен антиоксиданс, а бакарот е неопходна компонента на супероксид-дисмутаза (СОД), еден од најсилните органски антиоксидансни ензими.
Растителни влакна – свежата круша е богат извор на растителни влакна, особено на пектин. Круша со маса од 166 гр осигурува 6 гр растителни влакна, од кои околу 40% е пектин. Растителните влакна се битен елемент на здравата исхрана и помагаат во одржувањето на нивото на шеќерот и холестеролот во крвта, а овозможуваат и нормална функција на цревата и нивно редовно празнење. Исхраната богата со растителни влакна помага во превенција на ракот на дебелото црево, и во намалување на нивото на холестеролот во серумот. Токму поради големата содржина растителни влакна, крушите се важен дел од секојдневната исхрана.
Калиум – свежите круши изобилуваат и со калиум. Една круша со средна големина содржи 210 мг калиум. Калиумот учествува во регулацијата на срцевиот ритам, во мускулната контракција, во преносот на нервните импулси и во метаболизмот на белковините и јагленохидратите. Ја регулира работата на крвниот систем и учествува во изградбата на коските и забите. Со оглед на тоа што калиумот лесно се излачува од организмот, преку дишењето и потењето, многу е важно овој минерал постојано да се надокнадува.
Крушите – хипоалергено овошје – Крушите се сметаат за хипоалергено овошје, кое многу помалку предизвикува алергии во однос на другите видови овошје. Тоа е всушност и причина поради која крушите се меѓу првите овошја кои се вклучуваат во исхраната на доенчињата.

Силвана Јованчева