Search for content, post, videos

Дишете правилно

Кога луѓето ќе ја слушнат фразата “дишете низ нос„ се потсмевнуваат, зашто сметаат дека е сосема нормално да се дише на нос, иако не е мал бројот ни на оние што константно дишат на уста. Кога се вели “дишење низ нос„ не се мисли на кратко вдишување и издишување, туку на потполно длабоко дишење – со полни бели дробови.
Начинот на живот со долготрајно седење на работното место го натерал човекот да заборави како да го држи своето тело, како да седи, да стои, да се движи, да се храни, дури и да дише. Како последица на неправилното дишење се појавуваат разни воспалителни процеси во градниот кош, тесни раменици, астма, пореметување на крвотокот, дијабетес, артериосклероза, опстипација, цревни заболувања, па и канцерогени болести. Луѓето кои работат канцелариска работа, обично вдишуваат околу 15 пати во текот на една минута и при секое вдишување и издишување во белите дробови се врши размена на материи од само 0.5 литар воздух. При подлабоко вдишување се врши размена на 1.5 литар. За правилно користење на нашите бели дробови и за одржување на нашето здравје потребно е да се врши размена на 3-4 литри кислород. Болестите најлесно може да се надминат ако на организмот му пружиме поголема и свежа количина на кислород по пат на потполно и длабоко дишење. Луѓето кои дишат на нос, а имаат срцеви заболувања, често пати добиваат силна кивавица. Длабокото дишење, но и задржувањето на воздухот неколку секунди во белите дробови пружа најдобра заштита против инфективните болести на дишните патишта.
Освен тоа потполното дишење ќе не снабди со потребната енергија која постојано треба да ја има во нас и да циркулира низ нашиот организам. Со тоа ќе зајакне нашето здравје и нашиот организам ќе стане поотпорен на болести, ќе се зголеми работата на жлездите, нашето срце ќе зајакне, а крвта сега прочистена и богата со кислород која срцето ќе ја испумпа, ќе ги исчисти од отрови крвните садови, органите и мозокот.
Влегувањето на воздухот во дишните органи се одвива преку носната шуплина која природата ја опремила со сите одбрамбени механизми, така што целата нечистотија, отровните гасови, многу студениот воздух кога се движиме надвор во зима, не можат да влезат директно во нашиот организам. Квалитетот на вдишаниот воздух низ нос и низ уста не е ист. Кога се наоѓаме на планина или покрај езеро или море, каде воздухот е полн со озон, при вдишувањето со уста неможеме да го почуствуваме оној карактеристичен мирис на озон.
Потполното дишење се одвива низ три етапи:
1. Долно-абдоминално дишење
2. Средно дишење
3. Горно-потполно дишење
Околу 90% од жените дишат со горниот дел на белите дробови односно дишат плитко каде се придвижуваат само ребрата, клучните коски и рамењата. Тој дел е многу краток, па при такво дишење се внесува помала количина енергија што дава најслаби резултати. Поради ваквото кратко (плитко) дишење често жените, па и дел од мажите, заболуваат од чести настинки, заболуваат гласните жици и тироидната жлезда. Плиткото дишење се одвива и кај оние мажи кои работата ја извршуваат седејќи, наведнати над тастатурите на компутерите. Стомачното или абдоминалното дишење се нарекува длабоко дишење. Ваквото дишење е карактеристично кога се лежи или одмара. Овој начин на вдишување кога е подолготраен ја подобрува состојбата на оние кои многу седат. Така се отстранува пореметувањето на работата на органите за варење, стомачните болести, хроничниот запек, хемороидите, гинеколошките заболувања. Најдобар начин на дишење е кога тоа се одвива низ сите три етапи, при што на тој начин се тераат сите органи на интензивна работа, секоја ќелија се исполнува со кислород што е многу важно за правилно функционирање, а целото тело се полни со животна храна.
Вежба:
– се испакнува стомакот(при тоа се ставаат дланките на стомакот)
– ги шириме долните ребра и средниот дел на градниот кош
– потполно ширење и истурање на грданиот кош, впивање на воздухот до клучните коски, а при тоа се вовлекува стомакот. Ова дишење треба да трае една минута за почетници, потоа постепено секој ден да се зголемува дишењето. Овој вид потполно дишење ќе го направи човекот отпорен на белодробни заболувања, срцеви болести. При ваквото вдишување белите дробови се полнат со поголемо количество на кислород, се воспоставува посилна и побрза циркулација во организмот, телот се буди, оживува и станува посилно. Квалитетот на крвта во организмот најмногу зависи од количината на кислород што се содржи во неа. Слабиот квалитет на крвта влијае на работата на сите органи, најмногу на органите за варење, нервниот систем, мозокот, коскената срж, нервните центри, бубрезите, црниот дрон, срцето. При длабокото дишење дијафрагмата врши притисок врз црниот дроб, стомакот, панкреасот, жолчната кеса односно врши одредена масажа врз овие органи со што се подобрува нивната функција, а со самото дишење се прочистува крвта и се забрзува метаболизмот. Оваа благотворна масажа се намалува ако дишиме плитко, само со горниот дел.
Некои ќе се запрашаат зошто е толку битно да се вршат физички вежби. Физичката активност го
поттикнува длабокото потполно дишење при што белите дробови работат со полн капацитет, крвта се збогатува со кислород и се стекнува голема количина на енергија. Самиот чин на вдишување претставува размена на позитивната и негативната состојба во организмот. Кога вдишуваме го внесуваме животоотворниот елемент и тогаш се наоѓаме во една негативна состојба, додека издишуваме стануваме позитивни, тогаш даваме односно зрачиме. При вдишувањето и издишувањето задржувањето на воздухот на само неколку секунди својата свест ја насочуваме кон средиштето на своето ЈАС и при тоа ги соединуваме двете сили во една, поради што организмот влегува во состојба на психичка рамнотежа. Оние луѓе кои го практикуваат ваквото фиксирање на сосотојбата на рамнотежа (задржување на здивот) во потполност ќе го одржат организмот без болести до длабока старост.
Силвана Јованчева.