Search for content, post, videos

Добра, подобра, најдобра…

Пријателството е еден свет во кој секој од нас живее. Без пријатели не можеме, а и не постои човек кој ги нема. дали еден или повеќе, тие се составен дел од нашиот живот, во добро и во зло, потполно исто како кога си ја даваме заклетвата со брачниот партнер.

За да имате пријатели треба да знаете и да бидете пријателка. Несебично да давате, без да очекувате да примите. Да сакате да пружате, затоа што тоа ќе ви го исполни срцето со задоволство, да знаете да слушате, затоа што и вас некој ќе сака да ве ислуша…
Дали некогаш размислувате за себе и својот свет на пријатели? Колку сте блиски со вашите пријатели? Колку можете да се потпрете врз нив? Дали сте помислиле за тоа колку вашите пријателки ве чувствуваат блиска вас и колку си дозволуваат да се потпрат и да ве побараат кога сакаат да го поделат својот радосен или тежок момент?
Можеби ви делува се онака едноствано и можеби ќе си речете, па пријателство е, нема што да се грижите за него, тоа си доаѓа само по себе. Но дали е така? И пријателството како и секоја друга релација која ја воспоставувате во животот (семејна, родителска, колегијална, деловна…) си бара посебно внимание и нега.

И во пријателството постојат некои “правила на игра” кои бараат да се испочитуваат за тоа  навистина да трае. И на крајот, во пријателството постојат некои интересни детали кои можеби не ви паѓаат во очи како битни, но сепак се интересни да им обрнете внимание… Пет пријателки кои секоја жена треба да ги има. А ги имате ли вие?

ПОПРАВАЧКА НА РАСПОЛОЖЕНИЕТО
Омилен збор на оваа жена е – да. Можете да и кажете дека сте одлучиле да ја напуштите добро платената работа, со што значително ќе ви се намали буџетот, а таа ќе ви одговори со “Само напред, јас мислам дека нема да згрешиш“. Зарем не чувствувате дека ви е потребен некој покрај вас кој секогаш ќе го забележи она најдоброто во вас и тоа ќе го сака? Повикајте ја секојпат кога ќе почувствувате дека колениците ви затреперуваат пред некоја голема авантура или гласот ви трепери поради непријатниот прекин со партнерот. Таа е тука да ве потсети дека планетата станала подобро место за живеење откако вие сте се родиле….
ДРУШТВО ЗА ПАТУВАЊЕ
Кога ќе излезе дека хотелот на море што сте го одбрале бил лош избор, а патувањето во Италија пропаднало, една особина на личноста станува најважна во тие моменти – флексибилноста. Во такви ситуации пријатен сопатник мора да биде пријателката која умее да молчи, а во исто време да е и темпераментна доволно за да можете да го свртите случувањето во своја корист.
ВИСТИНОГОВОРНИЧКА
Тоа е онаа личност која умее да го оддели конструктивното од навредливото. Кога ќе сфатите дека и непријатните работи се соопштуваат со љубов, ќе бидете доволно мудра во таквите ситуации секогаш да побарате нејзино мислење. Драгата пријателка може да ви ги отвори очите и да ви каже дека вашиот нов избраник и не е баш ваш тип, бидејќи вие сте отворена и комуникативна, додека тој е затворен во неговиот свет и не сака да се помрдне од него.
ЗАБАВУВАЧКА
Таа е идеално друштво за вас кога попладне ќе ве нападнат бубачките и не знаете што да правите со себе или кога ќе се разбудите со никакво чувство и желба да го поминете целиот ден во пижами. Ако во 22 часот и титнете на телефон затоа што вас тогаш ви се оди на прошетка или на брзинска пијачка во кафулето во соседството, таа нема да ви префрла ниту да негодува ниту да ве одбие, туку за 15 минути ќе стои кај вас пред вратата подготвена да тргнете. Со неа ќе можете да се смеете колку што сакате и поголемиот дел од животот да си го претворите во добра забава.
НЕВЕРОЈАТНА ПРИЈАТЕЛКА
Откако случајно седнавте една до друга на првото предавање на факултет, сфативте колку е убаво кога пријателството и понатаму се шири, кога запознавате сродни души сосема случајно, а не се врзани со вашето детство, населбата во која растевте или училиштето. Секоја пријателка претставува еден свет кој постои во нас, свет кој не се ни родил додека таа не се појавила.