Search for content, post, videos

Добро е да се знае

Со храна против ПМС – Исхраната која изобилува со продукти богати со железо и цинк може да ги ублажи симптомите на предменструалниот синдром. Во текот на 10-годишното истражување кое го спровеле научниците од Универзитетот во Масачусетс забележано е дека испитаничките кои внесувале повеќе цинк и железо имале помали шанси да ги чувствуваат последиците на ПМСот. Извори на цинк и железо се месото и разни видови овошје и зеленчук. Истражувачите веруваат дека железото и цинкот можат да ја редуцираат болката и емоционалните симптоми поврзани со ПМСот поради своето влијание на зголемената присутност на серотонинот во мозокот. Се проценува дека од ПМС страдаат 8-15% од жените во репродуктивниот период. Во новото истражување учествувале 3000 испитанички, во кое се покажало и дека зголемениот внес на калиум ги отежнува симптомите на ПМС.

Кусогледоста се влошува во зима – Кинеските научници од Универзитетот Гуангзу ги проучувале податоците собрани во Данска од 200 кусогледи деца на возраст од 8 до 14 години. Должината на денот во Данска се движи од 7 часа дневно во текот на зимата до скоро 18 часа во текот на летото. Истражувачите сметаат дека токму смалената изложеност на сончева светлина е причина за забрзаното влошување на кусогледоста во текот на зимските месеци. Со оглед на ниските температури, во зима децата во Данска поголемиот дел од времето го минуваат во затворени простории. Претходни истражувања веќе ја поврзаа играта на отворено со помалите шанси за кусогледост кај децата.

Добро расположение за подобро помнење – Сознанијата на американските научници сугерираат дека доброто расположение кај постарите луѓе е поврзано со подобрување на помнењето и со способноста за донесување одлуки. Истражувањето спроведено на Државниот универзитет во Охајо ги потврдило претходните истражувања спроведени со млади луѓе кај кои доброто расположение имало позитивно влијание на когнитивните и креативните способности. Новите резултати се темелат на следењето 46 испитаници на возраст од 63 до 85 години. Научниците објаснуваат дека токму квалитетното помнење е неопходно за поправање на способноста за донесување одлуки. Во тестирањата било утвдено и дека доброто расположение не влијаело на способноста за разбирање и користење на вокабуларот.

Опасното седење на работа – Работата која вклучува многу часови поминати во седење го зголемува ризикот за развој на хронични заболувања како што се ракот, дијабетесот, покачениот крвен притисок или болести на срцето. Истражувањето кое го спровеле американските научници опфатило 60000 мажи на возраст од 45 до 65 години кои биле поделени во групи зависно од тоа колку часа минуваат во седење додека се на работа. Испитувањето покажало дека оние кои седат најмалку 6 часа на работа дневно имаат многу поголем ризик да заболат од некоја хронична болест. Американските научници тврдат дека е познато дека луЃето кои се физички поактивни имаат подобри прогнози во поглед на хроничните болести во споредба со оние помалку активните. Овие ризици пред с# се однесуваат на канцелариските работници и на професионалните возачи.

Кафе во бременоста – Конзумирањето кафе и други напитоци со кофеин во текот на бременоста е поврзано со ризикот за помала родилна тежина на бебето, вели најновото истражување спроведено во Норвешка. Податоците собрани од околу 60000 бремени жени го поврзуваат и внесот на кофеинот со зголемување на шансите за породување по терминот. Истражувањето го спровеле шведските научници од Универзитетот во Гетеборг. Тие велат дека не ја утврдиле причинско-последичната врска меѓу внесот на кофеин и смалената родилна тежина и траењето на бременоста. Сепак, според собраните податоци, секои дополнителни 100милиграми дневно конзумиран кофеин можело да се поврзе со пропорционалното смалување на родилната маса на бебето и продолжувањето на терминот за породување. Веќе е познато дека кофеинот може да мине низ постелката и дека фетусот не може добро да го метаболизира што всушност и ја објаснува помалата родилна тежина на бебето. Според Светската здравствена организација, за бремените жени не е препорачлив поголем внес на кофеин од 300 милиграми дневно.

Телевизијата влијае на однесувањето на децата – Со внимателен избор на ТВ емисии родителите можат многу позитивно да влијаат на однесувањето на децата, вели едно американско истражување.
Истражувачите од Истражувачкиот институт во Сиетл утврдиле дека однесувањето на децата во најголема мерка се подобрило во ситуациите кога родителите им оневозможиле да гледаат емисии во кои се прикажува насилство, а ги поттикнале да гледаат емисии со образовна содржина. Според зборовите на научниците, ваквите мерки имале позитивно влијание без оглед на вкупното време кое децата го минувале пред телевизорот. Во шестемесечното истражување учествувале 565 испитаника кои имале деца на возраст од 3 до 5 години. Истражувањето покажало дека родителската контрола на гледаните содржини имала поизразено позитивно влијание на однесувањето на девојчињата.

Силвана