Search for content, post, videos

Домашен пилинг против целулит: кафе, сол и кокосово масло

Со овој едноставен рецепт ќе ја подобрите циркулацијата и целосно ќе го отстраните целулитот.

Целулитот е еден од најпопуларните женски „непријатели“, а го има речиси секоја жена на светот. Со доаѓањето на убавото , проблемот со целулитот станува сè поголем. До излегувањето на плажа треба да го направите што поневидлив, па затоа  најдобро битката да ја започнете уште веднаш. Со помош на овој домашен лосион против целулит, вежбање и пиење големи количини вода ќе допринесете за ваш подобар изглед.

За пилингот ви се потребни само 3 состојки – мелено кафе, сол и кокосово масло. Во шолја мелено кафе додајте 6 лажички кокосово масло и 3 лажички сол, па убаво измешајте да добиете компактна смеса. Пред туширањето, истријте ги критичните места на телото со четка со природни влакна со цел да ја поттикнете циркулацијата и да ја подготвите кожата да ги впие состојките од пилингот. Додека се туширате на влажна кожа со кружни движења втријте го пилингот. Колку подолго масирате, резултатот ќе биде подобар. Кофеинот од кафето ќе ја поттикне циркулацијата и значително ќе ја затегне кожата, зрнцата сол ќе направат интензивен пилинг, а кокосовото масло ќе ја нахрани и омекне кожата.