Search for content, post, videos

Домашни третмани и маски против акни

Акните главно се појавуваат на мрсна кожа и тоа најчесто на лицето, вратот, грбот и деколтето. На нивното појавување можат да влијаат низа фактори – несоодветна нега, инфекција, хормонско пореметување во организмот, стрес, исхрана, генетика…
Се појавуваат на местата каде има најмногу лојни жлезди и каде најлесно доаЃа до воспаление. Кога мрсната и млада кожа редовно, стручно и соодветно би се негувала, акните би можеле да се избегнат во најголемиот број случаи. Најважно е стручно да се дренираат порите со митесери и да се користат препарати соодветни за состојбата на кожата. Никогаш не треба да се допира и да се истиснува кожата на лицето со раце бидејќи така состојбата може да се влоши. Хигиената е првиот и неопходен услов за здравјето на анксиозната кожа, а пред с# треба да се негува со антисептичен сапун или соодветни препарати за мрсна и проблематична кожа. Редовното отстранување на митесерите и мртвите клетки од површината на кожата, но исклучиво во козметички салон, во најголемиот број случаи ќе го спречи создавањето акни или барем ќе ги ублажи и ќе ги држи под контрола.
Домашни маски за мрсна и кожа подложна на акни…
За маската да има целосен ефект важно е да ја нанесувате на чиста кожа. Затоа барем еднаш до два пати неделно направете пилинг на лицето со шеќер или трици. Измијте го лицето, влажните раце ставете ги во трици или шеќер и убаво истријте ја кожата да се вцрви, а потоа измијте го лицето и нанесете ја соодветната маска.
* Со парчиња варен или печен лук обложете го лицето, поточно секое воспалено место на лицето. Потоа лукот прекријте го со фолија и оставете на кожата да стои цела ноќ. Обидете се проблемот да го решите со една серија, од 7 до 10 дена, сигурно ќе има успех.
* Испасирајте варен  лук така да добиете паста. Маската нанесете ја на целото лице. Намачкајте ја на претходно исчистено лице додека е уште топла, потоа покријте со фолија и крпа за да ја одржува топлината, и обидете се така да преспиете. Уште следното утро ќе забележите дека воспалението е намалено и црвенилото значително повлечено.
* Сварете еден поголем неизлупен компир и еден поголем неизлупен кромид. Така сварени измиксирајте ги да добиете пире и додајте една лажичка мед. Намачкајте на кожата која ја лекувавте со лук кој го извлече целиот гној. Оваа маска ќе го смири лицето и ќе спречи понатамошна инфекција, но само доколку ја користите подолго време, секој втор ден, додека кожата целосно не оздрави, а потоа посете го козметичарот кој треба целосно да ја исчисти кожата и така да спречи нови воспаленија.
* Во малку пресно млеко и шеќер растворете две пакувања квасец. Кога ќе отстои додајте лажичка мед и лажичка цимет. Сe убаво измешајте, а потоа смесата нанесете ја на кожата. Оставете да отстои половина час, па измијте го лицето со млака, а потоа со студена вода.