Search for content, post, videos

Домашни трикови за испукани врвови

  • Домашните третмани за третирање на испуканите врвови на косата можат многу да ви помогнат, а се особено добро затоа што нема да ве чинат речиси ништо. Дури, ваквите третмани честопати содржат состојки кои се значително поделотворни од скапоцените козметички препарати, а воопшто не се скапи. Ваквите домашни производи се паметни решенија, не само затоа што ќе ви заштедат некоја паричка туку и затоа што за целиот процес ќе бидете одговорна само вие.

Шампон од јајца – овој третман се смета за еден од најдобрите во доменот на негата на косата. Се што ви треба се 30 грама рузмарин, по можност свеж, малку топла вода и едно јајце. Рузмаринот потопете го во жешка вода и оставете го 20 минути, а потоа оставете се да остине. Кога ќе биде сосема изладена, во неа измешајте едно јајце па смесата убаво втријте ја во косата и темето, а потоа убаво исплакнете.

Маска за коса од папаја –  за оваа маска ќе ви треба една зрела папаја. Искористете ја само едната половина. Ако имате долга и густа коса, тогаш ќе ви треба поголем плод. Исчистете ја папајата од лушпата и семките, па изгмечете ја додека смесата не стане како пудинг. Потоа во смесата додајте половина шолја јогурт и се заедно измешајте. Таквата мешавина втријте ја во косата и оставете да отстои половина час, а потоа внимателно измијте.

Длабинска регенерација со рицинусово масло – измешајте во еднаков размер рицинусово масло, масло од сенф и маслиново масло. Внимавајте на количината која ќе зависи од должината и густината на вашата коса. Мешавината нанесете ја на косата, а потоа завиткајте ја со крпа и оставете половина час да се впијат сите состојки. Откако ќе ја исплакнете косата, измијте ја со нормален шампон.

Кремаст тоник – овој третман практикувајте го откако на косата ќе нанесете шампон. Измешајте една лажица густо изматен шлаг со половина шолјичка млеко. Се убаво измешајте, па втријте во косата, особено на врвовите на косата. Смесата оставете ја на косата да делува 15 минути, а потоа убаво исплакнете.

Трик со медот – верувале или не, медот е вистински борец во битката со испуканите врвови, особено кога ќе се измеша со сурутка. Потребно ви е половина чаша сурутка и една голема лажица мед. Смесата убаво втријте ја во косата, а притоа најмногу задржете се на врвовите. Оставете да отстои 20тина минути и потоа убаво измијте со вода. Овој третман ќе и даде на косата неверојатен сјај.

Плакнење со пиво – пивото е навистина корисно за вашата коса, а овој третман е навистина многу едноставен. Се што треба да направите е во косата да втриете пиво и да оставите извесно време да се натопи во него и на тој начин да ги впие неопходните состојки кои ќе ја обноват. Потоа косата треба убаво да ја исплакнете. Единствена непријатност од овој третман е малку непријатниот мирис на пивото кој ќе се задржи на косата.