Search for content, post, videos

Домот на здравјето е во секој од нас

Живееме брзо, во постојана трка со времето и неможност да постигнеме се, па неретко едноставно забораваме на самите себе, на се она што ни е потребно за еден здрав живот. За да го издржиме тоа темпо на живот несомнено мораме да одвоиме малку повеќе време и да му се посветиме на здравото живеење.
Постојат многу природни правила кои би морале да ги применуваме доколку сакаме да го сочуваме сопственото здравје. Па така на пример, ако работиме во задушлива и нездрава средина, би требало почесто да се движиме на свеж воздух во природа ида вежбаме. Чистата вода исто така го прочистува телото од отрови, а длабокиот сон ги смирува и одмора внатрешните органи и секако му дава енергија на телото за наредниот ден. Здравата и незагадена храна без конзерванси Ќе ни пружи поквалитетен живот. Исто така пожелно е повеќе време да поминуваме на светло, на сонце, да бидеме опкружени со пријатни и ведри луѓе, да слушаме музика која ќе не смирува.

Биоенергијата како природно исцелување…
Биотерапијата е многу стара терапевтска техника која се појавува со самиот почеток на човечката цивилизација. Се применува поради подобрување и излекување на некои болести и пореметувања. Кај биотерапијата исклучиво се користат рацете кои се поставуваат врз третираното место. Една биотерапија во просек трае околу 10 минути, но и повеќе. Биоенергијата како природно исцелување нема за цел да и го преземе местото на класичната медицина, туку да ја надополни затоа што вистинска комбинација на класична и алтернативна медицина може да биде од голема полза и помош при низа заболувања. Понекогаш одделни дијагнози се невозможни за лекување, но сепак се случуваат чуда. Чудата се должат на позитивните чувства во организмот. Во животот секогаш треба да се верува во успех на една започната терапија, затоа што со тоа терапијата автоматски се засилува и таа дава успешни резултати. Болниот не треба да “залегне” и да жали врз сопствената судбина. Треба да гледа позитивно, да се надева на оздравување и да цели кон тоа повторувајќи во себе “Јас сум здрав”. Само на тој начин болниот во себе ќе го активира својот одбранбен механизам, ќе ја покачи својата енергија, ќе го зајакне имунитетот, а сето тоа ќе овозможи брзо и лесно оздравување

Болестите и биоенергијата…
Болестите и заболувањата кои можат да се третираат со биоенергија се многу, а тоа се: слаба циркулација, проблеми со колковите, ‘рбетот и вратот, дискус хернија, отоци на зглобовите, ревматизам, ревматоиден артритис, мигрена, главоболка, епилепсија, психички пореметувања, аутизам, псоријаза, диоптрија, тумори, цисти, најразлични воспалувања на органите (црниот дроб, желудникот, панкреасот, цревата, белите дробови). За жал, биоенергетичарите се бараат дури тогаш кога класичната медицина не може да помогне. Во тие случаи болните луЃе, во лицата кои работат со биоенергија гледаат спас и се фаќаат за сламка, гледаат на нив како на нов извор на светлина за животот.  Секој човек поседува иста природна енергија – биоенергија. Разликата е во тоа што многу мал број од нив можат свесно да ја контролираат и насочуваат својата сопствена енергија. Биоенергетичарот треба да биде опуштен и смирен додека ги работи третманите. На тој начин енергетски длабоко се поврзува со енергијата на третираното лице.

Силвана Јованчева