Search for content, post, videos

Дознајте што значат кратенките на кремовите за лице

Доколку сакате да купите квалитетен и соодветен крем за лице во парфимерија, тогаш ви е потребен преведувач. Дури и кога ќе решите да дадете многу пари за квалитетен крем, сепак не сте сигурна дали сте погодиле. Затоа ви откриваме што значат ознаките BB, CC, DD и EE на кремовите за лице.

BB

Станува збор за скратеница од beauty balm или blemish balm, што во превод значи „балзам за неправилности“. Овој крем служи да се прикријат малите недостатоци на кожата со акни. Инаку овие кремови првпат се произведени во Германија, како производ што им пружа нега на пациентите после разни третмани со ласер, за да се прикрие црвенилото.

CC

Кремовите „color control“ служат да се прикријат недостатоците на кожата со дамки и претставуваат понапредна и попрефинета верзија на кремот BB. Имаат посилна прикривачка моќ и одлично ги камуфлираат промените на кожата, како што се акните и црвенилото.

DD

Ако кремот ја има оваа ознака тоа значи дека станува збор за најкомплексен производ, бидејќи скратеницата доаѓа од „daily defense“, или „дневна одбрана“. Улогата на овој крем е да го спречи настанокот на нови дамки, но и да ги сокрие веќе постоечките. Исто така помага и да се хидрира кожата и ја заштитува од губење на влагата.

EE крем

Скратеница од „extra exfoliating“ и ако користите ваков крем значи му овозможувате одличен пилинг на лицето. Помага во отстранување на мртвите клетки од кожата и позитивно дејствува на грубата кожа правејќи ја мека и мазна.