Search for content, post, videos

Едукација за вистинска убавина

Академијата ПЕТКОВ КОЗМЕТИК постои од 2013 година и во моментов е една од водечките школи во Македонија кои нудат сертифицирана програма со која може да се стекне сертификат кој е валиден и надвор од нашите граници.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во сопственост на Убавка Петков, која важи за една од најубавите жени ширум Балканот. Надалеку позната по својата убавина и позитивност, од неа секогаш можете да ги слушнете најкорисните и прецизни совети…

Идејата е секогаш најважна кон остварување на целта…

Негувана жена претставува сценарио во кое со експресионистички стил се одсликува модерното живеење и нејзината адаптација кон истакнување и одржување на своите вредности. Изнаоѓање решенија за остварување на своите желби, се само почетна позиција од каде започнува потрагата по лица професионалци во дејноста поврзана со убавина и здравје. За да може да се спречи незадоволството од искористените услуги кој што се нудат во нашите студија за убавина, решивме да отвориме школо во кое професионален тим ќе го пренесе своето знаење до маргините на совршенство.

 

Секогаш блиску до светските трендови…

Нашите обуки за маникир и педикир, шминка и фризура, надградба на трепки, фризер.. опфаќаат техники, методи и светски модули преку кој секој кандидат успева да добие знаење и стручна оспособеност. Ние соработуваме со водечки брендови од индустријата за козметика и преку нив ги пренесуваме најновите иновации и модни трендови. Беспрекорно се трудиме на ја пренесеме светската сцена на нашите простори и да ги задоволиме потребите на нашите клиенти.

 

Едукацијата како најголем чекор до успехот…

Време е да се стави крај на самоуките техничари, кој без пардон постојано се појавуваат и нудат дисбалансирање помеѓу убавото и неубавото. Затоа не дозволувајте вашите клиенти да излезат незадоволни од Вашиот салон, бидејќи само задоволниот клиент е најголемата маркетинг солуција за долгогодишен успех. А ние, Ви нудиме совршено решение за остварување на вашите цели и бизнис. Уписите се секојдневни и нашиот професионален тим е спремен во секое време да го пренесе своето знаење.