Search for content, post, videos

ФОЛКЛОРНА ПРИКАЗНА

Пред нас е уште една успешна, инспиративна приказна, исткаена со љубов од нашата незаменлива Наташа Карчева, сопственичка на македонскиот моден бренд Ал Апарел. Ова е еден од најдобрите мултимедијални проекти Подржани од Министерството за култура и воедно најуникатна и оригинална порака која ја испраќа преку своите модели со впечатливи мотиви.

Уникатноста на македонската народна носија пренесена на современо парче облека, а притоа со зачувана колоритна и впечатлива иникатност, е навистина оригинално дело. Оваа дизајнерска колекција е толку инспиративна и оригинална, што со сигурност може да се каже дека претставува уметност на современото време со древни мотиви.

Сите ние оставаме неибришлив траг во времето во кое живееме. И оставаме своја впечатливост за идните генерации што следат. Така сите ние на специфичен начин ја испишуваме историјата. Овие модни креации се беспрекорен спој на минатото и моментот во кој живееме. И секој детал има своја мисла, порака и своја идеја.

БЕСПРЕКОРНА ИНСПИРАЦИЈА ЗА ОВА УНИКАТНО ДЕЛО…

“Колку помалку културно наследство оставаме за следните генерации толку ќе биде посиромашен идентитетот на овој народ. Богатството и разновидноста на традиционалната македонска култура највпечатливо се изразени во народните носии со сите свои изворно македонски етно белези. Македонскиот фолклор е надалеку познат по својата автентичност и природа.

Македонија е земја со респективна фолклорна традиција, каде секое парче земја е археолошко наоѓалиште, секој камен е историја, фолклор кој е автентичен по својата природа. Ние учиме од минатото, но исто така учиме и од луѓето кои постојат во сегашноста, ние формираме и адаптираме традиција во сегашноста за таа да одговара на моменталните интереси и искуства.

Богатството и разновидноста на фолклорното наследство,а посебно на македонската народна носија со богатството и разновидноста на облеките во разни форми, апликации, украси, својот колорит, и впечатливи орнаменти се мотив и инспирација за оваа дизајнерска колекција, како емотивна и уметничка реакција на сегашноста.

Секој влог во фолклорното наследство е влог во иднината, оставен траг и наследство за наредните генерации. Секоја генерација остава свој траг во историјата со својот начин на живот. Ја раскажува својата приказна на начин својствен во времето во кое живее.

Денес кога живееме во време кога се помалку се посветува внимание на македонското фолклорно наследство мултимедијалниот проект ,,Фолклорна приказна” е идеален начин како преку интернет промоција да се промовира и рекламира фолклорното наследство. 

Со цел афирмација и достоинствена презентација на македонската мода, како неоспорен чинител во културата на еден народ се роди идејата за проектот ,,Фолклорна приказна” каде преку добро смислена приказна се прави спој на минатото и сегашноста како влог во иднината.

Како активни чинители во културата на еден народ, како творци на сегашоста наша должност и аманет е да оставиме колку што е можно повеќе културна оставина за идните генерации затоа што колку е помала оставината, толку е посиромашен идентитетот на овој народ.

,,Фолклорна приказна” е дизајнерскиот крик за будење на свеста и зачувување на она што ни било оставено како наследство и аманет од нашите предци.

Без минато не се гради иднина, без да се твори во сегашноста не се создава историја.”

-Наташа Карчева

Соработници на проектот:
фотографија и видеографија: Александар Велов
модел: Ивана Гелева Ивана Гєлєва
графички дизајнер (Social media content creation): Ангела Карчева
балерина: Леонтина Карчева
шминка: Maги Медичи

видеото може да го погледнете на овој линк:

https://www.youtube.com/watch?v=6E0pkxBXIqU

Надица Пушкоска