Search for content, post, videos

Фруктозата го поттикнува прејадувањето

 

Истражувањето спроведено во САД сугерира дека шеќерот фруктоза доведува до промени во мозокот кои можат да доведат до преголем внес на храна.
Научниците од Универзитетот Јеил со помош на апаратот за магнетна резонанца утврдиле дека по конзумирањето напиток со фруктоза, мозокот не го регистрира чувството на ситост како што е случај со напитоците со гликоза.
Во истражувањето учествувале 20 млади возрасни испитаници со нормална телесна тежина.
Фруктозата најчесто се додава во прехранбените преработки и соковите. Некои претходни истражувања веќе го поврзаа зголеменото користење фруктоза во прехранбената индустрија со зачестената појава на прекумерна тежина кај луѓето.